1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Читате ли книга затоа што сите ја читаат?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LivingGlam, 6 декември 2011.

  1. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    5.749
    Пол:
    Женски
    не . сега пред неколку месеци сите ја читаа the hunger games , јас си мислев дали да ја читам дека сите ја читаат , видов trailer од филмот и едноставно не ми се допадна ..
     
  2. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Од трејлерот на The Нunger Games тешко и дека нешто многу се сфаќа, барем со мене беше така. :$ Многу работи ми немаа никаква смисла, ми беа дури и некако смешни :!: , се додека, после долго убедување од другарките, не земав и не ги прочитав сите 3 книги и не ми се разјасни се. Не знам, мене неспоредливи ми се книгата и филмот. Екипата е се супер избрана и погодена, ама не е тоа тоа.

    Да се вратам на темата. Често ми препорачувале книги и сум ги ставала на листата за читање, па кога конечно ќе ги прочитам ми се има случено да се чудам зашто воопшто сум чекала до тогаш за таа книга (од што била убава) :nod: , но и да се чудам зашто слушам други за подоцна да се разочарам од истата. :fubar:
     
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.779
    Допаѓања:
    32.942
    Пол:
    Женски
    Па многу ретко. Обично читам книги кои се по мој вкус. А веќе ако навистина стане многу популарна книгата и добие некоја награда или слично, вреде да се прочита.
     
  4. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Книгата што сите ја читаат - не, благодарам.Книгите што сите ги читаат се најчесто хит за една сезона.Тоа се евтините и лесни приказни.Ама добро е што и тие се читаат.Така се едуцираат читателите и си го градат својот вкус.Па потоа ќе знаат што да читаат.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.862
    Допаѓања:
    12.433
    Не, читам она што мене ми се допаѓа.
     
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.084
    Допаѓања:
    26.870
    Не.Пошто познавам многу луѓе кои не сакаат да читат книги :tmi:
     
  7. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Порано ги купував книгите што ги промовираа издавачките куќи. Така се зае*ав 2-3 пати. Ај што дадам пари ама и се радувам на книгата и кога ќе почнам да читам се разочарувам.
    Сега од библиотека земам, а и чичкото таму ми го знае вкусот и ми дава предлози. Досега не ме разочарал. :)
    Сега иако веќе сум ги читала, знам кои книги сакам да си ги имам во колекцијата.
     
  8. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.777
    Допаѓања:
    61.295
    Не, нечитам книга затоа што сите ја читаат!!! Многу мои пријателки ја прочитаа 50 нијанси на сиво, но јас непланирам да ја читам, едноставно книгите од тој жанр ми се без содржина!!! Повеќе сакам книги кои што имаат содржина која ќе ме држи во неизвесност, книги кои раскажуваат за минатите времиња или книги од секојдневниот живот!!!
     
    На Teodora* и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Еднаш го направив тоа и никогаш повеќе.
    Ја зедов ,,Помрачување'' и веднаш ја оставив книгата.
    Не ми беше ни интересна,ни ништо.
    :wasntme:
     
  10. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    375
    Немам проблем со тоа да прочитам нешто што е популарно. Ама имам проблем кога некој ќе ми каже дека нешто е подобро од нешто друго само бидејќи е попопуларно :D И за жал, популарноста има големо влијание на тоа како ќе се гледа на книгата.
     
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Пред да прочитам нешто популарно би сакала да слушнам критики од вистински читател на книги кој се разбира во тоа (и тоа многу зависи во одлуката која ќе ја донесам за тоа дали да ја прочитам книгата или не). Но овака да земам да ја читам затоа што и така кажано неписмените ја разбираат... не.

    Чист пример ми е 50 нијанси на сиво.
    Таа книга ќе ја прочитам кога ќе ги прочитам сите книги на светов.
     
  12. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Никогаш. Читам добро проверени книги од автори чии дела и претходно ми се допаднале, или ако самиот наслов и краткото сиже на крајот од книгата ми остават впечаток.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Напротив. Да, си треба препорака и се` тоа оправдувам и практикувам.
    Но, најлошата причина можеби за да читаш една книга е затоа што сите ја читаат.
    Барем според мене. Особено ако станува збор за уметничка литература.
    Уметноста ми асоцира на индивидуално, не на колективно.
     
    На Teodora* и SwanMay им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Зависи кој ќе ми ја препорача.
    Сигурно нема да ја читам Лајла Грејс, ама имам прочитано одлични книги што се популарни со причина.
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Онаа Калуѓерот што го продаде своето ферари, сите почнаа да ја читат па ај и јас. Ама толку не ми тргна книгата, ме уби во поим некако. И еве од лани уште не ми е дочитана до крај :wasntme:.
     
  16. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Другарките едно време ја читаа Лајла Грејс. Ау нема теоретски шанси. Извадоци од филмови, серии, поговорки...:shake::shake:
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.423
    Допаѓања:
    200.984
    Пол:
    Женски
    Од мала, од кога знам за себе читам. Читам се, и на македонски, и на англиски и на српски/хрватски. Од бебе ми ја всадиле љубовта кон пишаниот збор, и ден денес читам иако помалку.
    Во раните години немав некој избор на детски книги дома освен лектирите, па читав книги од библиотеката, секогаш по препорака на библиотекарите, и никогаш не се разочарав.

    Со тек на време освен лектирите читав сè што ќе ми дојдеше при рака, така што денес веќе добро знам што би ме заинтересирало и би го задржало моето внимание, па ретко бирам книга според препорака. Многу ретко мојот инстинкт ме излажал кога бирам книга според корица и кратка содржина.

    Оние популарни книгички и прирачници за самопомош не ги ни погледнувам, ниту пак ми се прв избор книги што сите ги фалат. Кога одам во книжарница шетам од рафт на рафт и разгледувам натенане, па што ми фати око, си земам. Класици ретко се наоѓаат, а и повеќето ги имам прочитано, но ако сакам да се навратам на нив, фала му на Бога, ги имам кај моите, солидно преведени на македонски јазик, нешто што го нема денес, во новите изданија. Не дека не давам шанса на нови автори според препораки и критики, ама повеќе верувам на книжевни рецензии отколку на вкусот на сеопштата народна маса. Така што, популарни книги читам само ако мене ми фатиле око и ако добиле одлична рецензија. Инаку, по секоја цена не. Сметам дека не секоја книга го заслужува моето внимание и време, па сакам тој дел од времето кој го одвојувам за читање да не биде залудно потрошен. Некој ќе рече, нема залудно потрошено време во читање, но според мене, има - ако книгата не вреди, не си научил нешто од неа, ако не ја паметиш после десетина дена, месец, година, тогаш дефинитивно не вредела.

    Еднa работа што сè уште ме вади од такт - лошите преводи. Досега не сум сретнала солиден превод на македонски јазик на нови изданија. Жалосно е што делата на Зафон и Хосеини се измасакрирани, не може човек просто да ужива во нив (само како пример ги наведов). Сосема подруг ми беше впечатокот кога ги читав на англиски јазик. Мислам дека издавачките куќи кај нас треба малку повеќе да се посветат на самиот превод отколку на профитот. Ама за жал, парите го вртат светот.
     
    На do-re-mi и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Токму затоа и не ги читам тие книги. Бидејќи знам дека не е тоа што мене би ми се допаднало.
     
  19. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Напротив. Намерно нема да ја прочитам.
    Книгите што најчесто сите ги препорачуваат се чик книги, а баш тие ги избегувам.
    Земам книги по препорака од библиотекарката, или најчесто сама си избирам која книга ќе ја читам после едно добро пребарување на интернет.
     
    На rihanna14 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Направете си акаунти на goodreads, супер е за проверување на книга пред да почнете да ја прочитате, има одлични рецензии :)