Леле во последно сите ми ги читаат мислите : мајками , брат ми ,и соучениците па се до учители . Јас ќе помислам на нешто тие ќе го кажат.Или нема да сакам да и кажам нешто на мајка ми а она од прва ќе погоди што е Сега не знам дали јас им ги читам милите или тие мене
Ме насмеа мене порано ми се случуваше, ама не често, ама сега во последно време често ми се дешава, незнам како А ми текне нешто, на другиот истото му текнува, е ај сеа А и ко ќе се деси, се бунам дека знаев предвреме Најарно да не мислам ништо, оти се ќе читаат Разбирам коинциденција, ама ова е пречесто да не изгледа само како коинциденција.
Често ми се случува, со мајка ми....Ептен си сме поврзани. Многу често ми кажува некои работи, онака низ муабет, а после тоа истите ми се случуваат онака ко шо ми кажала под ист редослед (ова треба да оди во предвидувања хахахахахахаха... )
омилениот број е среќа ако ти кажал од 1-10 има голема шанса да ти го погоди , логички не би бирала 1 или 10 па така шансата е 1:8 да ти погоди , што погодил , за математика на 90% од луѓето им е омразен предмет така да нема тука нешто посебна магија а за 1-5 број пак , 1:5 е сепак мала шанса да ти го утне особено ако го истренирал трикот. Ја читам мисли , т.е ако се рачунаат тие мисли на другарите , знам што ќе помислат и кажат во одредени ситуации пред тоа да го направат ,исто и они мене ... ако некој знае што мислите , тоа значи дека имате потециална опасност или многу добар пријател покрај вас Човечкиот мозок кај повеќето е едноставен и лесен да го прочиташ .... како за кого ....
Во последно време многу често ми се случува.Понекогаш ќе си помислам дека имам натприродни моќи . Со мојата најверна другарка често се случува да кажеме нешто со потполни исти зборови во исто време и се заќудуваме што ли ни се случува.Исто и со учениците од класот.Кажам нешто и ми рече некој аман ма сега јас ќе го кажував тоа како ми ги читаш мислите. Понекогаш знам и да ги изнервирам така
Не верувам во читање мисли од проста причина дека ми се нема случено. Дали мозокот ми е толку комплициран, па луѓето не можат да одгатнат што мислам. А и.. подобро. Не сакате да знаете што се поминува низ мојата глава А инаку, погоре прочитав коментари како блиски луѓе можат да ви ги читаат мислите. Според мене тоа е нормално... Мене ми е доволно да го забележам погледот на мајка ми/татко ми/брат ми и да знам на што мислат. Или пак, има една друга варијанта - премногу сте отворени. Мене порано баба ми вака ми правеше. Ама ете сега како што потпораснав се научив да не бидам толку отворена... бади ленгвиџ енд стаф :geek:
Ми се има случено со другаркиве нешто во исто време заедно истото да го кажеме,или пак пред да каже таа нешто,јас да "предвидам" што ќе каже таа,но јас мислам дека тоа е поради блискоста и долгото другарство,сепак со неа се знам скоро цел живот.А пак некој друг да ми чита мисли,ми се нема случено.Не знам дали да верувам во ова или не.
Хахаа..абе ме изнасмеавте јас читам мисли ,мајка ми ми чита мисли итн.. хахах не го може тоа секој брее тоа се надарени луѓе од бога што може и да ти ја предвиде иднината (тоа е веќе длабоко читање)а има случаеви каде што има предосеќање на пример имаш некое предчуство дека нешто ќе се деси,тоа барем на секој човек му се има десено но е само едно предчуство,но кога станува збор за поозбилни нешта тоа е веќе дарба..
Јас мислам дека мислите можат да се читаат само при телепатија, значи ако сакаш или несвесно му пратиш мисла некому. Ако мислиш нешто што не планираш никој да го претпостави, тогаш не може. Ама, ако мислиш нешто за некого, тој ќе осети дека го мислиш тоа, односно ќе ти ги прочита мислите.
Јас мислам дека секоја мисла што некој ќе ти ја погоди е всушност случајност или производ на некаков трик, но дека стварно некој чита мисли тоа дефинитивно, барем за мене, не е веројатно.
Не знам дали е ова читање мисли... Понекогаш, кога некој клиент се јавува за да го отворам веќе постоечкиот акаунт на некој корисник, како пред време знам точно за кој ќе ми каже, секундарно очите ми се вперуваат во името и презимето на корисникот, уште пред да ги изговори зборовите, клиентот.