Може ли некој да ми каже дали во Аеродром има некоа библиотека во која што може да се учи и дали некој воопшто го практикува тоа?
Општи прашања Со какво работно време работи читалната Славко Јаневски? Колкав капацитет има и како стои со гужви? Се наплаќа членска картичка или?
Дали читалната на градската библиотека Браќа Миладиновци е отворена преку целото лето? Имам неколку тешки испити во август, па сакам уште од сега да си фатам со учење - малку по малку.
Дечки има ли читални при Универзитетската библиотека во Скопје, дали има некој што бил па да сподели впечатоци Доколку има дали треба членарина?
Веројатно сите сте на пикник некаде, но можеби некој ке ми одговори Дали ќе работи утре читалната 1000 книги во ГТЦ?
Здраво, да ве прашам за читалната браќа Миладиновци како е со плаќање , дали се ствара гужва дали има атмосфера за учење или секој со секого си збори како што имам слушнато, ме интересира ваше мислење тие што имате појдено
Другарка ми имаше членска мислам 100 денари плати (но не сум сигурна). Буквално секогаш има гужви и си седат многу луѓе што не се зачленети, т.е. зафаќаат место без да платат. И јас еднаш на 5 минути влегов, ни ме провери некој, ни ми побара картичка...Не се знае кој јаде, кој пие. Место ептен ретко ќе најдеш. По читалните е тивко и не смее да се зборува, ама повеќето студенти се појдени да се дружат па си седат по ходници и по дворови за муабети правење. Поарно во ГТЦ во 1000 книги појди, барем нема да платиш ништо.
Најгоре. Ако одиш во насока од Плоштад према Холидеј ин, доаѓа од десна страна. Прво е Кокев, па има еден бутик, па продавница за балони, а надвор има масички за кафе. До продавницата има пролаз. Влези во него и право пред тебе ја видиш биде читалната.
Обожавам читална. Значи прво ми беше тешко да се навикнам бидејќи од секогаш си учам на глас, ама сега едвај чекам да одам таму дефинитивно сум најпродуктивна.
форумџии ај ако сакате препорачајте ми читална која се наоѓа блиску до Правен факултет а да не е таа во состав на факултетот, бидејќи не сум од Скопје не знам каде има и сакам да прашам дали во универзитетската библиотека има читална и дали може да се употребува и колку се плаќа членство