Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Членка за која сте имале погрешно мислење

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од maca99, 30 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Sanja-lazanja

    Имав погрешно мислење за неа и сеуште имам.
    Кога читкам на форумов нешто, кога ќе се избаци од никаде човече, ела разбери се. |(
     
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    У принцип не се замарам со никого, хартијата т.е. интернеотот трпи се. Не се знаеме нели па некој може навистина е таков по природа, некој може си пронашол терен за лечење комплекси, кому како му е арно на душата. На форумот сум за да ми мине времето а не имот да делам, што би рекла баба ми :D
    Членка која не ја ни заблежував се дури не ми се обрати лично е eli25. Ја цитирав во една прилика и пишав спротивно мислење на нејзиното па кога ми се втурна со лични пораки: ти мене да не ме цитираш, ти мене да не ме цитираш. И реков дека мое право е да ја цитирам, форумот си има правила па ако не и одговара, немора да пишува. Уште една порака да ми пратеше, ке ја пријавев на администраторите, до толку. Пред тој момент никој не ја забележуваше и од тогаш се претвори во многу арна и просто "плени" со постовите, ама јас ја знам во друго светло. Значи не дека сум имала погрешно мислење, туку немав никакво мислење а од тогаш имам негативно.
    Сигурно и за постов ке ми пише ЛП од предупредувачки карактер :rofl: :rofl:
     
  3. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Па искрено, за никоја! Сите сум ги проценила правилно! Еј, браво за мене. 8) :D
     
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    8.261
    Magnolija и Cynthia мислев дека се недораснати, разгалени пубертетлијки кои креваат многу врева за ништо, но по неколку нивни доста креативни постови го сменив мислењето и сега со задоволство ги читам.
    Две млади амбициозни форумџивки, мхм :)

    За Trendafilka (уште на времето кога се зачленив) си мислев дека е разгалено суштество кое добива се што ќе посака. Еднаш почнав да и ги читам мислењата наместо да ги скокам и се премислив за 360, така остана до денес :)

    Offspring мислев дека сака да шири некаков авторитет низ форумов, а сега всушност и се восхитувам во многу погледи. Сарказмот, борбеноста се само дел. ;)
     
    На thelittle17, Offspring, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Погрешно мислење не значи негативно. Темата е промена на мислење. Од позитивно кон негативно, или обратно :)

    А погрешно мислење досега не сум имала за никоја.
     
    На eli25 и Go-Girl им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.923
    Допаѓања:
    123.434
    Бре Шана,уште пиштол да кажеше дека сум ти вперила,среќа што ми се закани дека ќе ме пријавиш инаку и тоа ќе беше :rofl:
    Свашта
    Пред кој момент никој не ме забележувал?Кој треба да ме забалежи уствари?
    Леле ама си смешна-
    :x :rofl:
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.169
    На темава ќе видиш дека на форумов има членки со солиден потенцијал за на енгр менаџмент.
    Ајде ладете се малку,секој има право на свое мислење, а и обратно не е лошо да размислите за своето однесување, впрочем има исклучоци од хир, ама и добри причини да турите прст на глава.
     
    На JoxyTheFreak, thelittle17, funkygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    За нитуедна. Зошто? Затоа што форумов не ми е „жими крст и кандило“ за тоа какви се форумџиките во реалноста.
    Форумот е виртуелен простор за дебата и дискусија. Тоа дека некои навлегуваат премногу длабоко во него и премногу детективски си го сфатиле престојот тука е друга работа.
    Психоаналитичари еден куп. Евентуално аналитичари на тоа колку напредува планот за диета на некои - па ајде ќе ги споредуваме бутчињата, џигерчињата и другите органи видливи на 3та, 5та и 12та слика.
    Или ќе го ставаме секој збор на кантар? Лаже? Не лаже? Вистина е ваква? Да не измислува? А? :?:

    Се прашувам навистина кој има време и капацитет за вакви глупости?!

    Не велам дека самата некогаш не сум забележала дијаметрално различни ставови на форумов од една иста особа, ама да се замарам со нив до детали?! Море ајт! Замара, сериозно замара.

    Впечаток за одредена личност која пишува овде можам да си создадам. Можам да констатирам дека Петранка или Костадинка ми се во последно време нерасположени и не сакам да ги читам ради нивната негатива која ја шират по форумот. Или обратно - хуморот на тој и тој повеќе не го разбирам па ќе го скипнам.
    Ама да се разочарувам?! Како? Може да ме разочара само човек од реалноста, некој кого сум го познавала или пак го познавам долго време, или сум мислела дека го познавам. Форумџика како виртуелно именце кое изнесува овде свои ставови или влегува во здрава дебата не може да ме разочара. Може само да ми опонира или парира со аргументи.

    Многу повеќе ме разочарува фактот што задкулисно се навлегува во некои детски игри на - леле да ти кажам нешто, ама остави си го за себе ова, и се шири шири весели пешкири, па другите ко тетки на пазар мислиш - леле стварно? Она? Не можам да верувам! Шо збориш?! :o
    Ау - ви личи богами, ви личи за годините кои ги имате.
    Најсмешно ми е што открив дека некои девојки тука бре, иако мајке ми некои од нив скоро да не сум ги ни забележала на форумов дека постојат воопшто не пак да сум навлегла со нив во билокаква комуникација на страна, ме знаат подобро од кој и да е. Браво :) Како успејаа така да ме проценат со 100% сигурност не знам. Ама грдо е да се обвинува дека јас нешто пренесувам надвор до форумот.

    За крај, за да се покажам ко фер и личност отворена за муабет, ЛП си постои, ако некоја од вас мисли дека некако сум и згрешила лично, нека ми пише. Почитувам отвореност и директност како што тоа го сторивме со Марама сега - еве јавно да пишам. За издавање лични податоци се јаде бан...така да ајде да видиме кој треба да крка бан. Ако треба да сум тоа јас, ондак адиос!
    А останатите кои кревате камења да фрлате по мене и тоа на „најхрабриот“ можен начин - по ЛП па рекла - казала на кого стигнала, погледнете да не имате случајно зад себе подеднакво такво купче, ерго нека го фрли првиот камен тој кој згрешил. Не би да сум религиозна, ама овој дел пред каменувањето на Магдалена многу ми се допаѓа и наоѓа примена во реалниот живот.

    Заради тоа што ми е преку левото јајце кое го немам да ми простите, од ниски ударци зададени негде у позадина на шуш буш начин, да ве поздравам и да ви посакам пријатен престој на форумов. Се додека не се зголеми бројот на форумџики кои се тука со друга цел освен таа да создаваат банди и контрабанди на виртуелни војни и маратони од озборување, обвинување и посочување, евентуално да научат да го одделат вистинскиот живот од овој виртуелен простор, јас немам што да барам на истиот а искрено моментално и немам време баш за него. И уште помалку, не сакам утре некој да ми рече ако ме сретне - ама ти вчера пишуваше дека п*диш виножита ама уствари никакво виножито не видов позади задникот твој.
    Е не зае*авај?! :D

    И не, не сум светица, не ни сакам да бидам, ниту да се правам дека сум. Но не сакам ниту да се правдам а уште помалку да задоволувам нечија желба за сеир. Уосталом, човек што и да прави, луѓето ќе го зборат и озборуваат, без разлика дали прави добри или лоши нешта, и секој ќе си верува во она што сака да верува. Јас вртам нов лист и цртам дебела црна линија во моето виртуелно присуство на форум, каде еден дел од членовите во недостаток веројатно на сопствен живот го сфаќаат како единствено поле на реализација и некакво живеење. Тажно. Место да се искористи просторов за нешто полезно кое ќе најде примена и у реалниот живот, се претвори у кокошарник.

    Хвала на пажњи. ДовиЃења! Со модерниот јазик на денешницата, до следното евентуално видување - log off feminitas! ;)
     
    На plawa, Sara123, CoverGirl10 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Јас на почетокот кога се регирстрирав прва ја забележав rossonerka.
    После незнам зашто и како ми идеше на нерви,ќе видев нејзин пост и скролав.
    Ама сеа кога и да отворам тема да читам од категоријата мода и стил јас прво го барам нејзиното мислење да го прочитам.
    И ова не е лижење задник или лажење стварно така е .
    Извини што сум имала погрешно мислење :$
    Да знаеш те читам :*
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Не се сметам компетентна да судам нечија личност, ниту пак може да ме разочара виртуелна личност која што не ја познавам. Едноставно немам никакво мислење за никого и не ме интересира кој каков е надвор од форумов. Немам ниту негативно ниту позитивно мислење за никого и сите ликови тука ми се еднакви, ниту некого фаворизирам ниту пак некого хејтам.
    Јасно ми е дека по интернет може секој како сака да си се претстави, може да се прави дека незнае да склопи две реченици или па да прочита некоја филозофска книга па да формира некоја пост од3 страни, така да ниту некој ме возхитува ниту пак ме разочарува. Неможам и несакам да се оптоварувам со нечии комплекси кои не ме засегаат.
    За никого не мисллам ништо додека не го запознаам лично, и не се оптоварувам со тоа каков впечаток оставам, јас пишуваш што ми дојде во моментот и ги лајкувам оние мислења (не форумџики) кои ми се допаѓаат, кои допреле до мене на било каков начин или мислењата со кои се согласувам.
    Сум кажала еднаш и 100 пати ќе кажам ова е форум не зимајте ствари напишани тука при срце.
    Relax 8)
     
    На esperanca, nela.oh, FortuneTeller.xD и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сигурна сум дека ако било кој запознам од форумот, мислењето за него ќе ми се смене. Не дека ќе ми се измени на добро или пак на лошо, не дека разликата ќе биде енормна, но сигурно преставата би била друга, малку или многу. Постои и таков пример, за една девојка што сите ја правите дрска и арогантна зашто секогаш без цензура, не сметајќи за која феминка се работи, си го кажува своето мислење и си стои за да него, јас запознавајќи ја сфатив дека таа е многу позитивна личност, заљубена во него и во животот. Али вие одма си правите лик за некој исфрустиран човек.

    Некој може да плени со начинот за пишување и со неговиот ум, а да биде од жален-пожален. Кај мене секогаш предност имаат паметни, но кутри и злобни не сакам! Посебно не некои кои си носат фрустрации на грб од памти век.

    Кога го кажав своето мислење за темата Модни критики, многу од вас ме нападнаа, директно или индиректно, некои обраќајки ми се со Вие :D демек множина, нели... трети фаќаа сеир, а јас такви не можам да поднесам и ако сакате да знаете фората со пуканки е застарена, ама изгледа сеуште на некои и е интересна. Таму момче се лечат комплекси на големо. И има право Сесилија кога кажа дека на некои на и е потребна потврда од модни критики за да знае дека има стил. И многу мислења за фемники се базираат врз основа на тоа колку се тие модерни или не, крај краева некои и така ги запознаваме. Да и јас ставав комбинации, но јас сум си на чисто со самата себе и модни критики мене не може да ме депримира, може само да ме инспирира (дали и тоа некогаш :D ), но ве молам без дигање на галама кога некоја ќе објави лажни слики. Пошо и така цела фотосесија се прави за афирмација на својот вкус од други, којзнае какви.

    Да поканам некоја феминка на кафе, не е проблем, но групно восхитување и љубење- не сакам. Пошо тоа е на празно, не знам од кај таа љубов кога никој доволно не се познава. Па кога ќе се запознае се сменило мислењето на полошо-па ќе се промене! И не го пишувам ова пошо сум аутсајдер :D , пошо нели со речиси никој тука не се познавам туку смешни ми се тие работи. И така...
     
    На De-lovely, enca.69, Kasha и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Yea, тоа што го кажа, само што дури сме имале расправија :tmi: , не очекував дека толку бурно ќе реагира :^) . Oh well... се извинувам. :angel:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    И Најубава ми изгледаше арогантна на почеток,ама сега ми е закон,обожавам да ја читам :up:
    Јипмен-ич не сакав да го читам на почеток,се чудев како го обожаваат скоро сите,за да на крај сфатам и јас зошто :)


    И ајде да не се правиме многу паметни,интересна е темава,нели,кога ќе си го прочитате именцето е многу поинтересно,нема љутиш :!:
    освен што како што гледам некои увек се прават паметни,па демек генерализираат,ама не е тешко да се погоди.За мене сето тоа е многу ниско,ама вие како сакате |(
     
    На MandyLane, Go-Girl и kate21 им се допаѓа ова.
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Их, темичкава бе.
    Дома ќе ми седат па да си тупам глава со формирање мислења.
    Имам некои горе-долу епитети: интересна, очајна, креативна, досадна, вицкаста, но и тие не важат секогаш, а да седнам правам анализи преку монитор - јок.

    Но! Интересното овде е што има и неколку кхм...ај да не се изразувам, што се чинат свиленкасти, а упорно му се беа умилкувале на дечко ми („Случајно“ ако не знаат - Radiance), „Срц, мрц, прц, лајкче, мwацка, хехехе“ и остала шунд романтика, демек не е очигледно и ние нафта пиеме, та јас нема да знам или тој на газ ќе падне од шармот нивен. Имиња не би да спомнувам за да не им се разниша репутацијата изградена врз основа на лажниот морал кој го продаваат по темите на други.
    Интересно во секој случај... :nod:
     
    На crazylady и MandyLane им се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    За две членки кои се на `врвот.`
    Забележав дека и некои други го мислат истото што и јас.
    Во постовите редовно пишуваат со сарказам, како тие да се најучени и најсезнајни, не смее да им се реплицира оти има да те `скршат` со постови отпосле придружени со `ми се допаѓа` од нивните симпатизери и подржувачи. :^)
     
    На thelittle17, smiley-94, blond и 9 други им се допаѓа ова.
  16. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Snow-Queen на почетокот ми беше мила, но почна да пишува офф топици и и пишав во ЛП, се испокаравме и сега имам лошо мислење за неа
     
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Магнолија извини што те цитирам но да кажам нешто во врска со ова. Сите претпоставуваме која е таа феминка, нели. Таа истата феминка на која и’ имам реплицирано многу пати дека не се согласувам со неа за некои работи, а овде реплицирањето е многу страшна работа и сите трагично го сфаќаме, прво мене ме нападна и ме изнавреѓа дека јас немам другарки и уште еден куп работи на почетокот кога се зачлени, само затоа што и’ реплицирав. Потоа ме нахрани со го*на, ме изнавреѓа, само затоа што пишав подобро да се отвараат теми за некои наши пеачи, отколку за порно ѕвезди. И згора на се’ ми пишува ЛП дека со тоа си стварам лоша слика за мене, а не со извинување, всушност јас не ни барам извинување. :^) Ако има некој што си ствара лоша слика за него тоа е таа, и тоа го знаат пола форумџики. Не затоа што јасно и гласно го искажува своето мислење, туку спрема односот кон оние што и’ реплицираат и нејзината арогантност.
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Сме се испокарале :lol: зошто јас тоа така не го сватив, напротив ја немам лошо мислење за тебе.
    А тоа дека сум пишувала офф топици, да има нешто такво модератор ќе ми пишел-ќе ме опоменел, ја убаво ти реков стисни си ! ако ти смета нешто а не по ЛП да ме замараш со тоа, едноставно да не се ставаш во улога на модератор.И дека следните пораки од таков тип нема да ги перцепирам,но на друга тема би можела да ти одговорам и помогнам.
    Ако ова за тебе било навредливо, no comment.
    Имај ував ден ;)
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Поентата на темата е - да се назначи точно за која членка сте го смениле мислењето, од позитивно во негативно или обратно.

    А последниве коментари се просто смешни - сакам и јас да кажам,
    ми се иска, ама не ми стиска работава.

    Што воопшто пишувате реферати и вртите одоколу?
    Колку да се најдеме во муабет...
     
    На JoxyTheFreak, Ema.Sk, thelittle17 и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652

    Епа добро де нека си ствара лоша слика, пола форумџики нека го знаат тоа. Шо има мене да ми е гајле, мене ми е супер.


    И да, шо вртите одоколу, дајте малце очињата да ни блеснат, да прочитаме нешто мрсничко, шо се десило во ЛП итн итн да знаеме демек со кого си имаме работа :P
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.