1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Членка за која сте имале погрешно мислење

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од maca99, 30 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Кога ја прочитав темва прво што ми текна беше МкШкорпионка.
    Такво мислење добив за неа од политичкине теми.Не ради тоа што бевме од спротиставени страни ,туку ми се чинеше (без навреда :$ ) како празноглава девојка со испран партиски мозок.
    Ноо :!: подоцна низ темиве сфатив дека се работи за исклучително интелегентна жена,со добри ставови.
    Исто беше случајот со Старбакс.Ја замислував како некое мало дете кое се впушта во за нејзе пресериозни дебати,а се навредува и љути од сечие контра мислење.
    Излезе дека е квалитетна форумџика и мила девојка.
    Има уште,ама за овие беше така подрастича промената :D .

    Еве ви бакнежи и на двете! :*
     
    На starbucks и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  2. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Најпрво кога се зачленив уште одма Лилит ја ставив во непријатели, сега не се сеќавам зошто. Бог да чува, не знам што ме стегаше паметот во тој момент, знам дека само по саат или два не смао што ја зибришав од непријатели туку и во пријатели си ја ставив. Навистина ќе беше голема штета за мене да ја пропуштев шансата да запознам една таква прекрасна личност и таков брилијантен ум како нејзиниот. :*
    Мимс89 и Мисчето над мене, не се сеќавам зошто, но ги скролав.
    Ја скролав и Росоњерка заради никот, срамота :$
    Некој ден ќе седнам и ќе ги прочитам сите мислења што ги скролнав.
    Девојки сега ми сте едни од омилените форумски ликови. :*
     
    На mims-89, Miss-Independent и rossonerka им се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Не знам зошто ама јас кога забележам форумски ликови како Каша и Шкорпионката знам дека многу ветуваат :D

    Сега за сега за никој, здравје понатаму.... :)
     
    На MSkorpionka, zhap4e, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас претежно ако сум сменила мислење за некоја било на полошо. Не мора да сме се сконтрале, туку само од читање на постови.
    Лилит(како и повеќето :lol: )на почетокот мислев дека е некое тешко самобендисано суштество кое секогаш мисли дека е во право..
    Ама понатаму се уверив дека знае за што зборува и стекнав почит спрема неа.(Иако се уште не мисли дека е така, ама еве сега јавно си кажувам). :)
     
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    1. Nightwalker
    Мислев дека е дојден за друго и дека не го бива , али погрешив и неколку пати пишав извини :D
    Сега заедно ги крадеме кладилниците .... т.е они нас не крадат :rofl:

    2.Rossonerka
    Напочетокот се разбира во полињата на фудбалот ржавме како кучиња, Ама се разбира кога ги најдовме заедничките непријатели (Манчестер ) се здруживме и сега се бориме против злото во Италија :rofl:


    Има и уште една ама таа сеуште ја скролам и сеуште не верувам дека би ми докажала дека имам погрешно мислење :fubar:
     
    На Nightwalker и rossonerka им се допаѓа ова.
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Офи и Росоњерка.
    Офи на некоја тема ја сретнав каде си имаше мислење во нејзин стил напишано, а јас со мојот памет си викав што глуми оваа богу и батине, демек она најака и бла, бла. Цело сценарио си направив и ја скролав.
    Јас има некоја чудна навикна членките по аватар ги распознавам, а Офи смени аватар и и прочитав некое мислење, се подзамислив и си реков па и не е така лоша како што ја замислував.
    Да бидам искрена и прочачкав низ мислењата и увидов дека навистина Офи е само малце по директна и арогантна по не е дрска и безобразна.

    За Роси, мислев дека е некоја мамина и татина галеница, разгалено дете, кое по цел ден се лицка пред огледало.
    И дека освен да збори за мода незнае ништо друго.
    И тука се излажав, почнав полека да ја читам и сфатив дека сум имала апсолутно целосно погрешна претстава за неа.
    Сега ми е многу симпатична и интересна.
     
    На rossonerka и Offspring им се допаѓа ова.
  7. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Венди и МисРичи
    незнам ни јас од кој причини, и што ми се мотало низ глава. :lol: Ги скролав мислењата, и кога почнав да ги читам, видов дека сум грешка. Со МисРичи и во ,,Што би и кажале на форумџиката над вас‘‘ зборувавме, и увидев дека сосема сум згрешила. Сега ги читам нивните мислења, особено оние во СДК. :)
    За други неможам да се сетам, ама има многу, кои сум мислела добро, а оно друго испаднало. :lol:
    На прво место оние кои се активни, и на крај во некоја тема ставаат туѓи слики.
    За другите нема да именувам. :)

    Уште поголем е бројот за оние кои мислев дека се дупло повеќе години. :lol: Според мислењата ми изгледаа така, а они биле помали. :wasntme:
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Jaс ќе си ја надополнувам листата како ќе ми текнува така/
    Љубам-Кога ја читнав еднаш во СДК зборуваше само за некои изложби и за ќеркичката,па еднаш искоментирав нешто за што се каам :$ ,откако убаво увидов која и што е Љубам ,не само што ја засакав и ја почитувам ,туку и и се восхитувам премногу :bow:

    Ели25-И за нејзе слично ко погоре,само нешто се жалеше,де ова де она....ама и нејзе скоро сите мислења и ги прочитав,ми стана многу драга,а и ми помогна многу.Ја ценам ,и мислам дека навистина е една од подобрите во душа,дека не глуми на форум,се познава дека е мило девојчето :)

    Пирамидата-мислев дека е арогантна,и се прави над сите нас :angel: Shame on me!!!Пирамидата е најдобриот форумски лик ,навистина над сите :bow:

    Eдинствено не ми се променило мислењето за Beached-уште кога беше актуелна темата за Слаткар,не даваше нешто лошо да се напише за него,па и се сконтравме малку,па затоа денеска не ја читам,може ако почнам и на мене ќе ми се смени мислењето ко на повеќето.

    И за Оффспринг-не можам да се одлучам,зошто со повеќето нејзини мислења не се согласувам.Но ценам што е директна и што си кажува се што и лежи на душа,зошто денес тоа реко кој го може :)

    Да додадам за Каша-пошто повеќето имале погрешен впечаток за нејзе,мене пак уште од старт ми се допадна ^_^
     
    На ljubam, Offspring и Kasha им се допаѓа ова.
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Грешам најмногу кога ќе почне да ми станува симпатична некоја форумџика и после истата ќе се “покаже“ во модни критики или друга тема каде треба да се поставуваат лични фотографии.
    Тазе пример Insanity. Што и требало стварно не знам.
    Тука и Смајли ќе ја ставам. Што фино си беше девојчето, ама растураше со фејк слики по темине.

    За други форумџики и не сум погрешила со стекнатиот впечаток. Најмногу, затоа што ми треба време да проценам. Има форумџики кои ги почитувам од самиот почеток, а има и такви што не сакам да ги читам, зошто сум оформила некое неубаво мислење за нив.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    На почеток ми беше тешко да добијам некои впечатоци пошто ме мрзеше да читам. :$ Едно време дури ни никот не го читав само скролав надолу.
    Се тек на време, читајки низ постовите, некои почнаа да ме интересираат, па почнав да им ги читам никовите. И сите ве запаметив. :D
    Оттогаш па до сега ниедно мислење не ми било погрешно. Секоја си го оправда она што јас го стекнав како впечаток за неа. За некои позитивен, за некои негативен...
    Во последно време има неколку кои почнуваат да ми стапнуваат на нервот. Добивам впечаток дека сакаат да се истакнат на форумов и тоа го прават на секој начин... Засега не би ги именувала, да видам како ќе се покажат... ;)
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Во моментов ми текнува на Виножитка и Лолита, ама сигурно има уште некој.

    Rainbow во почеток ми беше некако многу ладна, негативна, на моменти дрска без потреба, ама последниве неколку месеци скроз поинаку размислувам. Може и заедничкиот живот со вереникот ја омекнал :)

    Лолита искрено ми делуваше како многу памет да дели(без навреда :) ), а денес страшно многу ја почитувам. Толку е зрела, паметна, дефинитивно грешката е во мене за првостекнатиот впечаток :)
    Поздрав девојки, извинете ако ве навредив :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Ја отворив темата и викам: "Ау Џокси,сто посто те каменуваат таму."
    Не,озбилно. И сам се осетив дека претерувам на моменти и планинарам по живците на 70 посто од вас.
    Ајм сори. :(
    Па ваЌа сеа.

    На почеток знаеше ужасно да ме изиритира Рејнбоу. Нонстоп ми се спротистаавуваше,ме опоменуваше,ме игнорираше...или барем јас така мислев. :P
    Сега ја сметам за мнофу мила и добра личност која секогаш сака да помогне.

    Пирамидето ме нервираше ради тоа што мислев дека е префорсирана. Сега е спротивното. Сметам дека е неверојатна личност и и се восхитувам.

    Лилит ја скролав ради тоа што често пати незнаев што пишува,се додека не застанав да читам мастер левел сарказам.

    Лудото ме иритираше крајно на почеток поради тоа што не пишуваше голема буква,па автоматски скролав. Сега ја обожавам! Ногу ми е позитивна.

    На Каша ми идеше многу пати да и свирнам шамар,бидејќи многу ми мрчеше и ми беше арогантна. Сеа ми е супер!


    А членките за кое сум стекнал лошо мислење и сеуште го имам се броат на прсти. Исто и за оние за кои сум го сменил за полошо. :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    461
    Јас некако немам сменето мислење за никого т.е за тие што сум мислела дека се ок така и останало,а има и неколку кои ми се уште некако :P или пак не сум имала некоја комуникација па не ги знам доволно во секој случај сите се добри
    А за мене да слушнам какво мислење има???
     
  14. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Многу е тешко да се развива мислење за личност на форум, која претходно не ја познаваш, па гледам многу да не осудувам без врска.
    Go Girl, мислев дека е некое буцкало и дека само сака кавги и оговарања и дека сака се да дознае прва, но седнав еден ден по некое време, и и ги прочитав сите мислења па добив сосема поинаква слика и баш ми падна криво.
    За другите немам згрешено со мислење без разлика дали лошо или арно, обично на сите им давам шанса да ми го променат впечатокот но ете до сега точно излегло :)
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    N.A.T.A.S.A. мислев дека е ангел, кој го пронашол својот мир, а всушност е тело без мозок.
     
    На piksooki, XstrongerX, mims-89 и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Исто ^.
    Moрам да признаам дека отпосле и јас почнав да се сомневам во нејзината смрт.Ама не сакав да кажам да не ме нападнат овде и дека сум желна за внимание |(
    Кај во Италија јас нема да разберам дека загинала некоја во сообракајна несрека?Па и глушецот се регистрирала скоро и веднаш бајрам на мозокот си направила.Испаднавме кокошки како во поздравот на Офи.
    Мислев најпрвин дека е добро девојче и наивна и повлечена а сега испадна дека е обратно.Дека испаднала паметна(ова е кажано во иронија)а ние наивните глупачки.
    Ах девојче девојче...брука :| не ти требаше ова.

    Дури почнав да мислам дека не се верила и дека не е женско.
     
    На crazylady, maca99 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    На почеток многу ми се допаѓаа постовите на лилит!! Се збогатував со нејзините постови. ректи но секогаш многу добри :) дури тргнав од почеток да ја читам!!
    Но не знам зошто секогаш контра ми иде на што и да напишам сум приметила само ми иде контра на што и да напишам! нормално не може сите исто мислење да имаме меѓутоа нели се почитува и туѓото..
    Да се разбереме јас немам погрешно мислење за нејзе.. туку само дека пред да почне да ми се спротиставува имав многу добро мислење и сеуште ја читам ..
     
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    За Трендафиљот прекрасен :lol: . Шејм он ми!
    Само што дојде тука се спукавме здраво, и се нервирам што го направив она за што јас најмногу осудувам на форумов. Поставениот ,,проблем,, (не беше проблем само дискусија) во една тема, јас го искористив да ја боцнам со тоа во друга тема :tmi: Ја игнорирав долг период.
    Сега ми е една од најомилените членки. :*

    Шкорпионка (ова не е вратка да знаеш :lol: ), ми стоеше како некој безделник со пласирани коперациски муабети за ВМРО, за сега да сфатам дека е едно интелегентно и прекрасно модерно женче, достојно за почит и читкање, нормално.

    Една имам во непријатели само, Абеја ја тргнав од таму, а ја ставив нормално, после пукање во политика :lol:

    Исто и за фрее, старите членки ја знаат, се спукавме уште крв да се пролие, и не ми е јасно како после станавме ептен блиски. Поздрав ако случајно читка.

    А да, и за Дафне, првин ептен ми беше мила, после сфатив дека е сосема друга работата, и само ја скролав.

    За 4-5 членки имам сменето од многу позитивно на ептен негативно. Не би ги именувала. Не ги читам веќе воопшто.

    Неколкумина има што ме иритираат максимално, и за нив се трудам и да не мислам, ги игнорирам во секоја смисла на зборот.
    Има и други, ама другпат ќе продолжам.

    А за мене, добро, што да кажам , самобендисана повеќето добиле впечаток :$
    Само малку повеќе егоцентрик би рекла, кој е во обид да се промени, свесен комплетно за тоа :lol:
    Ама самобендисана, онака, не баш, можеби така звучи кога пишуваам, поостра сум, посочувам јас како постапувам во животот, не дека е така најдобро, ама јас стварно така екстремно функционирам, а кога на екран се читаат само сегменти кои сум ги пишала, а не се гледа и другата страна од мене, можно е и така да изгледа :tmi: .
    А за душа, имам душа :D
    Оние што повеќе ме читаат и оствариле контакт со мене, мислам дека немаат такво мислење, мада често во животот ми израгирале, еј па ти не си таква, таква?? каква???
    Па како што те мислев пред да се запознаеме :lol:
    Значи дефинитивно имам проблем со оставање прв впечаток. Мојот долг, без влакна јазик, ќе да е виновникот.
    Хасан сече !
     
    На Trendafilka и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.424
    Пол:
    Женски
    Лилит- ау не ја можев. Не затоа што сме се срчкале неколку пати, тоа не блијае на моето мислење за некого. Ама со тек на време сфатив колку е сурово искрена, што на ум тоа и на друм. Сега ми е меѓу омилените ликови и секогаш ја читам.
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Сум се излажала за неколку и тоа ми се сменило мислењето на негативно.
    Другите за кои од старт сум имала лошо мислење си докажале дека го заслужуваат, исто е и со тие што ги ценам.

    Има повремени варијации кон едните и другите, ама на крај впечатокот пак е првичниот.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.