1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Читате ли книга затоа што сите ја читаат?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LivingGlam, 6 декември 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Ја имам, ја добив на подарок, и така си чмае веќе години.
    Ти верувам, ќе ја прочитам.
    :)

    Значи се случува да прочитам и книга кога одредена личност ми ја посочува... :lol:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Многу реткооо ....обично тие таквите ПРЕчитани мене најмалце ми се свиѓаат, и најмал показател ми е тоа ,дека книгата е баш ТОП како што кажуваат .
     
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Почнав да читам слободна литература од неодамна. Многу добри дела што ни биле за на училиште ги немам прочитано што искрено се каам, ама затоа со душа го чекам распустот да се затрупам со книжулиња.
    Почнав со она што ми беше препорачано Коелјо-11 минути што беше просечна. Продолжив со Вероника реши да умре и ми се допадна премногу. Од Спаркс ја имам прочитано Страниците за нашата љубов или како и да се викаше, затоа што многу го сакав the notebook. Немам желба да земам друга негова книга, ниту пак слична чик литература. Агата Кристи и не ја обожавам многу, нити пак Шелдон.
    За Ден Браун иако читам дека е искомерцијализиран ми се допаѓаат неговите дела. Моментално ја читам Загубениот симбол ама не ме воодушевува многу. Од Харуки ја имам прочитано само Длабоко во ноќта и сакам да прочитам и друго од него ама секако во библиотеката нема |( .
    Еве по форумот читам одредени форумџики што препорачуваат убави дела, ги забележувам настрана, имам огромен список ехее ама во библиотеката нема ниту една :fubar: , па морам да се задоволам со некој бестселер препорачан од библиотекарката. Досега сите се добри и најскептична бев во врска со Патеки на славата а најмногу ми се допадна.
    Друго врска немам што да прокоментирам :) .
     
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сум читала книги кои биле популарни кај нас, некои бестселери, чик-лит.
    Од некои сум била да не речам ајде задоволна, а од други потполно сум се разочарала.
    Од Коељо имам една дома, ја купив затоа што сите зборуваа за неа. Но не ме разочара, мислам тоа и го очекував. Само друго е кога го прочиташ.
    Од Николас Спаркс исто купив книга, но сега се прашувам зошто. Можеби како созревам со годините нема да го читам, бидејќи ја купив пред 2год. но сега кога отидов на саем не го ни погледнав.
    Моите пријатели, моите љубови ја добив на поклон од цимерката. Ајде се израдував, книга сум добила. Внатре многу лесно напишано. На најниско ниво. Се разочарав.

    Инаку читам што би ми препорачале и другите, но повеќе забележувам книги (имам огромен список) кои не се Николас, Шелдон..

    Сепак постојат и некои бестселери за кои мислам дека треба да им дадам шанса, да ги прочитам.
    А кога одам во библиотека го вадам ливчето и што има од тоа, тоа а го земам да го читам. Секојпат кога влегувам таму си велам ај нареден пат ќе земам некоја популарна литература, сега ќе го читам тоа што јас сакам. Или кога бирам од рафтот си земам книга која мене ми се допаѓа. Од мојот вкус не сум се разочарала досега.

    И јас бев скептик кон јапонската литература. Прво требаше да го читам Јасунари Кавабата (ова задолжително ми беше), ја прочитав и ме изнанеади. Пријатено. Потоа видов дека сите го читате Мураками. Е овде во послушав и си реков ај да видам што пишува тој. И од него се изненадив пријатно.

    Оние психолошките книги еве ќе ја именувам Моќта на потсвеста не ги сакам. Читам читам и тоа не е за мене. Не ме интересираат. Може во некоја иднина..

    И за крај, се сложувам со сите за издавањето книги. Кај нас гледаат да добијат некој профит, отколку да преведат и некоја слабо достапна книга за македонштвото. Сум барала еден куп книги кои можеби воопшто ги немало во библиотека. Немора да бидат испечатени во поголем број, но барем да има. Но кој би се нафатил да преведе. Се плашат дека книгата ќе остане не продадена. Купувачите се лажат со оние чик-лит, само тоа и го купуваат, не бараат нешто непостоечко, и според ова што повеќе би преведувале и печателе издавачките куќи.
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Оние што ми ги нуди библиотекарката со изговор дека сега се многу популарни, не ги читам, зашто таа има одвратен вкус на книги. Еднаш го пратив татко ми да ми ја земе Ловец на змејови, видов дека има позитивни критики за книгата, но ја немало во библиотеката, па библиокетакарката му ја дала Колиба, била многу интересна, популарна, бла, бла. Не ја ни дочитав. Професорката по македонскини ја препорача Илјада неверојатни сонца, мене книгата ме фасцинира. Паоуло стана популарен, па си велам ај да прочитам некоја негова, ама не ми се допадна. Исто и од Спаркс, сите го читаат, па ајде и јас. Премногу се љубовни за мене.
    Тоа што се популарни сега, не значи дека така и ќе биде за 20 години, иако верувам дека ќе има книги од денес што ќе се читаат и после 30-40 години. Eве сега е популарен Харуки Мураками, но неговите најдобри дела ги напишал пред повеќе од 20 години. Но, тогаш светот не слушнал за него, оти тие книги не ни биле преведени на англиски.
    Всушност, сакам да кажам дека добра книга е онаа која се чита и после 200 години од нејзиното издавање.
     
  6. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Не, не можам да зависам од мислењето на другите. Одам во библиотека и земам тоа што ми се допаѓа. Не ми е битно дали е познат романот или не, битно е мене да ми се допаѓа. Инаку не сум читала досега ниту од Спаркс, ниту од Коелјо книги :D
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.809
    Допаѓања:
    131.487
    Да, заради тоа го читав Паоло Коељо, и нормално, се заебав.
    А најголема глупост ми е што ја читав 50 нијанси, оти сите мои другарки ја читаа- прочитав над 1500 страни, за да ги најдам сите грешки во преводот и двосмилености, да сфатам дека е обично љубовно романче кое ми одзеде цела недела, и да им кажам да почнат да читаат нешто паметно, наместо нечија фантазија за секс со богаташ, девица и лисици. Бљак
     
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Напротив, секоја книга што ќе дознаам дека е популарно, без разлика дали ми е познат или не авторот, знам дека не е за мене.

    Што е нормално, зашто и литературата како и останатите уметности не ги сакам кога се меинстрим. Не сакам турбофолк, не сакам џанк литература и не ми се интересни дебилните серии за перење мозок на HBO.

    Добро, во филмската индустрија, сум малку конзумерски настроен, но во литературата сакам книги на кои не се пали секоја манекенка.
     
  9. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Најчесто го читам тоа што ќе ми се допадне во библиотека.Но од овие популарниве баш сум задоволно.Сепак се е до вкусот.Најмногу земам од библотека ретко купувам,купувам кога има попусти или на сеамот.Според мене чим се толку популарни и ги читаат голем дел мислам дека тие книг вредат да се прочитат.
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.260
    Допаѓања:
    163.251
    Пол:
    Женски
    Јас кога бирам што да читам, гледам да ме привлечи насловот, па во текот на летово сум нашла толку прекрасни книги што едноставно неможев глава да кренам од книгата. Никогаш не гледам „Аха, ако него му се допаднала, мора да е убава“ па на пола свет „Самрак“ им се доапаѓа, ама јас сметам дека е ужас.
     
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Да,читам бестселери.Но,тоа не значи дека читам,зошто е популарна.Понекогаш откога ќе ја прочитам дознавам дека е бестселер.Ги сортирам книгите според краткиот опис задната корица. :)
     
  12. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Mногу ретко. Не знам зашто но мразам кога ќе се напраи некоја фама околу некоја нова книга или филм. Ја сакам сама да ја откријам :D Сакам да си влезам во книгара (така ги викам јас :lol: ) и да се задлабочам во полиците и да си најдам некоја добра книга :)
     
  13. Glumka

    Glumka Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Читам книги.. дефинитивно да.. понекогаш и претерувам.. доколку сакам да читнам уште нешто или да ја дочитам останувам дома :) Мое лично мислење книгите оние тинејџерски сега многу популарни се дефинитивно катастрофа на пример Твајлајт.. офф :worried: .. Не ми се допаѓаат и оние како Моќта на потсвеста или Тајна .. оние филозовски (како да го решиш твојот проблем)..
    Книгите сама ги бирам.. или по слушање на насловот.. сакам дарк наслови.. Вероника реши да умре, Ангели и демони и слични. Многу ми се допаѓа трилогијата Игрите на гладните и да премногу сум окупирана со неа :D
     
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Да. Читам книги што сите ги читаат, тоа до некаде ми кажува дека ако многу ја читале, има поголема веројатност да е добра...но овој став многу пати ме зезнал јако :) Така да не секоја позната книга ќе ја прочитам. Ако ми штима жарнот и ако мислам дека тој што ја препорачува има сличен вкус како мојот, тогаш ДА, ќе ја прочитам.
     
  15. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Ма не, ебате вκусот денешен, си стојам на своето.
     
  16. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Дефинитивно не сакам да читам тоа што е популарно меѓу мојата генерација, т.е. љубовни романи, тинејџерски... Многу ми се предвидливи и здодевни. Јас повеќе сакам мистерии, фантазии, авантури. Значи се' е до вкусот.
     
  17. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Хахаха и јас многу саκам мистеρии, фантазии и авантуρи. Значи имаме ист вκус :D
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Не преферирам да читам нешто затоа што другите го читаат,туку едноставно ако содржината ме заинтересирала.Има некои книги што се многу познати и глобално читани,но јас немам ни ги видено.
    А некои книги сум ги прочитала без да знам дека се познати,едноставно ми дошле до рака :lol:
    Често знам да послушам препорака од некои другарки и да се излажам,така да прво читам критики и кратка содржина,па потоа почнувам со читањето :D
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Е јас баш тие книги не ги купувам. Пред се затоа што искомерцијализирани работи не сакам и обично ми се покажало дека тоа што така се форсира е претежно неквалитетно.
    Кога така ќе се крене прашина по некоја книга ми станува одбивна, ете на пример 50нијанси сиво што побудалеа сите ни на крај памет не ми паѓа да ја читам, вака да беше незабележлива може малце ќе ми ја разбудеше љубопитноста ама кога нешто сите го читаат и го сакаат не ми е ни малку привлечно. Секогаш најинтересна и најзабавна ми е најзбутаната и книгата со нај неубави корици.
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79

    Се согласувам со тебе, многу често ми се случувало истото и мене, и оттогаш решив да не слушам никого и сама да си го најдам она што мене м се допаѓа. Исто така ми се случувало и некоја другарка да ми препорача книга, убедувајќи ме дека е многу добра, но мене не ми се допаднала воопшто. Пример за тоа беше „Рингишпил“, другарка ми се отепа од барање на книгата, и ме убедуваше колку е добра, но мене воопшто не ми се допадна, можеби затоа што не читам такви книги...
    Затоа одам в библиотека уште од дома подготвен наслов, и доколку ја нема таа, барам книга од истиот жанр кој што го читам, бидејќи знам дека нема да погрешам..