Читање и пишување пред почнување на училиште

Дискусија во 'Дете' започната од wtff, 17 јануари 2014.

  1. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    2.716
    Пол:
    Женски
    Многу голем противник сум за учење на букви и бројки пред да се тргне во училиште. Па побогу за што се тргнува во прво одделение. Но искуствата на мајки на првооделенци не кажуваат така. Напротив програмата по Кембриџ по математика била толку набиена, што тој што не е поткован од дома ќе пропадне за час во нејаснотии и натрупани лекции врз лекции.
    Јас лично никогаш не би седнала да ја учам мојава на букви и бројки, но тоа место мене го стори татко ми. Ете она уште не знаеше да збори , ги кажуваше бројките. Девојчево е опседнато со бројки. На три години веќе брои до 1000, и сега гледам почна и за форми геометриски да се интересира. Имаме еден математички речник по дома, само тој и е во раце. Барата со паралопипеди, конуси , трапези и све живо.
    Околу читање не е толку ама затоа бројки и во сон си кажува ( станува од спиење и вика : десетката).
     
    На VDT2906, GirlRose, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    629
    Пол:
    Женски
    Сака јас да читам и да и покажувам со прстето и таа повторува ама тоа трае 1 -2 минути оти толку може да го задржи вниманието. А знам дете од пријателка кое чита од 3 годинки и тие не знаат дали по меморија или стварно знае.не го учеле никогаш да чита или му читале. Децата учат брзо. Не ме чуди.
     
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Прво почнуваат така со помош на фотографска меморија, а после полека се обидуваат да ги поврзуваат буквите. Син ми е "читач" од мал и го анализирав како го прави тоа.
     
    На lovely girl M му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Деновиве излегоа резултатите од меѓународното ПИСА тестирање за 2018 година во кое учествувале средношколци од 77 земји во светот. Тестирањата биле во областа на математика, читање и природни науки и Македонија повторно е на дното на табелата иако за разлика од 2015 година имаме подобрување за неколку места. https://www.vecer.press/македонските-средношколци-со-најлош/

    Дали покрај образовниот систем грешиме и ние родителите? Дали можеби е потребно децата да ги пратиме со некоја основа на училиште? На врвот доминираат земјите од далечниот исток, кадешто писмото има повеќе илјади знаци и децата почнуваат да ги учат од 2 години, а кај нас се уште е поактуелен ставот да не се оптеретуваат децата со тоа додека не тргнат во школо. А докажано е дека децата на возраст од 2-5 години учат најбрзо и најлесно. Секако нели не со принудување, туку низ игра и забава.
    Многу ме интересира вашето мислење, бидејќи јас сум во голема дилема. Ме интересира и во западноевропските земји како е, дали и таму децата првпат се среќаваат со бројки и букви во школо?
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.270
    Допаѓања:
    35.222
    Пол:
    Женски
    Не знам за сите Западноеворпски земји ама на пример во Велика Британија во дредени делови децата поаќаат во предучилшни центри на 3 години. Тоа му доаѓа како подготовка за училиште. Не учат бројки и букви туку развиваат математичка логика и слично.
    Е сега ПИСА нуди многу податоци меѓу кои и тоа дека децата што оделе барем, година дена во градинка пред училиште имаат подобри резултати од оние кои не оделе во сите земји. особено е битно во градинката да има програма која учи на математички вештини (зашто таа логика е битна за понатаму). Исто така не треба да се учат информации туку применливост на информации (тоа тестира ПИСА), кај нас е проблемот што ние учиме постапки, информации и слично без да учиме каде и како тоа се применува (на пример зошто треба да знам да решам равенка со две непознати, односно каде во животото ќе ми треба тоа).
     
    На Lella, kukla21, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Нема потреба да се праќаат децата некаде за да им се даде основа на училиште.
    Голема грешка ни е образовниот систем. Едно те исто учат од второ-трето до деветто одд. Отвори математика од 3 одд и ќе видиш дека се исти наставни единици до 9 одд па дури и редоследот е запазен. Тук тамо има по нешто ново но сосема малку. Моето прво дете е 7 одд и веќе редоследот на лекциите ги научи на памет. Дури сега во 7 мо одд учеа корени и си викам аааа супер нешто ново, не бре брате ги учеа на памет од 10-20 како се т.е корен од 100 е 10 а ние уште во 6 одд знаевме рачно (со пресметување) да вадиме корени од броеви а овие сега деца не знаат, за жал.
    Природни науки па потоа биологија, катастрофа. Струјно коло ќе го заучат од 2 ро или 3 одд па до 9 то одд, размножување на растенија и делови на растенија исто...само се менува терминологија што претпоставувам на кој како му дошло да преведе така се лупаат терминологии.

    Па колку и да си паметен едноставно системот ќе те затупави.
    Па имало многу 5 ки па ќе има кога секоја година едно те исто се повторува и кај и да е за 8 год ќе научиш :x.

    Физика и Хемија од 8 мо одд исто катастрофа, македонски ужас, ама затоа во 6 одд учат за Илијада и Одисеја како телиња и ништо не разбираат (facepalm).

    Така ќе си поминат 9 год основно образование т.е необразование и кога ќе дојдат во средно училиште навистина се губат и наставниците си имаат мака. Средното образ. не е прилагодено на Кембриџот од основно образ. Доаѓаат во допир со она што ,,ние,, сме го учеле. Физика и Хемија каде што во средно има степени тие не знаат затоа што до 9 одд не ни учат. Учат само квадрат и на трета евентуално четврта а она кратење и сл. не. Мислам дека во 3 то одд или 4 то одд се зезаат со купчиња јаболки па полку купчиња има тој е степенот и толку.

    Ужас.

    Воопшто не треба да се учат да читаат и пишуваат пред да појдат на училиште со зорт туку ете ако едноставно сака и изрази желба детето да му се покаже.

    Проблемот е во образовниот систем и тука требаат реформи но незнам кој паметен ќе се најде за да го среди образованието а до тогаш за жал децата ќе си останат неписмени а ние родителите ќе си ги учиме по дома. Јас бев најголем противник да учам со него затоа што со мене никој не учел но верувајте не само терминологија што има нејасна за нивна возраст туку и лекции кои не се за нивна возраст. Не велам дека не треба да знаат повеќе , да, ама соодветно за нивна возраст.

    Битно македонски немаат секој ден односно 5 часа во неделата али затоа имаат 3 пати англиски и 2 пати втор јазик. Посебно што учат граматика по странските јазици а сеуште не учеле на мајчиниот јазик (facepalm).

    Многу пропусти и глупости :tmi:. И така секја година си пишуваме, молби, барања и што уште не (бар од училиш. кај што оди моето дете) до МОН за за*баниот Кембриџ ама најверојатно се тоа завршува во канта.
     
    На Lolipop23, sofi2107, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.270
    Допаѓања:
    35.222
    Пол:
    Женски
    @slavica999 системот што Кембриџ програмата го има е концентрично учење (според една теорија на Брунер), односно би требало истите теми да се учат ама во секој нареден круг децата треба да добиваат се повеќе и повеќе односно се попродлабочени знаења на темата која се обработува.
    Е сега за да се случи тоа наставата треба да биде на почеток ептен практична со многу нагледни материјали и со многу повеќе часови за учење во школо. Дома не би требало нешто многу да учат децата. Кај нас проблемот е што се воведе тој систем без никаква претходна анализа дали е прилагоден за аншите услови или не и што истиот се воведе преку ноќ без никаква претходна подготовка. Сам по себе системот може и не е лош, ама не е за кај нас за жал.

    Инаку нас проблемот ни е што не ги учиме децата на мислење, туку на меморирање факти, бројки и термини. Тоа занчли дека баш јаболките и крушите се вистинскиот начин детето да ја сфати логиката на математичките постапки наместо да запамти формула која нема да знае да ја примени. Ама кај нас се трудиме да правиме некој хибрид од се и на крај ништо не испаѓа (односно имаме деца кои не се свесни за временски зони а знаат напамет колку овци има во секоја временска зона).
     
    На Lolipop23 и kukla21 им се допаѓа ова.
  8. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    19.729
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден јатрвче пуздер ме направи зошто малиот кој има 2 ипол години, сеуште не знаел да брои и да кажува бои. Јас и викам тој сеуште не збори убаво, а и има време кога да научи. Јас пред да тргнам во школо сум знаела да бројам и да пишувам букви па кога сум тргнала во школо досадно ми било на час, бидејќи веќе сум го знаела тоа и не сум се трудела на час. Затоа од почеток изгубив навика за редовно учење па ми беше тешко кога учевме други работи, едвај после со повеќе труд се надомести. Јас мислам дека има време кога да учи нека си биде дете. Кога ќе тргне во школо поинтересно ќе му биде и заедно со другите деца ќе си учи. Ако детето само сака и е заинтересирано тогаш во ред, ама да го терам сама не би.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    5.732
    Пол:
    Женски
    Јас така читав на 4 години и во градинка ми даваа разни сликовници, ми ги отвораа на рандом страни, ми покажуваа редови и јас точно знаев каде што стои поради таа фотографска меморија. Со текот на времето станав повеќе аудитивен или комбиниран тип.
    Ќерка ми исто така на три и пол четири „научи да чита од збор до збор,, неколку сликовнички. Е сега самата посака да пишува и пишува по некои зборчиња, зошто ги знае повеќето букви. Некогаш сепак и треба асистенција, но не ја форсирам воопшто и не ја практикуваме секојдневно оваа активност, но само кога таа изразува желба. Читав и некои истражувања од некои си германски психолози или педагози дека детето до училиште воопшто не треба да се форсира за овие работи и дека ќе учи кога ќе тргне на училиште, затоа е училиштето, а во раната возраст треба буквално да си игра и да биде креативно.
    Имам впечаток дека се створи некој натпревар помеѓу родителите чие дете е понапредно од другото, а помало. Што е најлошо вакви дискусии си водат и во присуство на самите деца.
     
    На Lolipop23, Gaga.sk и sofi2107 им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Јас ја разбирам програмата имам во блиска фамилија проф. но пак ќе кажам дека тоа концентрично учење ги убива децата во поим. До 5 одд формулите за плоштина и периметар ги пишуваат со зборови на едни те исти тела (правоаголник и квадрат) а од 6 одд е конечно а*б и сл. Што е тука продлабочено ?! Еве го 7 одд уште нема учено а и нема во учебникот формули за други геометриски тела. Посебна приказна се природните науки каде што нема соодветни лекции туку само опити/експерименти...хемија пак катастрофа, во 8 мо одд и 9 то одд хемиските елементи ги пишуваат со зборови (нема кислород О2 туку со букви ,,кислород,,) нема знаци, не ни виделе периодичен систем децата и доаѓаат во прва година средно како паднати од Марс (facepalm)
    Да не излегуваме од темата сепак...
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.