Ми се случува тоа по 3 да почнам и таа што ми остава најголем впечаток ја терам прва до крај па после другите 2 И сега тоа ми се случи,ја почнав Папокот на светот од Венко Андоновски и уште 2 од саем што ги купив и сеа почнав друг редослед
Книгите ги читам една по една. Кога читам нешто сакам целосно да навлезам во една и единствена приказна и откако ќе ја завршам истата се посветувам на наредна... Не практикувам читање на повеќе книги истовремено, некако ми е без врска... Една по една, се во свое време.
Ми се случило да читам по три книги одеднаш, но никогаш пак не би го повторила тоа. Ќе си ги читам една по една, секоја ќе дојде на ред.
Момемтално читам две книги и плус една аудиокнига (што ке ја оставам). Денес ке гледам да завршам една од книгите бидејки ми е тотален хаос во глава. Никогаш повеке. Што почнам прво тоа и ке си завршам.
Книги слободни не , ама книги стручни да. ехеееееее кога се нема време , се читаат два предмета напоредно и те како/
Da se razbira. Toa sto se cita vo voz ne se cita pred spienje. Obicno imam dve knigi vo opteg, a po nekogas treta vletuva. Citanje nekolku knigi vo isto vreme go svakam kako rabotenje poveke domasni raboti vo isto vreme. Masinata si pere, jas mozam rucek da zgotvam.
Не го практикувам ова, не дека би ми се измешале податоците околу повеќе книги, туку едноставно бидејќи сакам да се посветам целосно на една приказна. Секогаш при читање се внесувам во содржината, локациите, ситуациите и психата на ликовите, на посебен начин приказната ме пренесува во друг свет, за разлика од гледањето серии на пример. Затоа кога ќе најдам привлечен наслов и рецензија за нова книга, гледам побрзо да ја завршам тековната.
Една по една, не можам по две наеднаш се ќе ми се измеша, сакам да се сконецетрирам потполно на книгата, нема потреба од брзање...
Една по една и јас. Не можам истовремено две, сакам да уживам читајќи ја книгата и нејзината приказна, пред да се префрлам на друга.
Не, никогаш не сум читала две во исто време. За мене секоја книга е посебна и вредна за читање (освен Лајла Грејс ) и не сакам да го делам времето за неа со други книги. Инаку, не ми се мешаат податоци, бидејќи покрај нормални книги испечатени читам и кратки „приказни“ на Wattpad во слободно време.
Не, не и не!! Слободна литература никогаш не можам да читам повеќе книги одеднаш. Читам една по една, со цел да навлезам длабоко во книгата и да се соживеам со приказната. Доколку станува за стручна литература, и те како се може доколку е 15 до 12 шо би рекла
Порано не можев да замислам да читам повеќе книги,туку една ја делкав по неколку денови,онака лежерно.Сега знам да започнам една на англиски,друга на македонски за на плажа,трета со научна содржина и воопшто не ми е тешко. Пред легнување ја читам онаа од лаптопот,кога ми е досадно онаа полесната,а час,два попладне посветувам на научната. Не дека секогаш е така,ама си го координирам времето,а не ми се мешаат ниту податоци,ниту ликови.
Имајќи предвид дека преферирам тешка психологија, не би читала повеќе книги од еднаш. Не дека тоа не е можно но џабе потрошено време би било тоа. Кога читам една книга, максимално и се посветувам на неа. После секоја книга правам кратка пауза, па потоа започнувам нова.
Со оглед на тоа што читам се што ќе ми падне во рака, секогаш читам повеќе книги одеднаш, и тие книги немаат допирна точка една со друга... исто така читам многу online ( доколку читате на англиски може да си се логирате на Wattpad)....
Најмногу имам читано 2 книги истовремено. Мислам дека тоа ми било прв и последен пат. Немам навика да читам неколку книги истовремено, затоа што не е исто чувството кога целосно и длабоко си посветен на содржината и анализата на една книга.
Не, никогаш не сум пробала да читам две книги истовремено, а и не би можела ќе збркам се. Јас сакам максимално да уживам во книгата.
Искрено досега и немав помислено да читам повеќе книги истовремено, затоа ќе кажам едно големо НЕ. Не сакам да ми се испомешаат содржините на книгите. Кога ќе почнам една сакам да се концентрирам само на неа, да се соживеам со содржината и ликовите. Ги обожавам книгите, кога читам патувам во некој друг свет и мразам ако некој се обиде да ме извади од него.
Не преферирам читање на повеќе книги истовремено, ама во последно читам се повеќе дигитално и некогаш кога сум преоптоварена имам потреба од книга која можам да ја држам во раце, па колку и да сакам да ја дочитам книгата која веќе сум ја почнала дигитално, ми треба одмор па земам хартиена да читам паралелно.
Од пред кратко време почнав со читање на 2 книги истовремено. Обично едната е белетристика, а другата е некоја филозофска или психолошка книга. Едната е хартиена, а другата електронска. Супер ми иде, заради различната тематика и различната содржина на книгите никогаш не ми се мешаат, а електронската ја читам на телефонот во read mode (без плаво светло) и супер ми се наоѓа за по чекални, иако си ги читам редовно и по дома, де
Не можам да читам две книги истовремено, но продолжувам со друга веднаш штом ја завршам првата. И баш ми е криво што не можам да читам електронски, поекономично е, но хартија си е хартија