1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Членка за која сте имале погрешно мислење

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од maca99, 30 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Генерално, мислење не ми се има променето за никоја од форумџиките, само за некои од форумџиките имам проблеми со впечатоците, пошто ми варираат и најчесто одат во лоша насока. Обично си мислам дека е можда резултат на моето променливо расположение, ама знам дека е нешто друго во прашање.
    Добрата работа мене лично ми е што, немам некои блиски контакти со форумџиките, т.е. се немам закарано надвор од форумот :D и да бидам искрена, баш таквите караници што се пренеле тука и на форумот ми биле причина да сега ми варира впечатокот за некои форумџики. Мада си имам и таква мака, кога самата сум испаднала морон, пошто сум лајкнала нечиј пост, кој ја сум мислела му е ради маките негови животински за надворешниот свет и совпаѓало со моите проблеми со надворешниот свет, а тоа уствари да ти било заради форумџика и нивна приватна караница и уште поголема мака имам кога некој пишал пост што сакам да го лајкан, а у бестрага има една реченица, неколку збора скриени, фино замотани или одмотани против некоја форумџика ]:)

    Скорпионка е единствената форумџика кон која сум имала погрешен однос. Не беше работата за некакво си мислење за тоа каква е таа како личност, а беше чисто ради политика и нејзиното бранење на ВМРО до крајности :D . Ама видов дека нејзиното со ВМРО, беше чисто заради иритацијата што и се појавила поради организираните „ген-бенг“, камикази настапи и вреѓања у име на политика... а женчево инаку мене лично ме бендисува ептем.
    За Офи, Трендафилка, Лилит и Рејнбоу кога се зачленив очекував да се појави нешто ептем нежно во нив, пошто и си ги викав злите јазици :D и видов де го доживеав тоа. Ете Трендафилот сега е сосема романтичен, пеперуди му леткаат од постовите најчесто. Лилит уште се бори со двајцата во неа. Офи па откако ја видов на сликите во модни критики, еј, колку сака нека напаѓа, мила фаца си е мила фаца :D биди си ти директна де во се’.

    И, макар што имам такви кои многу почесто ме иритираат поради х причини, сепак ги читам, не ги скролам оти пишувач си е пишувач, не ќе престанам да го читам само ради тоа што не ми е по ќејф што не јаде моркови и боранија :angel:
     
    На esperanca, Trendafilka, sanjaeva и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Обично тешко менувам мислење, колку и да било погрешно, таква сум. :D
    И на мета ми се обично новите зачленети форумџи(к)и, особено оние на кои прстињата им штракаат 300 на саат и во рекордно време добиваат зелено, макар и жолто цветче. |(
    На почетокот, кога ја заприметив Дузи ми беше нешто као уатафак - девојкава знае да биде озбилна !?
    И сега совееест ме гризе Дузичкааа, што сум имала такви мисли за девојчето - па и Х.П. lover е, а и ми даде сугестија пред иизвесно време, па благодарение на неа си се перчам со книжулињата кои конечно ги имам. - еве користам прилика да се дубоко испричам, а мислењето е сменето во нагорна линија, секако!
    Имав и доза на антипатичност кон Офспринг, ми делуваше чудно некако, за после да сфатам колку само девојкава е силна и храбра - и` се восхитувам, искрено.
    Еј да, чудна ми беше и Енца, заради тоа ше'есдеветката до никот и немав некое определено мислење за неа, ама по појавувањето во тогашните модни критики ме заинтригира и и' ги прочачкав мислењата, за повторно да се уверам дека сум згрешила.
    Оние кои ми оставиле негативен впечаток не би да ги именувам, не се многу, ама редовно одбегнувам да ги читам нивните мислења, кои само ме тераат да мрштам веѓи повеќе отколку што е потребно и да вежбам намќор фејс.
    Дис из ит. :)
     
    На Doozy, enca.69 и Offspring им се допаѓа ова.
  3. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Само за една членка имам не баш убаво мислење. Мислам не ми смета, само понекогаш ме иритира. Не сум ја ставила во непријатели, ниту планирам некого да ставам, едноставно не ја читам.

    За форумџиките за кои си имам стекнато позитивно мислење така и останало. Без разлика дали биле во конфликт или не, јас не сум го променила мислењето. Незнам дали затоа што првиот впечаток е најбитен па позитивен останал и не сум го сменила мислењето.

    Е само една форумџика ќе именувам и ме е срам за ова. Си удирам стап по глава. Дшк!
    Жапче девојко, ништо не ми имаш згрешено, но на почетокот пишуваше многу долги постови, не беа одделени и ме мрзеше да читам. Се трудев но се губев во редовите.
    Но сега си ми една од омилените форумџики и со задоволство те читам макар постот имал 1000 збора.
    И јавно се извинувам сега и овде.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Во почетокот имав погрешно мислење за БоаВиста затоа што ме испровоцира со еден пост кој се однесуваше за мене , дури и рече дека воопшто не сум делувала како високо образована личност и испаднав лажга - дека не студирам Политички науки , во тој момент и бев мн лута затоа што јас прва не ја прозвав неа ..но лутината брзо ми ја снема и сега е една форумџика на која секогаш и ги читам мислењата и девојката навистина знае и има што да каже . Иако нејзиното мислење за мене можеби не е сменето сепак јас си го кажав своето , а како таа ме доживува мене тоа си е нејзина работа .
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Си го пишувам никот во пребарувај.. Само Рок-а-фелла ме пишала, тоа го знам.
    Јееееееее, никој не ме мразиии :D

    Forever Alone level 2193728174 :doh:
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Негативно мислење во стил да мразам некоја форумџика или да ја сметам за непријателка, не сум имала. Имам форумџики кои ми се драги и обожавам да ги читам и форумџики кои ги прескокнувам, ама далеку ми се од непријатели, едноставно не сме на иста таласна дужина :D

    Кога се зачленив на форумот не ни мислев дека ќе бидам активна и дека ќе го посетувам подолго време. Не ги читав ни темите, читав само неколку што ме интересираа, а прва тема на која случајно наидов беше темата за заштита на животните. Е таму се ,,спукавме,, со Офи и Трендафилка :tmi: и тогаш знам дека многу им се чудев на размислувањата во врска со таа тема, дури на моменти си помислував дали е можно да постојат луѓе со толку голема омраза кон било кое живо суштество. Не дека имав некое негативно мислење за нив, ама ми беа многу чудни. Е после некое време кога почнав да се активирам повеќе и да читам, сфатив дека сум била во заблуда и дека човек не можеш да го оцениш по еден став во одредена тема. Кратко време после тоа ми станаа ептен пријатни и мили и обожавав да ги читам. И ден денес ми стои истото мислење за нив дека се прекрасни, високо интелегентни суштества, едни од моите омилени форумџики за читање и не им прескокнувам ниту еден пост :*

    Мања јас не сум имала негативно мислање за тебе воопшто :) .Те читам и во СДК и во темата за Анксиозност и баш си ми ок форумџика. Знам дека се ,,спукавме,, еднаш во политика, ама верувајте дека јас неистомислениците во политика не ги ставам на листата на непријатели. Во темата политика сум имала различни мислења со многу од форумџиките, ама тоа никогаш не влијаело на мислењето кое сум го имала за нив. Мене во политика ме нервираат неиздржани мислења кои се пишуваат само ради контрање, а секое мислење поткрепено со факти, па макар и спротивно на моето, го читам и го почитувам. Ми текнува на ситуацијата, и со право си стекнала негативен впечаток, знам дека јас во темите за политика имам баш краток фитиљ :tmi: , па затоа еве сега ти се извинувам ако сум те навредила со постот, верувај дека не ми било тоа намерата. :)

    За Блек Свон првиот впечаток ми беше ваков |( . Си викав што бара ова дете да дебатира политика?!? Ама и за неа згрешив. Супер девојче е и многу пријатен форумски лик ;)

    Исто така првиот впечаток за Сесилија ми негативен. Мислев дека се фура у некој филм и дека не е таква како што сака да се прикаже, за да на крај сфатам дека многу погрешно сум ја проценила и дека е баш девојка на место.
     
    На Trendafilka, sesilija, Offspring и 2 други им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Некое ептен погрешно мислење за некого сум немала, единствено што некои одпосле ги забележувам. Се научив да читам и постари мислења и да копам по темите, во еден период во кој бев заситена од Фемина и навистина и требаше некое освежување.
    Ми текнува на Енца69 со првата приказна за себе кога се појави (ќе и текне за пејачот :) ) и си помислив што прави бе оваа, арно ама после се омажи :D и потоа видов дека е ок и почнав да ја читам низ темите.
    Жапче растураше на темите по политика и кога гледав нејзин километарски пост, го скролав :) ама потоа почнав да ја читам низ другите теми и е супер феминка ;)
    Сесилија ја запознав (на форумот де) кога ја маваше ПМС (најверојатно) и ми остави впечаток дека многу се замислува ама на првиот нејзин лајк на мене (одамна беше :emo: ) почнав да ја читам и станав зависна од нејзините постови кога налетам на нив.
    Росонерка ми одеше на живци и затоа темата Мода не ја ни отварав. Јас разбирам некој да прати мода ама таа нема што не прати. Се додека не ми требаше некоја идеја (не се ни сеќавам зошто беше) и почнав да ја читам. Како отвараше нови теми (ван мода :lol: ) ми стана интересна.
    И :!: Лилит да не ја изоставам, уште во период кога се зачлени таа, тогаш и јас, така да ја знам по форумот уште од старт и немам погрешно мислење за неа. Сватив дека е девојка со свое сопствено јас и нема трте мрте кај неа, а нејзиниор сарказам и те како знае некогаш да ме насмее и да се смеам сама.
    И така има уште многу, ама претежно е како ги запознавав форумџиките, секоја на свој начин.
     
    На sesilija, enca.69, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    :D :D
    Ме убива ова кога и некој да го спомне (се мразам бе) :@ :D
    Ама не беше работата тоа да го пишам, туку малку да те исправам, не ми беше прва приказна на форумов, многу пред тоа бев тука, баш сега видов 2 дена пред тебе :lol:
    Од пионерите тука сум и јас, славиме роденден форумски, во ист месец со сајтот :) :)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Јас со таа приказна те паметам, појма немам, тоа ми останало во глава. И кога си нервозна по форумот си слатка ;)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.570
    Пол:
    Женски
    Пирамида- мислев дека е образована, културна девојка која гледа само за себе, дека не ја интересираат трачеви и туѓи животи. Но, сум згрешила, освен по форумов изгледа туѓите приказни ги шири надвор од форумов. Ме разочара затоа што очигледно не е таква каква што се прикажува.
     
    На La.Reina.Del.Sur, MacaLove, LittleDevil и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    crazylady-веќе сум спомнала дека ме иритираше со тоа смајли- ;) што го користеше на секој втори пост. :^) И мислев дека е сосем поинаква, а таа ми даде шанса да ја запознам подобро, и благодарна сум за таа чест. :)
    Offspring-е мрчењето де. Тоа ми сметаше. Но во последно време се повеќе се сложувам со неа.
    Lilit-сејм. И не се ни обидував да ја читам. Но доколку ги забележала неколкуте лајкови од мене, ќе знае дека се сложувам и со неа за одредени мислења.
    Rainbow-пренервозна бе. :^) И си признаваше :!: Но и тоа се смени, љубовта ја смени де. :wasntme: И многу ми е мило за тоа. Со мерак ги читам постовите во СДК. ^_^
    А за една одредена членка имав многу добро мислење, баш сакав да ја запознам подобро, но сега не ми е баш по ќејф. Има многу нешта во однесувањето кои ми сметаат, но не реагирам, бидејќи конкретно мене не ми згрешила кој знае што. И бидејќи не контактираме многу, се надевам нема да дојде до некој конфликт, и затоа нема да ја именувам. :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Сесилија. Мислев дека сака многу да се прави паметна и да се рчка, ама сфатив дека е болно искрена и уште повеќе реална.
     
    На Angelche, zhap4e, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Искрено шокирана сум за мислењето кое го имате за Пирамида. :o
    Иако апсолутно поима немам во што е работата, но мене ми има оставено впечаток на образована, модерна, амбициозна, и паметна девојка.
    Барем она не ми изгледа на таква... :^)
     
    На eli25 и Look им се допаѓа ова.
  14. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    За виножитото :)
    На почеток ми беше многу дрска, се правеше паметна (барем јас така мислев).
    Го сменив мислењето за нејзе и сега ми е многу мила.

    За Пинк4евер. Леле кога се зачленив ме поду |( Си викам мрш мори шмизлетино(ваљда ради 4ката), а ни еден пост не и прочитав.
    Постепено почнав да и ги читам постовите и сватив дека сум имала погрешен впечаток :)

    За една форумџика имав добро мислење, ми беше ем мила ем драга, а сега неможам да ја поднесам, ми се сере од нејзе. Нема да ја спомнувам. :fubar:
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Старбакс
    еднашка ја имав погрешно сватено мислев дека е една од девојките која сака да биде во 'центарот на вниманието' мислев дека се сваќа погрешно за се се буни во секоја 'манџа дотура сол' но :!: кога прочитав што напишала во СДК стварно моето мислење за нејзе се смени и сега обожавам да ги читам нејзитите постови :) сега Старбакс ми е една од омилените формуџики :)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  16. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Има членки кои уживав да ги читам кога се зачленив, најголемиот дел од оние што ги забележав кога дојдов на форумот, и сум разочарана од 3-4 меѓу нив. Ми беше вистинско задоволство да читам, а последно време киша око крагујевца постови, долгометражни постови, поента аш, некој безвезе учителски тон, лош хумор и уште полош обид за иронија... Ко други луѓе да читам. Од друга страна Старфиш ќе ја издвојам која на почетокот ми беше опседната со мода - тип на девојка, ама откако ја зачитав видов дека има муабет во девојчето и надвор од мода и убавина, размислува на подлабоки теми и е далеку од првата моја замисла. Оффспринг ми беше прилично арогантна на почетокот, па прочитав пар мислења и сфатив дека е девојката многу искрена и исклучително силна личност.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Да ти кажам право приватно ич не сум таква, да сакам да сум во центарот на вниманието.
    И јас имав лошо мислење за тебе. Но, сега се смени, всушност не од сега, туку полека почна да се менува на позитивно. :)

    LilBaby, знаеш ти што мислам за тебе.
     
    На Special.Someone и LilBaby им се допаѓа ова.
  18. booble.girl

    booble.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Билката:
    Во ред не е обична форумџика,туку едноставно најпрво мислев дека е машко,но потоа кога дознав дека е всушност жена,мислењата ми се променија дека е една урбана девојка со стил 8)
    Користаки:
    Читајки ја низ форумот мислев дека е млада 20 годишна девојка,многу забавна и атрактивна...Но бидејки имала сопруг и све мислењето ми се смени дека е серизна госпожа.
    Марама:
    Не знам зошто,ама ми се причини дека има напишано дека НЕМА мајка,но потоа со тек на време сфатив дека само ми се причинило :sweat:
     
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Порано многу ме нервираше sesilija. Уствари едно време онака почна да ми иде на живци, си викам прчла дигната. Али сега воопшто не мислам така, осеќам дека е многу поинаква, и добра личност.
    Али ова само кратко време имав таков впечаток. :wasntme:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Rainbow- На почеток ми изгледаше премногу нападна,нервозна, ме критикуваше.. но подоцна сватиш дека била навистина во право со некои нејзини постови, сега со мерак ја читам!

    Starbucks- На почеток ми делуваше како самобендисана, како таа све да знае.. За краток период сватив дека не сум била воопшто во право !!!

    Lilit- Навистина срам да ми е, толку лош впечаток имав за нејзе, страшно ме иритираше на почеток.. Не сум била воопшто во право, сега ниту еден пост не и го пропуштам, премногу образовано настроена личност !
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.