Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Членка за која сте имале погрешно мислење

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од maca99, 30 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.401
    Допаѓања:
    22.573
    Пол:
    Женски
    Рејнбоу - на почетокот со задоволство ја читав, и учев од нејзините постови. А сега, откако стана админ, и ја доби моќта да ги брише нашите мислења, сосема поинаква ми е. Не знам дали се чувствува над сите нас останати само затоа што е админ, ама така нека и биде :)
     
    На antonina, BurstBerry и blueeparadise им се допаѓа ова.
  2. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Јас на почетокот за сите мислев дека сте наапани женишта, со вишетак хормони, нерви и време кои немаат попаметна работа од седење на форум. Сеа го мислам истото, ама и јас сум една од нив :D Значи имав погрешно мислење за самата себе. :rofl:
    Едит: Извинете за искреноста :D
     
    На Calypso, De-lovely, fallenangel и 14 други им се допаѓа ова.
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Имелда -на почетокот кога ја забележав пишуваше во некоја од темите за имање/немање деца и таа искрено си го даде своето мислење и став кој можеби мене ми беше чуден,несватлив (можеби затоа што тогаш имав едно и очекував второ дете), а и некако одма беше нападната и можеби затоа добив некој лош впечаток. Подоцна како почна да станува активна почна да ми се допаѓа . Ми стана многу интересна и ја почитувам за советите кои ги дели ,затоа што навистина фино и грижливо го прави тоа,почнаа да ми се допаѓаат и некои нејзини ставови. Особено ми беше интересна со едно мислење за тоа како си купила Прада кондури. :D
    Доколку некогаш го прочиташ ова поздрав и се најдобро !!! ;)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е погрешно мислење, ама Ашлинг не ја перципирав поради тоа што пишуваше фејл саркастични постови полни со негативност кои неретко иритираа. Но, решив да и дадам шанса, да следам редовно што пишува, не издржав подолго од 3 дена да и ги читам постовите, секаде си го пика носот каде не ја собира и не приметив еден пост со позитивна содржина. Сака да се прави најпаметна, и секогаш е расположена за цитирање и дофрлување без причина. Мене лично тоа ме иритира и не ми е воопшто привлечно. Фала ти господе што немам близок контакт а и не планирам, игнор му е мајката. Негативна енергија all over the forum. ;)
     
    На Rozich, maca99, blueeparadise и 5 други им се допаѓа ова.
  5. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Нема да издвојам посебно никој ќе кажам во целина.Ве читам во многу теми,порано си мислев форумов е супер со луѓе со разбирање ама..Се повеќе ми изгледа дека луѓево едвај чекаат некој да изнесе свое мислење кое да речеме е погрешно или не се оправдува или едноставно е поразлично од другите и ОП одма се почнува со исмејување,навреди и цела редица постови надоле за да видиме ние колку се феминкиве паметни!Дури мислам дека ова го прават само за да си набилдаат ѕвездички што е многу бедно!Кога еден,двајца,тројца кажале што мислат и твоето мислење се поклопува со нивното немаш ништо посебно да кажеш,што пишуваш?Истата работа со поинаков редослед на зборовите.За тоа постои “ми се допаѓа“ !!И после ги гледаш сите се жалат се луѓево лицемерни,искоритивачи,навредуваат,исмејуваат и што уште не.Епа тргнете од себеси!И вие спаѓате во таа целина “луѓето од ова време“
    Патем,несакав никого да навредам затоа и никого посебно не го издвоив,само си го изнесов мислењето за кое конечно најдов соодветна тема.Толку од мене.
     
    На Minnie-e и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Пак си ја утнала темата :lol: тука треба да пишеш за која членка си имала погрешно мислење, значи да ја именуваш, а не да го ставиш цел форум тука.
     
  7. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Офф јас се извинувам на офф топикот,ама посебна тема некоја за ова нема па затоа решив дека најсоодветно е тука да си го кажам мислењето.Сепак се работи за погрешно мислење,да за некоја од членовите,ама јас за сите кажав во целина.Ако сметате дека треба да се избрише нека се избрише,барем посочете ми каде да го напишам зошто јас стварно незнам.Благодарам однапред.Инаку мимс-89 не се сеќавам дека претходно сум утнала некоја тема,па што викаш “пак“. :^)
     
  8. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    За марама ама веќе одавна го сменив, од лошо на добро се разбира. Обично не грешам ама тука многу сум згрешила.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Јас пак во почетокот за IvanaMkd мислев дека е многу самозаљубена, не знам зошто такво мислење сум имала а сега напротив баш ми се допаѓа нејзиниот начин на размислување и ја читам редовно :)
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не дека сум имала нешто погрешно мислења ама Карина ме изнервира во една тема (поради сосема банална причина) и и пишав една ЛП а не требаше :tmi:.Зборот ми е дека почнав да го читам девојчето и сфатив дека сум имала сосема погрешна претстава,сега баш ми е океј.
     
  11. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    6.452
    па девојки овде сме да си ки кажеме мислењата,да побараме совет.не би издвоила некој,со задоволство ги читам речиси сите теми.сепак сите сме различни,па така имаме различни ставови и мислења.поздрав
    сепак најмногу ми се допаѓаат мислењата на Danilela.девојката ми изгледа емоционално созреана и стабилна личност која размислува со студена глава.поздрав до неа и уште муогу време така добро да советува.
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    За Kasha и Ashling имав погрешно мислење. Искрено, на почеток мислев дека се некои глупи, а нафурани цури, инаку ич не сакам такви. Ама одкако почнав да ги читам почесто и поубаво, многу ми се смени мислењето. Сега го гледам баш спротивното од она што сум го мислела- ова го кажувам уште поискрено. :) А најмногу ги почитувам поради ова:
    И јас респектирам, и ве ставам во оваа група. Поздрав до вас девојки :hai: :hai:

    А од добро кон лошо сум сменила мислење за многу форумџики. Не ми текнува сега, веројатно зошто се многу и одамна сум ги ставила на игнор, еве само на Bona ми текна бидејќи претходно беше спомната па се потсетив.
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    Лилит - ми изгледаше некако многу задржано но сега ми изгледа како една многу интелигентна женска и една од моите омилени феминки
     
  14. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    Kasha Ја замислував како арогантна, со дигнат нос, дрска. Ама ете не била девојката дрска туку само реална за некои работи :)
    starbucks На почетокот кога се зачленив не знам зошто ја фатив на око. Ама набрзо си го променив мислењето, кога почнав да ја читам и откако видов дека сме слични. Фина, грижлива девојчица ни е starbucks бре! :hug: :hug:
    И ми текнува "на времето" :D, кога една феминка отвори нова тема. Можеби навистина мака си имаше девојчето, ама немаше потреба од лажење, ја разоткривме со starbucks, пепел ја направивме 8)
     
    На Kasha и starbucks им се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Snow-Queen кога се појави, ми беше фина. За брзо време напиша многу постови, што е за пофалба нормално но и ме зачуди да бидам искрена. Сега, се ми се чини дека ми оди нешто контра, кога и да ме сретне низ темите ја замислувам како превртува очи, па мислам дека кога би требало да одговори на некој мој пост, тоа би било со голема доза на ароганција. Дали тоа што успеа да напише над 3000 мислења за толку кратко време и влијаело на нејзиниот пристап подоцна, или пак едноставно не се мирисаме-не знам :)
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    И јас да кажам за Snow-queen, на почетокот имав неутрално мислење за девојчето а сега негативно, бидејќи нон-стоп постира само колку да напише нешто, да има што поголем број на мислења. Уште откако се појави, бомбардираше со се и сешто. Некогаш во еден ден постира неколку пати во иста тема, на пример во слики од венчаници или еве како сега, три пати денес постира во изреки, поговорки, иако можеше да го редактира последниот пост, и намерно постирав и јас во темата за да проверам, и ете со брзината на светлината постирала уште еден пост само за да биде последна :lol:
    И премногу е сериозна, како да сака да дели модераторска правда, треба повеќе да ужива и да биде своја.
    До сега за никој немам лошо мислење, немам ниту за неа, освен што мислам дека тоа и е негативна особина, што сака да биде прва и последна во се, не е колегијална, утре тоа може да и предизвикува професионални проблеми, ништо лично.
     
    На Bright, tinkerbelll, lolyta777 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    иванаМКД :lol: :lol: незнам ни сама зашто на почеток не ми се допајгаше не дека ја знам лично но онака на форумов...по некое време ми се допадна и ми стана мила...поз :hai:
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    TeddyGrey не се секавам зошто баш, тоа беше уште од почетокот кога ја читнав на неколку мислења мислев дека е досадна и избегнував да ја читам, но сега не избегнувам да ја читам и редовно го правам тоа :D сега ми е интересна и специфична сама по себе како личност.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Цело време сум имала погрешно мислење за плавушка Мерлин, не само што е Marilyn, туку е и Monroe. :lol: :*
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Dryad не ја ни познавав до пред некој ден, но сега е единствената форумџика која стварно, искрено кажано не ја можам. Значи толку ме иритира секој нејзин пост(особено кога ми реплицира мене) што кога би правеле муабет во живо (чисто сумљам) не знам дали воопшто би можела да ја ислушам. Ароганција во раскош, одговарање дури и кога не е повикана, и константен напад на туѓите мислења (дури и кога не е потребен). Што постигнуваш, не знам!
     
    На esperanca и Artemission им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.