1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Читате ли книга затоа што сите ја читаат?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LivingGlam, 6 декември 2011.

  1. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Не.
    Се излажав еднаш, два пати да читам по туѓа препорака и реков веќе не.
     
  2. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    ноуп, си зимам тоа што ме интересира.
    Земав еднаш да видам што е финта со Карма и Белешките на Лајла Грејс па сите ја читаат и се покајав после 5 страна., исто и со Пауло К.
    Најчесто тоа што сите го читаат е чиста глупост.
     
    На elimkd, Cinderfakinrella и L-a-r-a22 им се допаѓа ова.
  3. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Истото ми се случи. Но со Жива меѓу мртвите. Дури и ја купив.
     
    На Cinderfakinrella и Afrodite¥ им се допаѓа ова.
  4. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Се мислам дека ги читаат тие книги(читај: ги зимаат и ги отвараат на некоја страна на средина) за да сликаат со некоја шолја кафе или чај, па да мислиме дека се библиофили.
    Туга..
     
  5. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Одамна кренав раце од македонското издаваштво, едноставно го немаат тоа што сакам да го читам а во тие ретки моменти кога го имаат, преводот е во најмала рака очаен. Ќе речам дека можеби станува збор и за професионална деформација. Последно такво разочарување ми беше Малина на Ингеборг Бахман.

    Меѓутоа колку и да сакам да напишам лош збор за Даниела Стил, Нора Робертс и ним сличните не можам затоа што иако нивниот збор нема естетска вредност лесните приказни беа тие што ме навлекоа почесто да читам, така почнав... Ама и тогаш, не ги бирав затоа што другите тоа го читаат (не бев ни свесна за ова) туку затоа што тоа го нудеше тогаш градската библиотека. Секоја недела со моите две најдобри другарки по часови одевме во библиотека и дооолго биравме книги. Една другарка имаше блиска роднина што работеше таму и имавме дозвола слободно да шетаме низ рафтовите. Цел пат кон дома дискутиравме што сме избрале и си ги држевме книгите в раце. Паметам бев фрапирана од сексот опишан (тогаш дете) во Чесни Илузии на Нора Робертс. Книгата прошета кај сите другарки, сите наивно беа воодушевени а јас ја препорачував од сѐ срце затоа што сакав да се „просветлиме“ и на тоа поле. Тоа беше всушност и единствениот пат кога платив казна затоа што ја задржав книгата неколку месеца. Секако тоа беше тогаш. Сеуште читаме ама ни на крај памет не би ни паднало да го читаме Коелјо пак зашто едноставно ги надминавме тие писатели и тој период. Бараме нешто што може интелектуално да не надогради, секоја со својот специфичен вкус.

    Читам многу, сеуште сметам дека така најпродуктивно се троши слободното време. Не штедам пари кога станува збор за книги, ги купувам најчесто на англиски јазик. Барем знам дека ако не ми се допадне книгата тоа ќе биде заради самиот автор и неговиот стил на пишување а не поради некојси квази македонски преведувач.

    Инаку радо би ја имала Чесни Илузии во домашната библиотека ама чисто од носталгија кон тие времиња. :)
     
    Последна измена: 19 септември 2017
    На Lella и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  6. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    21687583_1547133878642454_8917663705031555907_n.jpg
    е така
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто не читам бестселери и популарни книги како што е на пример чик литературата само затоа што сите останати ја читаат.
    Напротив, јас обожавам да читам само безвременски дела како класични книги и драми :)
     
    На blonde_supergirl, Someonespecial и elimkd им се допаѓа ова.
  8. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Да, искрено многу често го правам тоа. Ако околу некоја книга се крева многу прашина, ако сите ја читаат и ако за книгата има само пофалби, едвај чекам да ми падне во раце за да ја прочитам и јас.
     
  9. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    И, дали често си задоволна од она што го читаат сите или се разочаруваш?
     
  10. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Па во поголем број од книгите кои ги земам од таквата љубопитност сум презадоволна, но кога се крена прашина околу Драган Таневски ја купив Нежниот хулиган и едвај ја читав, стигнав до 80та страна и престанав, е тогаш се покајав навистина. Исто тоа ми се случи и со Белешките на Лајла Грејс, едвај стигнав до 50та страна и сега и таа книга така си седи непрочитана. Затоа сега имам нешто како стереотип за денешниве македонски писатели и мислам дека веќе нема да купам македонска книга, а од странскиве до сега се немам ниту еднаш разочарано.
     
    На Afrodite¥ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    No no, ги вадам од нафталин јас. Се шалам за нафталинот, читам книги кои ќе ми го збогатат духот и срцето (мора да има племенити мотиви).
     
    На Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    Можно е од инает да не ја прочитам :)
     
    На piglet1, Novecento, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Co0kie

    Co0kie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Јас сакам некогаш да сменам и читам различни книги. Имам " другарки " ,многу се филмаат дека читале а немаат ни с од страница која е прочитана.
     
  14. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Не сама си бирам тоа што мене ми се допаѓа. Многу често знам да заглавам во библиотека во потрага по книга, губам осет за време.
     
    На piglet1 и SV1911 им се допаѓа ова.
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.141
    Допаѓања:
    50.512
    Пол:
    Женски
    Сама си бирам книга и доколку ми се доапаѓа ја зимам.
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.036
    Ми се има случено доста пати да бидам искрена. :D Ама нај-најголемото промашување беше кога земав да ја читам 50 Shades of Gray бидејќи сите ја читаа и ја фалеа. Случајно ја најдов по многу ефтина цена и ја земав без да знам за што се работи.. најужасното четиво некогаш напишано! :x
     
  17. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Кoгa гo видoв нaслoв,oдмa ми текнa нa клaсици. Стaри книги, кoи пoрaди свoјoт квaлитет oстaнaле читaни сo векoви и гo дoбиле нaзивoт клaсици, бaш книги штo сите ги читaaт.
    Немaм мнoгу време зa читaње, тaкa дa внимaвaм тoa штo гo читaм дa биде квaлитетнo и нaјсигурен избoр зa тoa ми се клaсиците. Бидејќи тие нaјчестo се нaпишaни пред мнoгу гoдини и сеуште се релевaнти, a некoи книги штo се мнoгу пoпулaрни денес мoже никoј немa дa ги пaмти зa стo гoдини.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Секој има различен вкус, па затоа читам книги кои мене ќе ми го привлечат вниманието со нивната содржина.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Не, читам само тоа што ме интересира. :)
     
  20. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Зависи. Најчесто сама си наоѓам книги, ама и често зимам книги по препорака. Ми имаат промашено поклон книги ете така што ги земале по препорака од некого.
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.