Дали верувате во тоа, јас верувам но не до тој степен дека можат да кажат на се што размислуваш, имам другар од Романија од Фоскани што кога го запознав ми викаше дека знаел до некаде да чита мисли и јас нормално не ми се веруваше ама детево ми погоди омилен број(, омразен предмет(математика) дека ич не сакам школо и дека моментално носам на мене нешто розево а тоа беше маичката што ја носев под блузата, потоа ми рече замисли си 1 број од 1-5 и повторувај го во мислите и јас ќе ти го погодам, и многу пати ми го погоди, незнам дали е сето ова коинциденција али .. ептен ме воодушеви детево
Ваљда не можат а ако можат да не го злоупотребуваат тоа.Замислете сите луѓе да можат меѓусебно да си ги читаат мислите,да бидеме еднакви.Интересно
Како што знам од еднаш да мислам на многу работи или на моменти можам да си ги блокирам мислите, па и нај добрата гатачка ќе ја збунам, ќе и рикне софтверот.
Ми се има случено неколку пати, ми ги читаат мислите, некои луѓе и ко нарачани ми се појавуваат ептен фино интересно, а можеби и само станува збор за коинциденција
Абе на оние шо се постојано врткат околу мене, блиски или не можам да и ги предвидам потезите денови и денови уназад. Знам шо ќе помислат и пред да си ја уклучат сијаличката. Е сега некои и ќе изненадат, па ќе заборават да размислуваат, но веќе се е пресметано
Јас несакам да читам ничии мисли. Тогаш животот би ми се променил за 360 степени што се вика и се', ама буквално се' би било различно. Мислењата не би ми биле исти, ставовите такоџе.. Благо кажано би имала сосем други мислења од веќе постоечките за луѓето и општо за човечкиот род. Впрочем јас и не верувам во читање на мисли. Мислам дека е чиста коинциденција погодувањето на мислите што ни летаат низ глава. Ќе верувам во ова, се додека обратното не се поткрепи со факти.. А тоа тешко некако оди..
Не верувам во читање мисли од проста причина. Сите се раѓаме исти. Ако беше така,тогаш сите ќе имавме различни дарби.Немаше да постои само читањето мисли. Тоа што викате ми се има случено,тоа е само коинциденција,или во краен случај,ако е многу блиска личност,ја знаете веќе и што размислува,каков став има...Тоа е.
Неговите мисли многу често знам да му ги прочитам,без разлика дали сме во моментот заедно или не.Мислам дека тоа е поради голема приврзаност.И пред да направи нешто знам се однапред. Но ме чуди што во последно време не само на него туку и на многу луѓе им ги знам постапките однапред,можеби тоа е од искуство,сум ги научила луѓето или пак што знам.
Како тоа исти? И јас мислам дека се работи за коинциденција, ама пак од друга страна мислам дека и не е баш така, можеби има нешто повеќе, а незнаеме.Мене ретко ми се случува пак со блиска личност, а почесто со луѓе кои и во краен случај и немора многу да ги познавам. Мене истото ми се случува, до сега неколку пати разоткрив и излегло точно , пример како што спомнав погоре, обично знам и не коментирам, додека не видам дека е тоа што претчувствувам.Не може да ги читаме мислите на другите, а како тоа се случува незнам.Секако дека ако една личност ја знаеш долго време, дека ќе знаеш што мисли, како би постапил итн.Не дека нешто знам да прорекнувам ама кажувам вакви мали нешта кои што ми се случиле. Убава е темава и интересна за муабет.