1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Членка за која сте имале погрешно мислење

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од maca99, 30 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Bona-дефинитивно членка за која имав многу погрешно мислење, мислев дека е зрела и паметна за годините ама после едно препукување на една тема почна да ми праќа ЛП таму да се обрачунаме...колку само погрешно ја проценив, веќе не е активна... мразам ликови кои се преправаат, глумат и имаат скриени намери, само прават маска и чекаат шанса да се испукаат и да си го покажат вистинското лице.
    Боа-малку се запукавме со Боа во политика, поинакви ставови и мислења и се зарчкавме, мислев дека е партиско војниче и дека со сите сили се обидува да неметне мислење и да ги одбрани владеачиве.....колку само сум згрешила :headbang: :headbang: :D
    Мскопионка-мислев дека се зачленила само за да контрира и да се закача, намерно да провоцира и да иритира....но, постепено читајќи ја го сменив мислењето и мислам дека е екстра женче, има :bow: од мене.
    ....за сега толку, може и ќе се вратам :)
     
    На baguf4e, Offspring, MSkorpionka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Воопшто не е навредлива темава, напротив комплимент е да дознаеш од некој дека всушност имал погрешно мислење за тебе а сега те цени и почитува.
    Јас лично најмногу луѓето ги оценувам по гримаси, потези и начин на зборување.
    А на фемина имаме поинаков начин на комуникација, може 100 пати да го смениш мислењето пред да го испратиш, не знаеш какви фацки некој прави додека ти пишува и сосема е нормално да не се разбереш со некој. Вербалната комуникација е многу потешка за оценување на личностите.
    Треба многу мислења за да се види каков е еден човек.
    Затоа виртуелниот прв впечаток често може да е погрешен.

    Џули и Лилит. Си викам иии види овие навредуваат бе. Додуше они си се директни девојки и реални. Ама треба време да спознаеш дека тоа е нивниот карактер и начин на комуницирање. Сеа многу ми се допаѓа нивниот став и гледиште на животот, ама тогаш на почетокот дури и знаев да се налутам, али се е недоразирање.
    Ах да и Сеси зашто се рчнавме одамна и јас си фатив здраво за готово. Али Сеси е една прекрасна личност и сеа баш немам ништо против неа. Напротив само позитивно.


    Многу е добро кога ќе го смениш мислењето кон некој член, лошо е кога постојано имаш негативно мислење за некој член и ништо не допринесува за истото да го смениш кон него ;)
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Хммм, интересно :)
    Јас имав погрешно мислење за Блонд и Ким, еднаш реков. Незнам ми газеа по нерв :?: Ама сега ми се и двете многу мили, можеби на Блонд тогаш хормоните и мавале поради бременоста ама ок е :lol:
    Ким многу си ја засакав додека бев модератор, додека се договаравме што и како да средиме низ кафе-муабети :)
    За Пинк4евр имав глупо мислење, од типот аман ова мало кад е се упикува кај што не му е местото |( Ама сега не, дури мислам дека е препаметна за годините, јас на нејзини години бев муле.
    Исто и за Дејзи го имав сличното мислење, а сега ми е еден од поомилените форумски ликови од помалата генерација заедно со ова погоре и Вајлд .
    Имав и за Скорпионка лошо мислење, пред се затоа што мислев дека од партија ја праќаат да пишува :D Па стварно, на почетокот ретко ја имаше надвор од политика. Ама подоцна сфатив дека немора да значи ако не се согласуваме во политика дека мора така да биде насекаде.
    За Ашлинг и Бич`д сите се согласуваме дека газеа на нерв, о Боже колку само нервите ми ги танчеа :D А сега ми се едни од пореалните ликови на форумов, и стварно ги замолувам повеќе да се активираат! :fubar:
    За Теодора немав лошо мислење ама ме мрзеше да читам долги постови и најчесто ја скролав (срам да ми е), подоцна открив дека имаме една заедничка страст према мачки и се спријателивме на некој форумски начин. :)
    Срам да ми е! Ја испуштив Кате21! Незнам зошто за неа имав мислење дека само седи и идеализира на форумов, не превзема ништо, некако шмизлетина ми беше. А Сега се случува одвреме-навреме да и пишам лп која се состои од "Само да те поздравам :* " Некако наеднаш мила ми стана откако ми пиша една скокотлива порака дека на моменти неможе да ме поднесе, па потоа се размуабетивме и сфативме дека не сум ни јас лоша, ни дека Кате е шмизлетина. Абе, смешки...
     
    На MSkorpionka, blond, x.Daisy.x и 5 други им се допаѓа ова.
  4. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Хм.

    Каша.
    Си велев дека само ремети, пишува безвезе, а сега ми е баш интересна.

    Во моментов не ми текнува на други, ама кога ќе ми текне - ќе пишам. :)
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Заборавив да кажам. Жап4е! Може е смешно али на почетокот не ја читав само поради четворчето во никот :D :*
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Баш е интересна темата, не мора одма да се брише.


    Да не мислиме на истата членка?

    Мене на почетокот ме нервираше Лов3 :$ Срам ми е да кажам. Многу негативно мислење имав за неа, но кога почнавме да си пишуваме на четот, па си разменивме фб, сфатив дека си личеме по малку во карактерот, затоа сега ми е како сестричка. :*

    Потоа Џули, ама не се сеќавам која Џули, оти 2 има. Зборувам за онаа што ме има поздравено тогаш кога го имав потписот со македонската кошарка, ќе се пронајде сигурно. Сега ми е многу фина и мила и редовно ја читам.
    Не ми текнува на други.
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Епа не знам за која зборуваш ти. :D Како и да е не би ја именувала јавно :)
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    СП ... до Старбакс поради најубавиот потпис кој го има на форумов. -
    Еве го поздравот и една е Џули на форумов ... Значи ме сотревте на темава :tmi: ... Толку ли ви оставам прв лош впечаток?? :?:
    Да ме знаете реално не би рекле ... :wasntme:
     
    На Miss.Ricci и starbucks им се допаѓа ова.
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Мене Џули таман ми беше :) . Ништо кај неа не ми засметало.
    Јас Енца не ја трпев. Мислев дека е пресамобендисана и арогантна. Ама пред некој месец го сменив мислењето.
    Гледам дека повеќето имале лошо мислење за некој поради политикана. Јас затоа не ни отварам таму, затоа што сите како други личности да се.


    Едит: Морам да се соглсам со Марама за Дафни. Многу сакав да ја читам, дури на моменти добивав инспирација од нејзините зборови. Ама сфатив дека очигледно мисли дека е подобра од сите, а ние сме така ниски, нискички...
     
    На enca.69 и julie77 им се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.391
    Пол:
    Женски
    Срам ми е да пишам и и се извинувам , но на почеток Тедимече не ја сакав многу. Кога ќе ја видев должината на постовите превртував очи и си велев- Како не ја мрзи толку да пишува? Но, кога почнав да ја читам благодарна и сум за големината на постовите затоа што ме допираат и многу често го отсликуваат она што ми се случува. И помила е од плишано мече :wasntme: :*

    На негативно ми се смени кон Дафни, на почеток ми беше интересна ама после заклучив дека е само самобендисана и личност која доаѓа на форумов за да направи хаос.
     
    На Offspring, teddybear и thinkerbell им се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Мене мама ми вика за сите имај добро мислење додека не те наведат на друго. :)

    Таква сум и во реалниот живот... Не можам да донесам брза одлука за кој каков е, не дека е добра особина... Имаше некои што ги скролав на времето, ама ни имињата не сум ги видела ... :)

    Искрено со секој пост некоја може да ми остави неубав впечаток, а воедно со друг да го исправи таквото мислење... Немам конкретен пример за темава, стварно не ми текнува... :)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Јас сум немала за ниту една членка погрешно мислење,сите ми се точни!
    Сериозно,така е.
    Барем со оние што сум се нашла во дискусија..значи ДИСКУСИЈА, не "јас вака мислам и крај!", не ми се сменало многу мислењето дека се личности што размислуваат со своја глава.
    Дали јас или тие биле во право воопшто не е важно во случајот.
    И затоа си ги сакуфкам како форумски ликови и уште ги читам,затоа што имаат што да кажат.

    И за сите останати категории на форумски ликови сум со исто мислење од старт.

    Ова е исто како
    "Кого го сакаш повеќе татичко или мамичка?
    -Двајцатаааа!"
     
  13. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    оф оф оф колку пати си се прочитав :rofl:
    некои тоа преку пораки ми го кажале, сепак мило ми е за тие што смениле мислење во секој случај.

    јас оценувам луѓе од прва и тешко мењање после. за тие што не ми се по ќеф јавно си се имам изјаснето, како Дафне на пример. можам само да кажам среќа што ја нема веќе. толку умислено суштество немам сретнато.

    иначе вака во принцип не сум хејтер ама не сакам луѓе кои не прифаќаат туѓо мислење и ти реплицираат на секое.
    коа кажав дека не ја сакам Бијонсе на пример леле мајко, чупаво беше тоа :D

    м да. и не почитувам луѓе кои мислат дека се стручњаци и теми од некоја област се резервирани само за нив, а потценуваат туѓо мислење.

    ај за да ви биде поинтересно ќе кажам дека сум сменила мислење на подобро за Пирамид. :)
    не дека имав некое лоше, ама онака многу долги постови најчесто скролам, и сеа брзо викам дај да видам што инспирација има волку за пишување :rofl: и богами ми се бендиса. у текстот за Југоносталгијата посебно се најдов. :)


    ааа сеа ми текна мора да едитирам: Глувче! членка од вчера вечер што веќе има близу 100 мислења и коментирано во секоја тема. дефинитивно лош прв впечаток.
     
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    За Реинбоу, затоа што на почетокот, незнаев дека е модератор, и дека малце ме опоменуваше. Но, сватив дека е многу добра и праведна личност!
    За Плавуша, мислев дека е самобендисана. Ама сега воопшто не е така, баш ми е пријатна.
    За Блонд, незнам зашто малце ме нервираше, ама ми стана многу драга, и многу ми е интересна.
    За Дејзи и Лов, но исто така многу ми се подобрија мислењата за нив.
    И за Венди, заборавив, мислев дека само сака да се кара, но сега многу сакам да ја читам.
    Без љутки. :$ :rofl:
     
    На vendiii, blond, x.Daisy.x и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    За Енца, ја мислев за самобендисана личност.
    За Жапче, едно време ми газеше по нерви.
    За Лилит, на почетокот прва ја забележав, ама имав негативен впечаток за девојката. А всушност не е така.
    За Теодора и Тедимече, ги скролав заради предолгите постови на моменти, ама кога почнав со внимание да ги читам, ми станаа едни од најдобрите ликови овде.
    За Плавуша, ме изнервира во темата за факултетите пред некое време. Ама ок е сега.
     
    На enca.69, zhap4e, Theodora и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Леле на почетокот не ми текнува баш многу,многу се сеќавам дека Бројче и Лизалка ме нервираа по малце,многу ми се правеа важни,после видов дека не е така :)
    Ме нервираше и Жапче,одеднаш од негде изникна,а,јас не ни приметив и ја скролав едно време :D ,ама сега пак гледам дека сум згрешила и дека Жапче наша е многу мила :)
    И Каша :D
    Прво зашто се спречкаве на темата со Бијонсе (ова уште не можам да ти го простам,Ким да ја сакаш повеќе од Бијонсе :devil: ) ама,баш ми е забавна за читање,има интересни мислења :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Swcii мислев дека е океј, ми падна во очи пошто повеќе пати тој ден ја прочитав во теми што ги отворив, и на нормални мислења наидов. И откако почна слики туѓи да лупа и да изјавува како спиела со повеќе од 10 луѓе на 17-18, другарките ја мразеле пошто имала најголеми цицки и најубаво се облекувала... Пиши пропало. Без пардон сеа, молим.

    Kasha, јас во темата за Бијонсе добив некој ептен безвезен впечаток, ама задње време си ја читам, арна е. :)

    И deer, човече. 2-3 мислења така полиберални, ај реков интересно пишува... И се зезнав. Сите можни постови на тема секс, врвот беше на тема фетиши, со пелените. Е неам пост прочитано од тогаш нејзин, и чисто сумњам дека 17 има.

    А да, кога чачкав низ теми за коса, точно пар прашања што ме интересираа ги имаше поставено n.a.k.e. и се израдував, прашал некој паметен место мене... И после секој трет пост нејзин, со едно те исто прашување, катастрофа интерпункција, зборот да го тумачиш што сакала да каже, убедливо погрешно мислење од старт за членката.

    Тоа би било. :D
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Од мислењата што ги прочитав за мене сфатив дека има подобрување на сликата што ја створиле тие што ме спомнале од самото мое појавување на форумов до ден-денес, барем така викаат и мило ми е поради тоа, го замислувам тоа како график и линијата оди од долу нагоре.

    Инаку, се на се мислам дека добра проценка имам направено во мозочниве ќелии за форумџиките и не ми се сменило баш мислењето за да набројувам, барем не драстично, ама ми текнува на навредата што ја добив од Џули (да не си рече сеа:еве ја и оваа се јави :lol: ) и многу ми падна во око тогаш, ама потоа си реков ај нема врска, и почнав да ја заборавам и исто како да не била зошто сфатив дека не е таква :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    За Марама во почетокот мислев дека е претерано самобендисана и умислена личност но откако почнав да читам некои нејзини мислења впечатокот ми се смени за 360,всушност ми изгледа како зрела,паметна и интересна за читање форумаџика.

    БоаВиста страшно ме изнервира во една од темите за политика но сега ми е супер,па и уште тоа што навива за најдобриот клуб на светот Реал Мадрид :) .

    Каша во почетокот ми изгледаше како девојка која по секоја цена сака да се кара и да провоцира но сега ми е интересна за читање.Најмногу ми се допаѓа тоа што по секоја цена го брани своето мислење и знае да аргументира добро а не колку да се напише нешто.

    За сега не сум за никој сменила мислење во негативна смисла,се надевам дека така и ќе остане ;) .
     
    На Kasha, BoaVista и marama им се допаѓа ова.
  20. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Најпрво Rock-a-fella . :lol:
    Форумџиката со која за прв пат(мислам) дојдов до конфликт на форумов. Леле колку ме нервираше! Само скролав надоле. :D
    Сега гледам и ти си ме спомнала,а само што сакав да те пишам. Сме се виделе и во живо, фејцбук и се како што си иде и сега си ми мнооогу мила личност. :inlove:

    Имам и повејче, ама не би дискутирала. Моите мрачни филмови не се за во јавност. ]:)
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.