1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Членка за која сте имале погрешно мислење

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од maca99, 30 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    за плавуша, на почетокот ми беше ок личност,
    ама со нејзината забрана за провинцијалци за влез во Скопје го сменив сосема мислењето за неа, во негативна смисла

    Kенди, на почетокот ич ич не ја сакав :D :D и кога и да видев нејзин пост превртував очи..сега ми е сосема ок и ми се смени мисењето за неа но во позитивна смисла
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Погрешно мислење повеќе од сигурно е дека имам за повеќе форумџики. Сите се тие имагинарни ликови, а нема да се осудам да кажам дека мојата имагинација е совршено прецизна.

    Во контекст на темава ќе ја спомнам само онаа за која знам со сигурност дека со сета своја интелигенција, совршено неодмерен сарказам, пикнат нос секаде и директност е репер за тоа како би сакала ќерка ми да се изгради како личност....да, Лилит! ...колку само би ми звучел неверојатен постов пред 5-6 месеци :)

    + морам уште една форумџика да додадам за да го доформулирам “реперот“...Доози...и нејзината несебичност, смиреност, одмереност, добронамерност
     
    На BeYourself, L-enna и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Баш повеќето кое сте ги спомнале, јас од старт имав убав впечаток: Енца (директна си е, искрена), Каша (сите ги продрма малку, баш ми го направи ќеифот :lol: ), Жапче (најнесебичната), Лолита и Блонд (секаде коректни и отворени)....итн...

    Јас сум немала (и немам) високо мислење за оние кои се склони да навредуваат, омаловажуваат, и секогаш да бидат во центарот, никој да не смее да им реплицира. :tmi:

    Понатака, кога ќе се сетам, можеби ќе напишам некој феминка.... ;)
     
    На eli25, blond, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    БоаВиста ја мразев. :D
    Не можев да ја поднесам, многу ме нервираше. Но, со текот на времето сфатив дека не е таква како што замислував. Сега ми е една од омилените форумџики.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Најпрвин Енца.
    Мене можеби денот ми беше лош, а можеби и генот ми е шупачки, зашто ненормално ме нервираат невестулки кои се потресуваат до крајност, ама оди да те видам развикај и' се на некоја bride to be од калибарот на Енца! :P
    Прво си реков - оваа ако има нешто друго на памет, освен фустани, шарени бонбони и китенки, еве па на.
    Мислев дека е арогантна, разгалена и многу површна. После ми падна криво зашто така изнапишав, и тоа после неколку часа. Се мислев да и' пишам ЛП - абре невевче еднаш се биднува, кој како сака смее да се радува. Ама бидна веќе, Енчето ја немаше некое време, јас налетував и на други мислења и уште пред да се врати, знаев дека проценката ми е погрешна.
    Енца е храбра, силна и доминантна и јас многу го почитувам тоа.
    Плус, сметам дека е борец како мене, кога станува збор за образование и работа.
    Плус ми се свиѓа што не сака да чисти и предност дава на други активности во животот :P , многу е приврзана кон љубениот, а инаку - од тој дотичниот пост што сите го споменуваат, а она се нервира, сакам да и кажам дека нема воопшто потреба.
    Не знам како другите добиле впечаток од тој пост, ама мене ми се виде човечна и огнена, страсна жена.
    Ма Енчето е супер.

    Боа убаво си напишала - на дотичната тема за кутрињата, ние жестоко нападнавме, Боа си бранеше свој став, ние наш, испадна дека ние сме човекомрасци, а Боа не е способна за љубов кон никого, освен кон кутрињата. :^)
    Јаооо, што ти прави форум значи. :D
    Боа ми е една од омилените, девојка на место, вредна ем паметна, знае да дискутира на темата за која јас сум дудук, па често си ја читкам и си размислувам. Плус е најзгодна и ми се гледа мила, фина и нежна. И многу воспитана. И начитана.

    За Офи мислев дека е недозреано, агресивно wannabe, ама јас сум една од оние кои ја имаат запознаено и во живо, и што да кажам - Офи е мече, мало кадифено мечееееееее ! (немој да се лутиш дека го цитирам твојот најомилен Мацко комичар :D ), ама мече си со косичката бе!
    Напротив, премногу е созреана, сурово реална и многу паметна. И се прави лошка, уствари еве ви тајна - не е.

    Сесилија се возеше на roller coaster во мојот Луна-парк. :D
    Прво ми беше ТОП, после ме изнервира ептен, пак не сме разбрани на темата, ама за мене - we agree to disagree, си ја замислував како некоја маалска трачарска бабичка, која седи пред влез, плете чорапи и гледа кој поминува-заминува, пука сеир и безмислосно трачари, уствари мислев дека е биберче во сечија манџа, но сега ми е повторно ТОП, и мислам дека се прави полоша отколку што е, уствари сака дружба, сака да помогне и е нежна и бојосува коси на другарките ако ја замолат. :D
    Сеси, седи таму кајшто си, нема веќе карти за Луна-паркот.
    :!:
     
    На ana-banana, BoaVista, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Леле ме пресмеавте со мислењата сите :D - ама подобро прво да оставаш лош впечаток, па да го поправиш на добро, отколку обратно.
    Јас и во живо не се лижам и се трудам да ја кажам вистината или ако нешто не ми се допаѓа барем да премолчам од култура место воодушевено да ласкам па затоа и таму покасно ме “засакуваат“ :D :D


    Тренди, бојам коси, ама за плава не ми дозволуваат веќе- оти еднаш испуштив цел прамен, па другаркава мораше да шета цел месец со пуштена коса :D
     
    На butterfly.93 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cе секавам дека Kенди на почетокот со нејзините постови во Cдк малку беа депресивни и ме нервираа :$
    Hо сега имав сосем поинакво мислење,супер девојка си е,друштвена,сори Kенди :) :*

    Hе се секавам на други форумџики за сега,кога ке ми текне ке пишам :?:
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Сега се сетив и на Кенди кога веќе ја спомнавте. И јас неможев да ја сфатам девојкава, а и кога прв пат ја забележав имавме едно недоразбирање преку ЛП :lol: После тоа веднаш имав мислење дека е размазено суштество, дека си тажи и не превзема ништо во врска со тоа, ама сега веќе немам такво мислење. Незнам дали Кенди се промени, или мене ми се смили :lol:

    Имав убаво мислење за Пирамида, на почетокот кога почна да станува активна. После не ми се допаѓаше тоа прибирање форумџики околу себе, возвишување и воздигнување. Потоа на неколку пати ја уловив како ме провоцира злобно, индиректно и завиткано во целофан, со панделка. Никогаш ја немаше доблеста да ми плесне во лице, како што јас и плеснав, веројатно поинтересно и беше да се прави светица, да провоцира без другите да забележат. :)
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    Верувале или не
    Anath
    :tmi: незнам зошто на почетокот кога се зачленив ми изгледаше како да сака да покаже дека знае се. Потоа сфатив колку сум била во заблуда јас.. :lol: А денес и се воодушевувам на постовите и секогаш ја читам. И ако го прочита ова еден поздрав до неа. :)
     
    На Annath и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Две форумџики за кои ми се смени мислењето на негативно.

    WomanInRed - ме збуни прво со тоа што на една тема има пишано дека е албанка а,на темата ,,Палење на Македонското знаме,, пишува во позиција на македонка...

    После става лажни(мое мислење)слики во ,,Модни Критики,,а,така мислам бидејки девојките кои се на сликите се различни и треба да си слеп за да на видиш :^)

    Пирамида - на почетокот ми беше фина,ама како што кажа Офи,тоа прибирање на форумџики околу себе,демек сестри хи-хи-ха хи-хи-ху а,потоа зборува лошо за нив...Срамота.
     
    На blueeparadise, x.Daisy.x и starbucks им се допаѓа ова.
  11. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    starfish во почетокот избегнував да и ги читам мислењата, не знам зошто едноставно таков впечаток ми оставаше никнејмот :?: и едно до две мислења кои и ги бев прочитала.
    А сега девојкава ми е ОК и редовно си ја читкам :)


    P.S. Се радувам дека некои форумџики го смениле своето мислење за мене на позитивнен начин :wasntme:
     
    На thelittle17, Offspring и starfish им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Кај може некој да се љути на кенди , самото име те асоцира на нешто убаво ...


    Гледам Пирамида на клоци сте ја кренале :wasntme:


    Јас да кажам сега имав

    позитивно мислење за Гордана , дека е поштена членка , дека има разбирање

    ама на крај нејзиното дискриминирање кон машкиот род ... пропаганди против машкиот род како и игнорирање на нивните пораки ја доведе во негативните делови на мојата листа :worried:


    толку 2-3 некои од лошо кон добро , 1-2 од добро кон лошо

    другите све се златни

    само прочитав до некаде , никој немал погрешно мислење за мене :?: :?: ... ќе треба сеа да почнам малце .... :emo:
     
    На thelittle17 и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Јипман го скролав, огромни мислења пишуваше.
    Не сум знаела колку интересни биле.
    Сега обавезно си го читкам, барем ќе се насемам ако не друго.
    Секако и многу паметен е :!: .
    :hai:
     
  14. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Срцекршачка и Плавуша17.

    И двете у ист кош ги ставав, досадни ми беа за читање и приглупи, ама го сменив мислењето, сега не ги ни приметувам. :D
     
    На Acerola, Springy, JoxyTheFreak и 2 други им се допаѓа ова.
  15. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Offspring - ми беше некоја од типот 'која сум јас', ми делуваше како да сака секому да соли памет, но тоа воопшто не било така. Сфатив дека таа само го пишувала она што го мисли, дека е искрена, отворена и реална. Па мислењето за неа ми се сврте за 180ка.

    smiley-32 - ми беше интересна, се додека не стави лажна слика, па сфатив дека тука е само за цветчиња и лајкови.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Старфиш :D
    Не дека имав лошо мислење за девојчето, ама имав впечаток дека е една која ја познавам во реалноста :lol: Сите информации се поклопуваа, ама кога стави слика во модни критики сфатив дека не е таа :tmi: Ете тоа може да се смета за погрешно мислење. :wasntme:
    А таа која мислев дека е Старфиш, друга била после ја пронајдов :rofl:

    Ели25 :)
    Кога почна да пишува во СДК добив впчаток дека сака да се инаети, да се кара, да се прави паметна.....па несакав да ја читам после, ама си реков ај да видам што има да каже.....што собира толку лајкови на постовите :lol: и си сменив мислење, сега ја читам со задоволство 8)
     
    На eli25 и starfish им се допаѓа ова.
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    :$ :tmi: Морам да кажам дека јас на почетокот имав мислење за Јипман дека е исфурано фраерче што шири занос по форумот :D :tmi: Ептен на почетокот кога се зачленив, во негов стил ми реплицираше на една тема, за ЈБТ ми се чини, а јас, нова, првпат го гледам, не го сконтав ко што треба :$ И ме заинтригира да видам што човече е, видов какви мислења има и останав ваква :o :x Се усрамив од сама себе, ама немаше назад, отиде мислењето во етер :D Инстантно ми се смени мислењето за него, и од тогаш наваму ми е еден од омилените за читање. Не само зашто има одлична смисла за хумор, туку е и многу паметно човече кое и тоа како знае да дискутира квалитетно. Значи, погрешното мислење за Јипман ми траело 10 минути максимум, ако може да се смета како такво :)

    Има и форумџики за кои сум го сменила мислењето на негативно. Неколку се, не би ги именувала. Претходно многу сакав да ги читам, но веќе не.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Оууу јас сум прилично разочарана од луѓето што си играат рекла-кажала.. Срамота е возрасни личности да се оговарате наваму-натаму. Јас лично имав само една личност која мислев дека има нешто против мене, ама затоа и пишав, оти се заморив од посочувања и такви глупости, и одредени личности да ми пишуваат пораки на мене па да и пренесуваат на незје.. Не пали кај мене, и многу ми е драго што ги избегнувам таквите конфликти. И сериозно сега имам високо мислење за таа личност Шилеа и ја почитувам нејзината креативност, иако сум се пронашла во некои посочувања. Мислам дека морам да олабават доста од тука.. Лилит еднаш убаво предупреди.. ова е форум и нема потреба во лични пораки да си играте како баби пред куќа.
     
    На green.eyes, Shelea и FBI им се допаѓа ова.
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Лин.
    Ау колку ми беше одвратна. Ми прати паметам еднаш во инбокс порака полна омраза и ми идеше да и отидам да ја наредам со шамари. :D
    Не знам како, валда сфатив дека девојчето е фино и не онакво какво што ми остави слика преку тие пораки, и ми стана сосем ок. Баш фина.
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.365
    Пол:
    Женски
    Сефора- ау мислев дека е размазено детиште кое знае само за јас, јас, јас. Но, го сменив мислењето за неа. Сега ми е баш супер, посозреана од многу девојки кои се на нејзина па и + 2,3 години постари од неа.
     
    На FBI и Sephora им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.