Често ми се случува да читам повеќе книги одеднаш, но никогаш не читам повеќе од 2... еднаш во исто време читав две книги ("Времеплов" и "Ацела"), а во двете книги стануваше збор главно за вонземјани и за иднината...главно слична, научно-фантастична тематика... и кога ме стана наставничката да прераскажам што сум прочитала, за малку ќе фатев да раскажувам за Aцела...
Многу ретко ми се случува да читам повеќе книги истовремено. Значи, кога ќе почнам да читам некоја книга се внесувам во неа, и сакам убаво да го сфатам и анализирам делото. Мислам дека не може доволно да се посветиш на повеќе книги истовремено, се губи сенсот, се мешаат приказните, ликовите...
Кога читам се внесувам во книгата ,и сакам содржината да ми е во глава ,ако почнам да читам и други книги истовремено малку ке ги измешам поимите и содржините . Така да НЕ.
Уживам да читам неколку книги истовремено од проста причина што ако читам само една, може брзо да ми здосади. За сите работи сум таква, едноличноста брзо ми станува досадна. Максималниот број на книги што сум ги читала истовремено е (да не ме направите будала, ама... мислам 5. Не сум точно сигурна. Три од нив ми се чини беа англиски класици, а другите посовремени.
Имам читано. Една започната, другата ја започнувам и завршувам после се враќам на првата. Можам и повеќе да читам истовремено, бидејќи паметам, ги читам релативно брзо и не мислам дека би ми претставувало голем проблем. Ама, јас премногу си се посветувам на книгите и затоа во 99% од случаевите си читам една, си ја завршувам, па после другата ја започнувам.
Не сакам да читам повеќе книги истовремено. Го направив тоа еднаш и сите ликови и настани ми се испомешаа. Сакам квалитетно читање,дасе фокусирам на една книга се додека не ја прочитам целосно.
Јас моментално го правам ова ама не е добро ИЧ! Сега едната ќе ја дочитам, па после другата оти вака се ми се измеша :/
Никогаш не сум го практикувала ова и не би. Зборувам за слободна литература. И јас сакам на раат да си се посветам на една книга и така да ја завршам. Кога снемувам трпение ја оставам и почнувам нова, на старата можно е некогаш да се вратам а и не мора да значи.
Неодамна читав две книги истовремено, едната ја позајмив од библиотека а втората ја читав на компјутер, бидејки ја имав симнато во електронска верзија, и искрено сметам дека тоа беше лоша идеја бидејки беа многу различни, подобро е да се читаат книгите една по една, за да можеш да ги доживееш на вистински начин.
Во последно време читам по 2-3 книги наеднаш. Гледам да се многу различни, за да не ми се помешаат, иако тоа е како да гледаш различни серии на ТВ - не можеш да помешеш Ако сум расположена за мистерија, читам една, ако сакам филозофија, другата, ако сакам лесна книга - третата АКо се сака, се може
Пред некој месец читав две книги истовремено, беа сосема различни, па не ми се испомешаа Не практикувам многу вака
Знам како ти е.Кога една мораш да ја читаш,но ти треба и друга некоја да се опуштиш и релаксираш.Но обично во последно време се посветувам само на една книга и ништо повеке.
Ретко го практикувам ова, а не ми е воопшто тешко. Најчесто читам некоја лектира во исто време со друга - слободна книга. Или пак слободна книга и е-книга. Максимумот ми е читање на 3 книги во исто време. Можам да се фокусирам добро на двете, иако ако ме заинтересира некоја ептен знам да ја оставам другата и да ја дочитам. Дупла ефикасност.
Секогаш читам една книга, никогаш две во исто време. Не се плашам дека ќе ми се помешаат содржините, туку сакам да се науживам на почнатата книга до крај, па потоа да земам нова за читање...