1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Читате ли книга затоа што сите ја читаат?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LivingGlam, 6 декември 2011.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
  2. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    5.853
    Баш дека сите ја читаат и даваат квази критики за истата, ми се одмилува.
    Ангели и демони ја препекав и ете ја, стои на полица со години. Одбивност ми се створи кон книгата. Кој стигна до неа, ја прочита и преку ноќ станаа сите стручњаци за таа област.
    Моментално сум определена кон руските класици и општо трилери, па барам на нет соодветна книга за мојот интерес. Кратка содржина, првото поглавје или задната страна на корицата, се оние кои одлучуваат.
    Имам и доверба во библиотекарот. Според жанрот кој му го барам, дава соодветна книга.
    Ама затоа во книжара одам со претходно прочитани критики и слушнато мислење. Еднаш ме зафркнаа во Матица, каде ми го дадоа 3от дел, за до пола книга да не сфатам која е целта и зошто толку бесмислен почеток.

    Имаше и страна на која што го пишуваш авторот и делото и дава слични книги, т.е. соодветни на жанрот. И таа ми има доста помогнато во изборот.
     
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Не.Кратко и јасно.Си читам јас што сакам,по мој избор,па дури и лектирите,иако мислам дека некои се како за петто одделение,а не за средно,но ајде јас пак си ги читам сите.Си читам што че си одберам и така.Ете планирам Злосторство и казна да ја читам за распустов,а пред неколку дена дознав дека лектира ќе ми била.Коинциденција или не знам што..хмм...Ама пак јас сакав да читам.Ги читам Спаркс,Мисо,Кристи и ред други не затоа што се популарни и сите ги читаат,туку дека тие премногу ми се допаѓаат и затоа што јас сакам да читам.Ете така..8)
     
  4. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Читам скоро се’, не затоа што читаат други, туку затоа што јас сакам да читам. А кога околу некоја книга ќе се крене голема прашина, обично ја читам за да видам што е работата. Како и да е, има исклучоци, па постојат книги кои не би можела да ги прочитам, па макар ги прочитал и цел свет :)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Не.Не сакам да читам некоја книга само поради тоа што сите други ја читаат, затоа што во различни периоди,зависно како сум расположена, ме интересираат и читам различни жанрови на книги.
    Понекогаш читам тешки психолошки книги,понекогаш лесни романси. Понекогаш фикција,понекогаш историски романи. Има периоди кога преферирам класици. Дури и ако некој ми препорача книга не мислам веднаш дека и мене би ми се допаднала, секој има свој вкус. Затоа седнувам на компј.и проверувам каква е содржината.
    Уживам да одам во библиотека и сама по полиците да барам книги кои во моментот би сакала да ги читам.
    Најчесто љубезно го замолувам оној кој работи таму да не ми препорачува книги ( најнова, најбарана,најчитана...) :)
     
  6. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    60
    ne definitovno...ili da citam kniga nekoj so mi ja predlozil i veke mi kazal so se raboti nema sansi, so ke si odberam jas- toa ke si citam bez da go znam krajot i sodrzinata...
     
  7. ton4ica

    ton4ica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Најчесто се случува да почнам да читам некоја книга зошто сите ја читаат ама се случува и да ја оставам недовршена пример 50 нијанси сива, калуѓерот што го продаде своето ферари но има книги и што излегле добри
     
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.750
    Пол:
    Женски
    Не. Обично сакам да си ги читам книгите кога фамата за нив ќе стивне, за да најубаво си проценам.
    Така беше со Хари Потер, со Господар на Прстените, The Hunger Games дури сега ги читам и гледам.
     
  9. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Тоа е голема грешка! Читајте, и не само читање, правете она што вас ви се допаѓа, она што ве исполнува, и не се срамете од тоа, а не она што сите го прават. Да се претопиш во толпата и не е толку предизвикувачки колку што е да бидеш посебен, оригинален, со свој озграден вкус за нештата, не само за книжевноста, туку за се. Да се натераш себе да правиш нешто што сите го прават е од причина да бидеш прифатен во таа група на луѓе именувана како "сите", со тоа што ќе имаш и ти што да кажеш кога ќе се отвори темата за тоа што го прават во нивниот живот. Тоа е жално, потиснување на самиот себе, губење на своето јас, на својот идентитет....
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.573
    Допаѓања:
    78.936
    Пол:
    Женски
    Од актуелните книги не, но од оние класици како Војна и Мир на пример, чувствувам потреба да ги прочитам. Така ја зедов Ана Каренина да ја читам, си реков како може ова сите да го прочитале а јас не. Имам уште многу такви книги на листата за читање.
     
    На EvAngelos и elimkd им се допаѓа ова.
  11. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    50 shades of gray ја прочитавте? :)
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Ќе дојде на ред за читање после Белешките на Лајла Грејс :lol:
    ...значи never :D
     
    На Ketchup, LivingGlam, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Искрено не. Мислам дека е форсирање кога се зборува за „тренд-книга“. Искрено Лајлица не би ја прочитала, ама баш никогаш, како ни „50 нијанси сиво“.
    Читам она што ме интересира, што ќе ме привлече. Читам книги од автори кои се многу помалку познати од Спаркс, Коељо, Агата Кристи, но имаат ремек-дела.
    Мислам дека нема врска колку таа книга е хит, ако е затоа Лајлица требаше да земе до сега Нобелова награда за книжевност. До душа доби признание за најчитан автор, оф не!!
     
  15. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
  16. NeoX

    NeoX Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Машки
    Не, не мора тоа да е причината
     
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Ако има препораки од луѓето на кои им го знам вкусот, и верувам дека би се допаднала и мене, тогаш да.
     
    На Someonespecial и macka91 им се допаѓа ова.
  18. хОхси

    хОхси Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    146
    Обожавам да читам книги, тоа е нешто што ме исполнува :) Не ми е битно да бидам во тренд со книгата ако таа е најчитана и најпозната, битно е да таа да е по мој вкус !
     
  19. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.433
    Пол:
    Машки
    Се имам неколку пати изгорено, поради „скандалозната“ популарност да се нафатам, да видам на што личи книгата. Некои книги па ми биле интересни во тој период, што денес ако би се прашал, би делувало по малку комично колку наивно сум се навлекувал на одредени автори кои црпат одредена популарност на нивниот шик-лит. Но тоа е, вкусот се надградува, некои книги ги израснуваш, други им даваш шанса... не значи дека буквално сите ако читаат (малку ми е смешен терминов), мораш и ти да се фатиш за орото. Но ако си го познаваш доволно вкусот или пак сакаш да откриеш нешто сосема ново, вреди да се проба. Иако тоа не е никаква гаранција дали би ти се допаднала книгата или не.
     
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Да да после се каам.
    Со тек на време научив дека ако сите ја читаат таа книга не е за мене.

    Читам книги највеќе од периодот 1900-1950, ретко кога ќе дадам шанса и на некој друг период.
     
    На Novecento му/ѝ се допаѓа ова.