После семафорите на рекорд, лево, пред вторите семафори. Кај јбт, али на улицата се гледа. Бев ама искрено не ја препорачувам, не е баш читална не сум задоволна
Пробав да идам дур имам паузи меѓу предавања и дефинитивно не е ова за мене место. Ми се спие, ладно ми е, неудобно ми е, на раат вода не можам да се напијам, на секој звук се врти некој ко кузне шо да е. Сакам дома да си легнам на кревет, па грицки до мене, па лагано, па музиче, па на глас да си читам и раскажувам. Напнато ми е у читална и дефинитивно ич нејќам такви места ама идам да утепам време некад дур чекам помеѓу вежби/предавања. Преферирам у паблик руум да си пијам кафе и да потчинувам, поубаво ми е некако неголи ко у затвор у читална... Полагана атмосфера и поефикасно ми е. Бар мене... Навикната сум на галама зашо учам дома со музика.
@Dream-Girl мислев дека сум единствена што учи на глас. Може и со шепкање некогаш, ама дур не го прераскажам нештото не сум сигурна во себе. Се случи неколку пати да спремам предмет така со читање во ум, ама такви беа потребите на предметот и тогаш експериментирав ама бев дома. Немам пробано во читална ама знам дека ако ми се укаже шанса да спремам пак предмет што не бара максимално да вложиш, ќе пробам.
Сум учела во читална во студентски и полошо не можело да биде (главата ти чади, они седнале интернет да фаќаат). Од друга страна, сум била и во читална во библиотека и од што беше толку тивко, ми падна шубе и си заминав недоучена.
Мене читалната ми е најубавото место на свет. Дома кога седнам да учам сѐ нешто ми го одвлечува вниманието, де ми се пријаде, де требало да се зачисте. Во библиотеката седнувам и нема станување додека не завршам сѐ што ми е планирано за денот. Единствено што не ми се свиѓа е што читалната работи само до 7. Барем до кај 10 да работеше ќе беше подруго, особено во испитна.
Се јавив во неколку читалните да прашам дали ќе отворат за брзо време ми викаат нејверојатно не. Ако може да отворат кафани и ресторани каде што се седи на соодветно растојание, зашто не би можеле и читални каде што ќе бидат масите исто на соодветно растојание? Ете нека не даваат книги, или нека ги даваат само за дома ама читалните не се место каде што би се ширела заразата јас мислам. Ете од 100 места нека има место само за 20 студенти во исто време и така е доволно.
Во читалната кај шо ја идев уште од порано немаше многу студенти, а има и посебни простории за по еден човек, така шо секако можеше да се изведе дистанцирањето и дезинфицирање на масите после секого. Ама нас никој не нѐ слуша оти од тоа секако нема профит, кафичите и кафаните морат да работат за да праат пари.
И во државната 1000 книги може да се изведе да има дистанца не е дека не може ама дали сакаат е работата, бидејќи јас одев цело време таму знам дека ако наместо 4 луѓе т.е каде што има место за 4 луѓе седи еден ќе може да има физичка дистанца.
Од вторник(01.09) повторно започнува со работа читалната на градската библиотека Браќа Миладиновци. Има посебен протокол за работа, па да видиме дали се ќе биде како шо треба.