На почетокот кога се зачленив најголем впечаток ми оставија Хипица и Офспринг- сега мислам дека не е толку активна...ама на почетокот во темите што ги читав најмногу налетував на нивните мислења
Меѓу првите, беше rossonerka. Мислам дека, секогаш ќе ја памтам по аватарот со списанието. И според, женскиот лик на списанието, се си мислев дека е плавуша. Тука негде беше и Linn1, и покрај тоа, што и она беше тогаш нова. Неа ќе ја памтам, по зелениот аватар. Знам додека рече дека аватарот, и бил зелен, поради тоа што имала зелено цветче. Сега се мислам за една членка, мислам дека беше Bright. Не сум сигурна, знам дека имаше аватар нешто со природа, често ја среќавав. Незнам зашто, ама се си мислев, дека Hipica е модератор. Она ми остави впечаток како највесела. Unfaithful18, многу често ја среќавав, и покрај тоа што, незнам колку тогаш беше активна.
Trendafilka и Unfaithful18. Тогаш кога само читав на форумов. Спојлер После кога се зачленив само се обидував да ги пишувам мислењата како што треба, да не се посрамотам.
Хипи леле ја прашав нешто во порака и ме искара да не пишувам латиница..хуху супер лик ми е.. Меѓу првите ми беа Лилит, Приамитка, Сесилија, Ливинг Глам оуу и Трендафилка.. ептен некако ми остави позитивен впечаток уште самиот почеток, прекрасна..
ljubam, имаше една црно-бело слика (мислам) со замаглено огледало или прозорец, незнам што беше. Ја паметам баш по таа слика.
Најпрво Љубам. Често и ги среќавав мислењата и сликите и некако толку ме заинтригираше. Едноставно - зрачеше со некаква си харизма. Па Лилит често ја среќавав. Како и Линн1, Виножитка, Трендафилка и Хипица.
Па имаше повеќе феминки тогаш. Во пакет ми идат Другарките Бројче и Лизалка. Гоу-Грл и Гордана10. Енца.69 и Лилит. Хипица и Виножитка. Трендафилка и Старфиш ВајлдЧајлд и Лукс...
И јас околу две години ве читав пред да се зачленам. Прво ми оставија впечаток -Лилит -Пирамида -Трендафилка -Офспринг -Блонд -Мерлин Монро (порано ко почесто да беше активна, сега ми ја нема некако) eдит -Расонерка ја заборавив, од тогаш растур правеше во ’’Мода’’.
Прв впечаток ми оставија модераторите, затоа што се лилави. Еве ќе ги издвојам Lilit, k.i.m. i Offspring . Lilit- Кога ги листав темите за книги првпат ја забележав во една тема за Тајната. Каква критика. Од останатите: Trendafilka, Rainbow и Hipica.
Прво не приметив никого зошто од ко се регистрирав долго време не пишував. После кога почнав активно да пишувам прво ја забележав Хипи (знам и имав пишано еден пост дека ќе ја учам да вози ролерки ) и тука има една сторија како ја најдов со само едно барање, си знае таа. После ги заприметив Реинбоу (беше активна во темите кај што пишував), па Гоу грл и Горде и после другите си се редеа.
На почетокот кога се зачленив не бев многу активна, но понекогаш читкав. Форумџиките кои ми оставија прв впечаток и денес ги читам со истиот ентузијазам како и тогаш кога велев damn како им текиња ова да го напишаат. Ја забележав прво Сесилија. Еден текст во Скд ми остана во памет па дури и сега. И знам и на која страна да го најдам дури во 5200 страни. Текстот беше за Лилит. Првата жена. Го прочитав и ја видов подоле Лилит. Ми привлече внимание со нејзиниот стил на изразување и постовите во Сдк. Реални. Потоа и Трендафилка. Во неа гледав поголема сестра која што сакам ја да имам. Ја читав редовно и си велев ех да имам ваква сестра. И други форумџики ми оставиле впечаток, но за овие најсвежо се сеќавам зошто.
Кога се зачленив на форумот прво ги забележав Трендафилка, Офи, Лилит, Сесилија, Бројче, Хипица, Багуфче, Тања6, Старфиш, Горде, Гоу Грл, Ливинг и една девојка Белен ама мислам дека не е активна повеќе.
Rainbow Га приметив сликата и покасно га видував во скоро сите постови... и Многу други девојки ми оставиа впечаток но сигурно не толку
Лилит, Жапче, Пирамида, Љубам, Трендафилка, Најубава2010, Џули, Елементал, Најтвокер, ЈипманВтори и ИксМен (тогаш ептен беше актуелна темата „Совети од машка страна за сите девојки“), Пеликуна.......До ден денес ми го задржуваат вниманието и сакам да ги читам (секако оние кои сеуште активно пишуваат).