1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Читална

Дискусија во 'Образование' започната од BBojana, 31 мај 2011.

  1. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    Девојки и момци :) Ме интересира колку учите во читална? Дали воопшто учите таму? Повеќето од моите колешки спремаат таму испити ама сепак мислам дека идат за муабет правење :D Па? Ефективно ли е учењето во читална???
     
  2. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    475
    Дефинитивно е корисно!
    Јас целото мое студирање го поминав учејќи во читална, во читалните во студентските и во читалната на Економски. Секако дека има и муабети, ама кога ти врие под нозе, учиш и не се замараш што прават тие до тебе.
    Тоа е тренинг на концентрација. Верувајте после ќе ви послужи и во работата. ;)
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.167
    Допаѓања:
    56.604
    Пол:
    Женски
    Еј јас многу сакав да учам во читална. :)
    Имавме прекрасна читална, со гоолеми маси, да можеш да се распостелиш баш убаво, цело време владееше тишина и имаше атмосфера која баш те принудува да учиш :geek:
    Ако седев во соба забушавав, пиев кафе на секој саат, а ваму знаев да заглавам пред испит и да правам пауза само за јадење, учењето ми беше ептен ефикасно.
    Интересно беше во сесија кога немаше место - се туфкавме зашто немало место за да учиме еј :D

    Исто така ми беше убаво за повторување пред испит, ако имавме слободен простор измеѓу часови - таму го користевме.

    А за муабет правење бе, немаше шанси, си имаше и луѓе задолжени за ред. А ако имаше шушкање - веднаш се слушаше она шшшшшшшшшшш од некои лути човечиња... што не не’ спречуваше тивко да запаѓаме во смеење кога бевме во форма :$ :lol: - ретко де :D
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Неможам јас да учам во читална, иако е на 10 чекори од мене. Јас учам навечер, затворена во соба....И никако поинаку...Само така можам да се концентрирам.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    И кај мене на факултет најчесто се собираат и одат колективно во читална на учење. Пробав 2-3 пати, не бре луѓе не сум јас за таму. Прво мене ми треба кревет, да можам да ги испробам сите положби и да проверам како влијаат на мојата концентрација. Второ пушач сум, и чим не можам рает цигара да си запалам, батали и учење и све. Трето мислам дека го обожавам нередот што го правам околу мене кога учам, некако стимулативно ми делува, јас на средина од креветот а околу мене еден тон книги, на кревет, по маси, на земја, секаде. За фломастери да не правиме муабет. После испит обавезно правам генералка бидејќи секаде има расфрлано пенкала, фломастери, ливченца, потсетници. Сакам да ми комотно кога ќе учам, а стол и биро не ми се поим за конфорт. А и не можам да учам со луѓе околу мене, ме деконцентрираат. Ако тропни нешто морам да видам што тропнало, да видам кој излегува, кој влегува итн. Сепак е индивидуално, на некој читална му е поим за учење, а јас од 2-3 пати сфатив дека за мене читална е место за социјализација и кафе и цигара пред читална. :)
     
    На MeckaCia, Dream-Girl, glosipgirl и 7 други им се допаѓа ова.
  6. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Кога бев бруцошка секој ден учев во читална и тоа најмалку по 8 саати :o , на почетокот ми пречеше галамата ама многу брзо се навикнав.
    Ама после кога почнав да живеам со дечко ми сами во соба, почнав да си учам дома (тишина ми беше секогаш со мојот спанко :lol: ) и верувајте после година време и повеќе отидов пак во читална ама немав нерви да седам сум ја изгубила рутината и секој звук ми пречеше. Сепак за мене учењето во соба на тишина е повеќе ефикасно побрзо научував не читав по 8 саати |(
    А тоа дека ако се научиш да учиш во галама е позитивно подоцна може и така е ама ете зашто да учам по 8 саати кога можам по 4-5, а за на работа после ќе се привикнуваме кога се вработиме :)
     
  7. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Редовен посетител за време на испитна сесија. Едноставно таму нема нешто што би ми ја отргнало концентрацијата. Таму сум најпродуктивна :)
     
  8. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Има месец дена што се подготвувам за испити, неделава почнаа, и учењето во читална многу ми помогна, сигурна сум дека не би учела дома. Така планирам да учам отсега, ама денес беше затворено, ама фала Богу не се оддржа испитот, а утре пак одам, да вежбам математика.
    А кога гледам некои студенти дека само праат муабет, се шетаат, и користат интернет, некако ми иде да им велам-ако сте дошле да учите, мрш во читална, ако не, барем не пречете!
    Правам пауза, има таму мои колешки, ама дојдени сме да учиме, и не пречиме една на друга.
    Не знам што би направила без читалната.
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BudalceT0

    BudalceT0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Девојки ако може да ме информирате повеќе за читалниве?колку ги има во Ск? каде? дали секаде можиш да се зачлениш итн. :D
     
  10. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    ^Читални има во студентските домови (не сум сигурна дека има баш во сите). Ако ме прашуваш мене најдобра читална од тие што сум била до сега е Градската библиотека Браќа Миладиновци на партизанска наспроти ТЦ Буњаковец (30 денари месечно или 240 годишна членарина), а не е лоша и новата 1000 Книги, во ГТЦ најгоре (членувањето е бесплатно). Сите работаат 24/7

    Во читална почнав да одам зимата и многу ми помогна да си го дефинирам учењето. Се собиравме со колегите, а доаѓаа и моите другарки од друштво, така што имаше доста дружење покрај учењето. Се навикнав и дојдов до степен да не можам да учам дома иако бев повеќето време сама и ги имав сите услови за домашно учење. Единствено ми беше напорно што ми беше далеку (околу половина час пеш од каде што живеев), но сега сум пресреќна што најдов стан на 1 чекор до Браќа Миладиновци :rock:
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    секогаш кога ке ни презакажат испит(за неколку саати) па тој временски период го поминувам во читална на повторување на материјалот
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337
    Додека студирав ни еден сат немам поминато време во читална и покрај тоа што плаќавме таму некои 600 ден годишно. Не сум тип кој седи на стол и учи (ако сакаш да ме казниш некогаш седни ме на стол 3-4 сата и ќе пукнам) освен ако решавам некакви задачи или пишувам. Си сакам удобност, фотеља, кревет...
    А и ако сакав да повторам материјал, иако многу ретко го правев тоа, си седнував во холот.
     
  13. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Не сум била до сега, прво немам некоја блиску до дома, оваа новата во ГТЦ ми е ајде на 20 мин пешки може ама што знам. Јас си раскажувам понекогаш на глас, не онака апла ама така си зборам. Плус секогаш учам на кревет или на земја како што пишала Златушко со цели купишта околу мене, книги, листови, тетратки, лап топ ако треба нешто да барам на нет. Најубаво ми е кога нешто ми шушти, особено калориферче во зима ќе си седнам пред него и си учам :geek: Во тишина ми е малце потешко, па летно време отварам прозор па слушам гуштери и птици :D Галама ми смета или телевизор гласно пуштен, а вакви „природни“ звуци ми годат
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    По мене е поубаво него дома, ама пуста мрза не одам ич.
    Бев еднаш до сега и толку брзо совладав се затоа што бев со другар и радо ни беше да одиме и да си трачариме што е можно побрзо. А бонус беше и тоа што дечко ми се појави таму. :/
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Не сум јас тип за читални, не можам да учам ако не ми е удобно, на креветче, со листови на сите страни. Цела предходна година на биро имам учено само еден час, а во читална бев еднаш-два пати, да видам како е, или ако бев со некои колеги. Читалната во факултетот ни служи само за релаксација и раговори, во неа е невозможно нормално да се учи. Во неа може да се пие кафе на пример, да се игра игрички на лап-топ, или да се одржуваат групни консултации помеѓу колегите (со кои глупи прашања да им додеваме на асистентите :wasntme: ).
    А од друга страна срам би ми било да идам во читална, цел ден да го поминам со 3-4 листа и едно тетратче :tmi: , а луѓето околу мене озбилни работи учат, од по 500 страни, ќе ми се смеат, не за друго :rofl:
     
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Oоо темава...
    Епа јас можам да се кладам во било што дека од мене никој не поминува повеќе време во читална.
    Од факултет таму право и седење се дури не затвори. Секогаш излегувам во последните, ако завршам со материјалот си повторувам од минатиот материјал обавезно, едноставно читалната втор дом ми е.

    Нема ден да не отидам, со сите таму веќе се познавам, пред некоја недела дури и книга ми подарија.
    Свика таа жената ајде доста е, ќе затвораме, сите си заминаа, јас дури се спаковав, дури си ги прибрав налепниците, маркерите, тетратките, листовите, шишенцето со вода, кремот за раце...

    И на излегување таа ми вели повели книга, затоа што секоја вечер ти затвораш :D :D
    Дома ми е многу потешко да учам, премногу ме иритира кога цимерките стануваат, се мрдаат, отвораат и затвораат врати, па разговараат, па мобилен свири, па телевизорот шушти и ми се губи концентрацијата. Дома би можела да учам сама ако живеам веројатно и затоа си одам во читална.

    И плус тоа во паузите си гледам убави машки :P
    Има исто едно машко како мене секој ден го гледам, го знам и тој ме знае, се думам дали да појдам и да му речам зарем и ти си забеган вака како мене :D

    Да живеат читалните! :D
     
    На macysh, Loli4ka444, Mrs.Brain и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Велат дека мн. убаво се учело во читална ама јас 40 мин од Аеродром до Читална и 40мин. назад да губам, поготово на ова ладно, неееее, златна моја соба под ќебенце
     
  18. KittyT

    KittyT Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    112
    Дефинитивно е потребна читална во Аеродром :D
     
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.570
    Допаѓања:
    39.985
    Пол:
    Женски
    Имам отидено 2-3 пати во читална.
    Дефинитивно е полесно да се учи, така тивко, сите околу тебе учат, лесно можеш да се сконцентрираш.
    Само мене проблемот ми е што кога учам, сакам да си лежам покомотно да ми е :D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Знае некој да ми каже до колку саат навечер е отворена читалната на Економски?