Jaс пред да почнам да училиште знаев буквите да ги пишувам и имињата на најблиските дома. И до 10 знаев да бројам и да ги напишам бројките.
Син ми 3 год, знае да препознава доста букви, но кажува ,, оваа е на мама, на тато итн,, Пишува 10тина најмногу. Не го форсирам, едноставно кога он ќе пружи желба, тогаш. За цртање гледам дека воопшто нема интерес.
moeto ima 4ipol godini znae broenje i tek tuk angliski od sto slusal na yotube.znae da boi bez da izleguva od linija ama brojki i bukvi ne znae da pisuva. sum vo plan da pocnam po malku da go poducuvam no sekako ne so sila.kolku ke nauci tolku.ne sakam posle da ima teskotii koga ke zaodi na skolo
Кај децата пред да почнат во школо е побитно да се развие моториката за пишување. Значи да знаат да држат правилно молив, да бојат да цртаат линии. Ама кај нас е побитно некој да се испофали дека детето му е вундеркид и зне да пишува. Не ги правете децата папагали. Ако сами пројават желба да пишуваат букви добро ако не пак добро. Битно е да цртаат, да развиваат креативност, да развиваат моторика. Така им се развива нив мислењето. Развојот на мислењето, мотивацијата за учење и љубопитноста се далеку побитни од тоа дали некој знае да чита и пишува пред време.
Мајки ми треба искрен совет Керка ми е 4ипол години малиот 3 Многу пати сакам да ги седнам да им покажам како да пишуваат да бојат да научат кој кој број е, но се е залудно И двајцата знаат да бројат до 10 и на македонски и на англиски но ако и кажам напиши го број 1 таа незнае, ниту боите ги разликува Ке и покажам како и ако таа не успее право мава крши кине се лути и не дозволува да и објаснам Во градинката напоменав рекоа дека работат но јас не гледам никаков интерес за ништо кај нив
Рано е уште за да ги тераш, тие сами ќе покажат интерес за тоа. Или најди некој интересен начин за да им покажеш, има разни игри низ кои се учат броевите и буквите. Во градинката каде што работам има воз со вагони, и на секој вагон ставаат како камења, секој ден различно и мора децата да избројат колку ги има и да запишат. На нив ги пишува и деновите во неделата па така ги учат.
Рано е од сега .Секое дете различно сваќа ,мене татко ми ме учел и одма сум сватила веќе на 5 знаев и да читам и пишувам .А еве син ми почнав и јас на таа возраст ама воопшто немаше интерес и реков да не му вршам притисок .Знаеше на 6 само МАМА да напише . Ама летото пред да почне прваче и во првите два месеци во училиште ,значи веднаш научи и латиница и кирилица и пишување и читање .Значи покажал интерес и одма научил . Затоа не ги брзај ,времето ќе ти покаже кога ќе бидат спремни.Во меѓувреме ,нормално можеш да им воведеш разни едукативни игри за нивната возраст
Предложете ми некој едукативни игри бидејки веке незнам што ли не пробав и се е залудно Само се карат се тепаат и никако да ги седнам и двајцата и да игра ме нешто да правиме да работиме Многу сакав да работам со децава и да ги учам ама ете како што кажа тие само се закачат
Мислам дека не треба да ги форсираш. Посебно што сега е лето. Ниту ние нешто посебно правиме летово, цело време сме надвор, со песок, со земја си игра, на лулашки со деца, воопшто не седнуваме да цртаме, боиме или пишуваме нешто. Нека развиваат надвор имагинација, секако ќе седнат во школо да учат кога ќе дојде време. А ќе покажат и сами интерес. Не се оптеретувај толку со тоа.
и моето во градинка понаучи бројки и букви. Сега од понеделник почнува прво одд и знае само да си го напише името и бројките до 10 и доста му е. На школо ќе оди за да научи да било јас дома да го учам немаше на школо да го праќам. Плус мали се твоите не форсирај ко ќе им дојде време ќе си покажат интерес. Моето ете за пишување толку знае за кажување и до 100 брои и азбуката знае да си ја каже.
На 3г ги знае сите букви, бројки, бои, марки коли, да прочита броеви до 1000 односно ги знае троцифрените сите, знае да прочита некое лесно зборче, знае песнички, знае да држи молив, пенкало и боица со лева рака... Ништо не сме го учеле, сам јавува интрес, не можам да го сопирам. Почна доста доцна со сложувалки, со бои, со такви работи, ама му успева. Што знам, не го форсирам ама се интересира и не сакам да му го сопирам интересот. Моментално троцифрените бројки ни се мета и боите. Навистина е атракција со колите, сите ги знае, дури и коли кои јас појма немам од типот на Субару, Катерпилар багер и слично...
И моево исто со марките на коли .Он исто на 3 ги знаеше сите марки што јас прв пат слушав ,меѓутоа само по знакчињата ги распознаваше .Е кога се заинтересира како се пишуваат ,многу брзо ја научи латиницата .
А зошто има потреба да ги знаат буквите и бројките пред да одат во школо? Разбирам кај деца што се интересираат, ама зошто ги форсирате децата? Така поголема аверзија им се создава. Кога нешто не сакаш и со сила те тераат ни нас не ни е убаво. И друг пат сум кажала, премногу се споредуваат децата, а и доста мајки си ги "величаат" дечињата. Се ајнштајни да си речеш. Остајте ги дечињата да си бидат дечиња.
Скоро прочитав на некоја од групите анонимна објава, детето на 4г пишувало со мешање букви, да ми е да знам која е мајкана да и пишам две три слатки. Од каде загриженост ако на 4г пишува наопачки бре, за да се фалат по инстаграм блоговите им е се. Се претера веќе со вадење на секој момент од детството на детето на инстаграм. Како што кажа, ок е ако е детето заинтересирано, ама зорле да му ставаш склети на детето зошто наопачки пишувало, ми е лудило. Мене ми се случи мајка да ме праша како тоа детето не знае да пушти сам YT и зошто не знае како да уклучи телефон сам, тоа било сега нешто најнормално, и упатив значаен поглед и се насмеав слатко. Дали нејзе и беше жал за моето дете или сакаше да покаже колку нејзиното е понапредно од моето, не знам.
ќе коментирам на цитираново,па макар и будала да ме направат. Понапредно е она што на 4 години знае да пушти YouTube а на 6 не знае да си ги врзе патиките? Понапредно е да уклучи мобилен и да пишне латиница а да не знае името да си го напише на кирилица? Или па јас сум заостаната...
Мое мислење е иако децата учат на школо и букви и бројки, читање, пишување не можеш да го пратиш без да знае да си ја напише барем неговата буква. Не дека во школо нема да научи, ама мора да има барем некое општо познавање за да не мачиш маки со него после тоа. Јас кога сум тргнала на школо сум знаела да пишувам, читам(не цели реченици ама зборови да), бројам итн. Кај мои блиски детето знае само да брои до 10, незнае ни како моливот да го држи. На запишување во училиште за прво одделение незнаел да нацрта ниедно животно ниту пак името да си го напише. И патем мајката зборува како се засрамила пред педагозите, а после тоа "Ееее затоа ќе оди на школо, за што зимаат плата наставничките, ќе го научат." Да, ќе го научат ама и ти како родител треба да му се посветиш на детето, а не да викаш оти е паметен дека знае да врзува муабети како возрасен човек и да управува со телефон. Е сега не викам јас да мораш на 4 години со сила да го тераш, ама пред 1одд. мора малку да поработиш и да го спремаш.
А нели на упис ги тераат да распознаваат бројки, букви, да напишат нешто? Јас планирам да го учам почетно пишување таму здравје пред школо во оние тетратки, со коси, прави, со полжавчиња, ченгелчиња, кругчиња, пошто тоа од програмата е изоставено сега, ама здравје, ако е заинтересиран нормално. Не е заинтересиран за боење и пластелин колку што би сакала, ама па сеа не може баш се да сака и може. Моево за пеење е заинтересирано искрено, знае на мало клавијатуриче да ја отсвири скала и тие некои до ре до ре до песнички ги знае, ама исто не форсирам, здравје пред школо ќе си каже што сака. За буквално се си кажуваат сами што сакаат нема потреба од форсирање. На крај краева не мора да се сите вундеркинд.
Какво елементарно познавање?! Мојава на 5 ќе оди, на 4 да ја учам да пишува?! Знаеш зошто децата после имаат проблем во школо?! Е од вакви што ги учат се пред да тргнат. Зошто? Затоа што на учителките им е полесно да работат со деца кои "се знаат", а овие кои "неписмени" почнале само препишуваат пасивно. Пак ќе кажам. Во школо се учи се, не дома, освен ако детето само не сака. И јас сум знаела се, сум се интересирала. Така кажуваат моите. Мојата теорија е дека сум го гледала брат ми, па постар, па за внимание сум се пикала.