Читање и пишување пред почнување на училиште

Дискусија во 'Дете' започната од wtff, 17 јануари 2014.

  1. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Дали детето треба да знае да чита и пишува пред да тргне на училиште?

    Јас сеуште немам дете. Но со многу мајки имам правено муабет на оваа тема. Јас искрено мислам дека треба да знаат. Но многу мајки не се сложуваат со тоа.

    Една ми вели: А зошто ќе оди на училиште? |(
    Дури не го е ни научила боите, а има 5год. :x

    Вие што мислите?
     
  2. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Сметам дека нетреба да знае да чита и пишува, но треба да ги распознава буквите, бројките , боите (ова го работеа и во градинка последната година). Впрочем во прво одделение учат само да ги распознаваат буквите, а во второ учат да читаат и пишуваат. Синко мој тргна на училиште без да знае да чита и пишува и немавме никави проблеми( сега е второ) и одлично го совладува материјалот. Ако дтето предвреме учи да чита и пишува ќе му биде досадно на училиште, нема да има концентрација.
     
  3. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Но доколку ги распознава буквите, пак ќе знае да прочита нешто малце, нели? И јас не мислев да знае течно да чита и пишува. А за оваа мајка што наведов пример (А зошто ќе оди на училиште), сестра ми требаше да и го причува малце детето и притоа нешто заедно цртале пишувале. И детето беше многу возбудено околу тоа. Покажувало интерес да го работи тоа и со мајката. И оваа, ни пет ни шест, вели на сестра ми: Ааа јас ќе ти го оставам стално да го чуваш, јас немам време да се расправам со тоа (на учењето со детето). |(

    А да, за боите му вели на детето: Синче ти ќе си ги научиш во училиште нели? :x
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.897
    Допаѓања:
    133.673
    Нема потреба да знаат, иако многу деца сами учат.
    Моите немав намера да ги учам, бев со став дека на училиште треба да ги научи тие работи. Ако веќе таму ги учи, зошто да ги учи и претходно, кога може да прави нешто друго. За боите е друго, се очекува да ги знаат порано.

    Моите сами ги научија буквите од една книга „Бушава азбука“ и еден постер со букви што им го имав купено. Прашуваа повремено која буква е која, и по некое време сфатив дека веќе читаат. Исто така и латиница пред време научија, со прашување која буква е која.

    Јас не би губела време да ги учам нешто што секако ќе го научат. Има толку многу други работи што може да ги прават, да си играат со играчки, да развиваат фантазија и креативност, да цртаат, да им читаш приказни, што за мене буквите се губење време.

    Кога ќе тргнат на училиште ќе им останува многу малку време за играње, а секако ќе имаат обврска да ги научат буквите и да читаат течно. Се во свое време.
     
    На Espadrila и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  5. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    да океј е тоа цртање, читање приказни... јас за овие мајки што зборувам ни тоа не го прават. Додека си играат, нека си играат, а послем ајде на турски серии :)
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас знаев само името да си го напишам (кое инаку не е воопшто комплицирано, две букви се во прашање :wasntme: ). Со тоа што, во прво одделение тргнав на 6 години, така што можеби тоа било само една од причините зошто моите дома не се ангажирале да ме научат да читам и пишувам. Како и да е, подоцна беа многу посветени, не ме испуштаа од видик, редовно работеа со мене, па немав никаков проблем. Боите ги знаев од претходно, таман работа да ги учев тек во прво одделение. Моите секој ден ме учеа како да ја поминувам улицата кога има семафор.

    Јас лично не би го оптеретувала детето со читање и пишување во предучилишна возраст. Сé се учи во свое време. Ама некои родители буквално ги оставаат децата само со играчките, наместо да ги поттикнат да размислуваат за одредени теми, да ги научат на некои работи, да им читаат книги, да играат некакви игри со кои ќе им се развива логиката и слично. Во тие години детскиот мозок е како сунѓер. Јас бев многу љубопитно дете, постојано прашував за сé и сешто, еднаш се сеќавам дека татко ми го прашав што е рај. Толку филозофски ми го објасни тоа, што мислам дека ни денес нема да го разберам :lol:

    Зборот ми беше - некои родители како оправдување го користат тоа дека детето во школо сé ќе научи. Само затоа што немаат време или нерви да му посветат внимание. А најлошо е кога децата ќе ги остават со бабите и дедовците по цел ден да ги чуваат, па овие ќе им го полнат мозокот со некакви турски и индиски серии и шунд емисии.
     
  7. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    јас знаев на 4 години да си го пишувам името, презимето, улицата и тел. бр. ги знаев и бројките, и некои букви... тргнав на училиште на 6 години, и исто го планирам со моето дете, да знае да чита и пишува нешто, да не биде дудук, како што се вели... случај со внуката на мм, тргна 1 одд, не знае ништо, ни да пишува, ни да брои, ја учев да брои до 15, не знаеше... е тоа не е во ред, па затоа си родител, да го научиш на тоа дете на нешто, а не да го оставиш да гледа како теле кога ќе тргне на училиште и да не знае ништо...
     
    На CurlyBlossomGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    А зошто оди на училиште? Најверојатно не само за да се цивилизира со други деца, јас мислам за тоа е градинката... Во училиште се оди да се учи. Ако детето покаже интерес за учење и пред да тргне на училиште, на пример букви, бројчиња од книги итн итн е тоа е сосема во ред, ама форсирање да знае да чита за да не биде „дудук“ во прво одделение е јас мислам повеќе траума отколку успех на родителите.
    Обврска на родителот е да соработува со детето откако ќе почне да учи, да му посвети внимание и да му помогне за работите што не ги сфатило на училиште, иако тоа зависи и од темпераментот на детето, мене математика од секогаш ми била послаба страна, а мразев некој да ми покажува и објаснува без разлика дали родител или професор, или ќе си научев сама или воопшто не го учев. Тоа е некој мој инат едноставно за математика уште од најмали години. Затоа и секогаш ми квареше просек :lol: И тоа не значи дека моите требале со сила да ме тераат и да ми носат дома професори и да ми прават непотребен стрес. Ништо што е форсирано не може да вроди плод.
     
    На Ellyy и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  9. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Јас знаев да читам и да пишувам. Дека сестра ми е постара 2 години од мене, па до дека таа се учеше и јас покрај неа. Исто и таа знаеше пред да тргне да чита и пишува. Не сме оделе во градинка. Дедо ми ме пазеше. Секогаш после работа мајка ми и татко ми одвојуваа време за нас, за нешто да не поднаучат. И мислам дека не е тоа траума како што напиша ИВАНОВСКА. позз
     
  10. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Не е траума ако детето сака да работи ( пред време да учи како што твоите родители и поради сестра ти ) си научила, но со сила да го тераш да учи работи за кои нема интерес е само фрустрација на родителите. Норманло и неработењето на родителите со децата е за секоја осуда, зошто пак образовниот систем кај нас не е доволен, односно мора да се работи дома со нив. На пример синко мој е антиталент за цртање, не знае детето да црта, а и не сака. Се трудам , работам со него, ама по никоја цена не го форсирам. Нормално за учење ( математика, македонски) е построго. Но, сепак треба да се земат предвид можностите на детето и да не се форсира. Зошто со сила убавина небива. Најдобро е преку игра ( ова кога се помали) да се учат работите.
     
    На wtff му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    не реков да се тера да учи, туку дека треба да се почне да се работи со детето... колку порано толку поубаво... училиштето е за да се надоградува повеќе, а дома треба да стекне навики за да учи, ако е за нешто антиталент, ќе гледаш да го надоградиш во таа област колку што можеш повеќе, колку да не носи 1 после кога ќе дојде средно... тоа е моето мислење, и јас истото ќе го применувам врз моето дете, не сакам едноставно да го пуштам 1 одделение а да не знае ни да брои до 10, а тоа е обврска на секој родитител да го научи некои основни работи...
     
    На wtff му/ѝ се допаѓа ова.
  12. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    така е фифи16 се согласувам со тебе :rock:
     
    На fifi16 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.932
    Допаѓања:
    140.948
    Пол:
    Женски
    ве читам и си велам јас сум нај немајка на годината :D .керка ми лани тргна во прво одд.знаеше и да чита и да пишува .јас со сила не ја терав да ги учи буквите ама не можев да и ја игнорирам желбата и интересот кога прашуваше како се пишува и кога бараше да чита.затоа годинава супер си врвиме.незнам дали имате деца и колку сте запознати со сегашната програма во училиштата.катастрофа е и тешко на тоа дете што не оди барем со малку предзнаенје на училиште или родител не работи со него после школо.не можат наствниците сами да сработат со оваа програма.не е образованието какокога ние учевме иаконе поминале којзнае колку години.
     
    На fifi16 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    По резултатот, односно по тоа што годинава супер си врвите, се гледа дека си била најмајка, а не нај немајка :D Така треба :mm: Барем според мене ;)

    А за образованието и програмите муабет да не правиме, знам како е... :x
     
  15. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.932
    Допаѓања:
    140.948
    Пол:
    Женски
    иронично мислев во однос на претходните коментари дека за описменуванје се оди на училиште а дома гледај серии по цел ден. :) ама ме разбра во секој случај.ке гледам додека можам еден чекор да е понапред од програмата,се разбира се додека можам да ја следам нема штета од повеке знаенје.
     
  16. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Јас имам проблем со мојата малечка учевме и бои и бројки и сега кога тргна во градинка таму на германски учи се живо и се помеша во главчето сега детето ми зборува на некој нејзин измислен јазик доома нон стоп зборуваме македонски но ете се се побрка и незнам до кога ке биде вака на некои опсти прашања сто ги знаеше сега стои збунето и незнае сто да одговори во исклучок на некои ситуации подобро би било да не сме ни почнувале со бои и бројки огромна забуна се направи кај моето дете затоа второто нема да го форсирам со ништо додека не тргне во градинка
     
  17. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Тоа ќе и се среди брзо, ќе се навикне. Не се секирај ;)
     
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.897
    Допаѓања:
    133.673
    Јас па не го доживеав како некое богзнае какво учење, ососбено не прво одделение. Ништо не учат во прво, ама ок е, барем работат на навика да седат во целодневна до 3 и да почитуваат авторитет, ако наставничката им се наметне како авторитет.

    Дека треба да се работи со децата - треба. И се разбира, ако сакаат да ги научат буквите сами, нема да не им кажуваш која е која. Ама мислам дека да се форсираат да учат нешто пред време, без нивна желба, би било губење време. Подобро е тоа време да се посвети на нешто друго. На воспитување, социјализација, читање, логички игри, што било.
    Затоа што цел живот ќе учат :D

    Ќерка ми е четврто одделение и оваа година навистина на училиште имаше многу повеќе обврски. Таа сега едвај има време да си поигра, иако уште е дете. Сега мора да чита, да пишува, да учи англиски, математика, или другите предмети. Сега нема време со саати да си игра со куклениот театар како што правеше пред да тргне на училиште и да смислува куклени претстави. По цели денови пишува бројки и букви.
     
  19. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Aј, ај не вадете работи од контекст, ве молам :D Ако вие имате време да гледате дома серии, најголем дел од мајките работат од 8 до 5. Јас не сум мајка, туку редовно ја чувам внука ми, има 3 ипол годинки. Лично јас и купувам најмногу книги, за животни, за природа, буквари, за бројки се што мене ми изгледа убаво и шарено и едноставно. И тоа не само македонски туку и на англиски, ама никогаш не било ајде седни сега да научиме како на англиски се вика маче и куче и да броиш до 10 и дур не научиш не стануваме. Или ајде учи да пишуваш имаш скоро 4 години за две години ќе тргнеш во школо па ќе бидеш дудук... Мојата поента е треба да се работи со детето ама во никој случај да не се форсира, ако е незаинтересирано на 5 години за читање туку повеќе го интересираат кукли или камиончиња тоа е сосема во ред, кога ќе треба да учи ќе учи. Ако јас уште од сега ја форсирам внука ми, или моето дете здравје еден ден, на 4 години да учи да чита, а нема желба за тоа, тоа и те како е траума и сега, а и кога ќе почне да оди во школо нема да има желба да учи затоа што е едноставно форсирано. Затоа се вика, се во свое време и со желба. И никој не вика ако детето сака да гледа телевизија место да пишува домашна дека е тоа во ред, ама се може да се реши без форсирање. Тука веќе родителот треба да смисли и да посвети време како тоа што му е досадно и напорно на детето да го направи малце од малце интересно и поедноставно за да го научи. А и на крај краева родителите треба да сфатат дека не секое дете има капацитет се да сфати или научи, а и не ни мора. Прво и основно никој од нас не знае се и не е добар во се, затоа е глупаво да се очекува тоа од детето.
     
    На andromedae и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  20. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    Јас научив да читам на училиште. Помнам само имавме една вежба со читање на текст со ракописни букви, е тука малку имав закочено.
    Небитно, сакав да кажам не кај секое дете ќе влијае позитивно тоа форсирање пред време , читање и пишување. Детето се научило мајката да му ибјасни за тоа, наместо учителката + детето ќе мисли дека знае супер да чита и пишува, бидејќи нормално учителката на час ќе праша кој знае да чита и пишува. Ќе го пофали. Ќе кренат рака, ќе почни прво со нив, но на крај големи се шансите и да закочи со нив.
    Има полно такви примери во околината. Барем во мое време имаше.

    Затоа внимавајте, оти не значи дека детето ако научи прво да чита дека и најубо ќе чита.