Само во случај едната да е биографска (или некоја за самопомош) а другата роман... Инаку сакам да си ги уживам приказните на раат една по една
Постојано по 2. Читам една на македонски печатена и плус уште една на таблет/телефон на англиски за во автобус, додека чекам. Никогаш не сум ги помешала приказните, исто ми е како да гледам повеќе серии, за секоја книга си ги имам замислено ликовите и нема шанса да го помешам дејството.
Има фабрички опција. Инаку има и апликации демек што го прават истото, ама што прават тие - појма немам.
Јас до сега немам пробано да читам неколку книги истовремено, освен секако тие за факултет, ама тоа не се рачуна. Луѓе кои што често го практикуваат ова тврдат дека всушност побрзо успеваат да ги прочитаат книгите така, бидејќи не заглавуваат ако некоја книга не им е доволно интересна. Мене овој начин на читање ми се гледа интересен, дефинитивно ќе го испробам.
Јас читам по 2. една пред легнување а друга кога сум послободна на работа. Сега ги читав Шепнувачот и Централ парк. Сега ќе ги читам Мојот живот во харем и Мали црни лаги
Не практикувам читање на две различни приказни истовремено. Книгите ги доживувам како мал свет енигма кој бара посветен пристап на содржината, настаните и ликовите.
Кога почнав да истражувам за психолошките книги од мојата љубопитност за побрзо се да знам читав и по 2 оддеднаш. Не е толку тешко. Сепак друго е кога целото внимание ќе го посветиш само на една книга. Да ја разбереш содржината и нешто да научиш. Некои што се потешки ги читам само нив за да се посветам убаво.
Јас читам по 2 и не се бунам воопшто. Сосема различни приказни се, тоа ти е исто како да гледаш 2 серии, сезона или епизода од една, па друга
Обично не читам повеќе од една и прилично брзо ги завршувам. Но, понекогаш кога не ми е толку интересна книгата, а не ми се остава, ја завлекувам, знам да земам некоја друга, обично помала од првата.
Јас летово прв пат читав две одеднаш, и тоа дека треба за испити да учам и тек накај октомври ќе можам пак да читам а сакав да ги завршам и двете и мораав иначе не сакам, поубаво ми е една по една.
Во последно време ми се случува да читам две,па и три истовремено.... од нетрпение и радозналост го правам ова, па макар и 20 страници да ги поминам и пак да ја оставам да почека Но,најубаво е една по една....тоа е вистинското уживање
Никогаш не читам повеќе од една. Ако некоја ми е досадна, најпрво и' давам прилика уште некој ден. Ако упорно не ми држи внимание, ја баталувам. Има толку многу книги за читање, а толку малку време за да се троши на книга што не ми се допаѓа.
Секогаш читам само по една книга и максимално и се посветувам, па потоа почнувам друга. Ако почнам повеќе книги да читам одеднаш, голема е веројатноста некоја да остане недочитана зошто некоја би ми привлекла повеќе внимание.
Секогаш читам само една книга. Тоа дали ќе ја завршам зависи од тоа дали ќе ми го задржи вниманието, ама во никој случај не почнувам две или повеќе истовремено. Не можам така да го делам вниманието.
Во последен период и за оваа една немам фокус се навикнав на брзи и кратки информации и сега на мозоков му е тешко да се прилагоди да почне цела книга да фати да чита ми фали времето кога читав по неколку книги месечно.