Ајде малце враќање на филмчињата, и присетете се на вашите први денови од форумот. Кој член и со што ви го остави првиот впечаток. Враќам филмче....бззззззззз.......... File >> Зачленет:13 Дек 2009, 11:35 (тогашна Snezna-Kralica)......член што прв ми оставил впечаток: Дефинитивно RainBow!!! Активна, фина, комуникативна се нај нај нај...таква е и сега Е сега .... пола 2010/2011 поради спортски план не бев тука-не бев активна, и кога се вратив неможев да го активирам стариот ник па се вратив како Snezna-Kralica но во англиска верзија Snow-Queen, е од кога се вратив повторно....прв голем впечаток ми остави Gordana10 која е толку искрена,стабилизирана,relax,комуникативна... :up:
Прв пат кога го посетив форумов, во очи ми падна Хипица. Ми остави впечаток на многу интересен и позитивен лик, а и беше доста активна. Ми стана асоцијација за црвена боја, а до ден денес немам поим зошто
RainBow кога ми ја заклучи темата. А после, па не знам, едно време само мислења читав без да гледам кој го напишал тоа. Значи, Реин е првата.
Тамам јас за ова можам да кажам најдобро, уште сум тазе хехе ама секако и 12тина дена се многу малку за донесување на некаков заклучок за некоја личност. Па ќе се обидам да кажам нешто за првиот впечаток... Се зачленив во знак на благодарност кон темата која беше отворена на овој форум за мене. Ама се заборајф тука... Прво што видов беа - Marilyn-Monroe, girl.23... после неколку поста ги приметив Snow-Queen, Hipica, Hipster, anabel-a и нивните постови кои беа насекаде... ...и аватарот на ludoto19. Исто така многу добар впечаток ми оставија Gordana10, Divinebutterfly и CIA. Snow-Queen ми остави впечаток од првиот ден и неколкуте часа поминати тука, и само неа ја запамтив. Насекаде ја имаше и аватарот и беше малку поразличен од останатите. И и и то.
Кога се зачленив најмногу ми падна во око Спаркс. Најмногу ги читав темите во Филм и ТВ а таа таму доста пишуваше и најмногу ја запамтив по Џорџинка од Госип Грл,дека и е омилен лик .Ми остави впечаток на голем љубител на амерички хит-серии а и многу интелигентни постови пишуваше.Сега мислам дека не е толку активна. Марама ја запамтив од Модните критики,имаше убави комбинации.БоаВиста во политика ја приметив и многу ме изнервира а сега ми е еден од омилените ликови .Старбакс,Пирамида и Трендафилка ги сретнував постојано по темите. Мислам дека тие отприлика ги приметив прво а откако повеќе почнав да пишувам и да читам по темите наидов и на многу други интересни и впечатливи ликови.
Охоо..... кога беше тоа, пред повеќе од 2 години. Поточно на 31ви Декември во раните утрински часови. Баш поради тоа што беше многу одамна ми е тешко да се сетам кој прв ми оставил впечаток. Најверојатно беа Реинбоу, Гоу, и Енца со својата сочна приказна
Cе секавам кога почнав да го читам форумот,па потоа и се зачленив и се секавам на Hipica ми остави впечаток на позитивно,насмеано девојче и уште се секавам на нејзиниот аватар Enca,Lilit и Julie77,ете тие ми оставија впечаток на интересни личности и ден денес си ги читам со задоволство
Не се сеќавам многу убаво,но знам дека Трендафилка,Пирамида,Марама ги среќавав често по темите,па ајде нека бидат тие,секако со тек на време си добив убаво мислење за нив
Meне први ми оставија впечаток marama и ljubam! Често ги среќавав низ темите и обожавав да ги читам, како и сега.
Прв впечаток ми остави Притица со Ј, со приказната за српскиот певец во џакузито. Ви текнува а, а? После Лилит со нејзиниот препознатлив стил на изразување. А другите си дојдоа потоа сами по себе.
Први кои ми оставија впечаток и кои редовно ми паѓаа во очи беа: СЕСИЛИЈА и ЕНЦА. Сесилија, по нејзиниот аватар, и по тоа што секогаш имавме различни мислења (ама никогаш не се здечкавме ). Енца.69, по тоа што беше поразлична, директна, имаше свое јас, свој став и се гледаше тоа. Жал ми е што дветте многу слабо ги читам низ форумов. Во последниов месец-два, скоро ич.
Иако беше одамна, многу убаво се сеќавам дека прва ми остави впечаток Лилит. Прво со никот, имам другарка која секаде се потпишува како Лилит, па мислев дека е таа. Прочитав 2-3 реда да видам дали навистина е таа, но веднаш сфатив дека не е. Како и да е, откако прочитав 2-3 нејзини поста, ми стана ептен интересна, и од тогаш редовно со задоволство ја читам. Првото мислење се сеќавам дека беше за опаѓање на косата, каде што Лилит кажуваше како си става чичково масло и си смрди по дома . Тоа е прво мислење што го имам прочитано на форумов, зошто тој период имав голем проблем со опаѓање на косата. Исто така и во диети, целулит, а набрзо и една тема - жените како митски суштества, која ми остави голем впечаток. Во истиот период и ми оставија впечаток и многу други членки - Шилеа, Виножитка, Енца, Хипи, Гоу, Анат, Горде, Ла Фиј, Бејбикети... сигурна сум дека заборавам некоја. Некои беа зачленети пред мене, некои се зачленија набрзо после мене, ама ги памтам како девојки кои беа тука од почетокот на форумот.
Прва ја забележав Ариел Не по друго, туку по сликата на аватарот, имаше во тоа време ставено прашок за перење Ариел. И си реков - зошто некој би ставил слика од прашок за перење? А пази кој збори - јас имав гербери на аватарот.
Уффф...Дефинитивно Хипица.....Некако го прескокнував секое мислење од некоја тема и само кога ќе налетав на нејзе читав ....А малку подоцна и Росоњерка,постојано ја читав кога имаше пишувано нешто за мода,некои совети,за Милан бидејќи и јас навивам за тој клуб...
Сајтов го разгледував често, ама форумот го немав приметено ни дека постои, се дотогаш кога го приметив, па се уклучив да видам што има општо и прво само темата „Како побрзо да ми порасне косата“ ја читав со посебен осврт на мислењата на Лилит, исто и во други теми неа ја читав зошто само таа ми остави впечаток на прв поглед. Понатаму не ми текнува како одеа останатите
Monna.Monna прва ми остави впечаток, уште во времето кога не бев регистрирана, а го читав форумот од како гост. Интересна ми беше, бидејќи и таа го сакаше Енрике, па поради тоа веројатно и прва ми остави впечаток.
Затоа што сум нова,веднаш ќе си пишам дека многу добар впечаток ми остави rossonerka. Некако ми се поклопуваат мислењата со неа.
Добро се сеќавам дека при моето зачленување прва ја забележав Hipica. Имаше еден така шарен аватар и мислења во кои се забележуваше дека е многу позитивна и весела личност.