Енца 69 Беше моментот , ја запаметив од една црнокоса ептен згодна девојка на аватарот . Припремите за свадбата ,нејзините до коска искрени мислења . По бројката 69 претпоставив станува збор за откачено суштество (знам дека е само бројка ) . Ми запна некако за око . Дури и кога гостував тука значи на сам старт . Таа е член што посебно ја почитувам , зошто се ретки личностите како неа . Без разлика дали сум се согласувала или не . Дали сме се контрале во политика , секогаш одржува НИВО на дискусија без провокации , навреди , мизерии . Хипица Ведри постови , позитивна енергија , дешавки од секојдневието . Слични главоболки не мачеа , матура , факултет , уписи ... Активна секогаш ,спремна за совет и подршка и мислење ... И тако то . Сега има многу но овие се тие што ми се издвоија на почетокот .
Lilit. Прво, корисничкото име. Второ, бојата на корисничкото име. Спојлер Нова бев и загулена и не знаев дека модераторите се со такви болд виолетови. Сакав и јас Трето, нејзината умешност со зборови.
На почеток,.. неколку ми оставиа впечаток... а една ме остави без спиење... потоа беше обратно,.. како и да е... мала пажња до сите.!! Спојлер ......... ........................Честит празник... и памет у глава.!!
Јас не сум многу нова на форумов,ама не сум ни од толку одамна... Ве читам сите,ама си имам проблем со памтењето на имињата Прва ја заприметив rossonerka. Се закачивме околу некои наочари,оригинал да се или не...И си реков- уф, премногу дрскост во девојкава. И така, ја одбегнував. Се додека не го прочитав нејзиниот пост за Рики.И дека се бори за живот. И напишав ЛП и ми одговори веднаш.Колку само плачев за Рики и се молев да преживее. И така само да си знаете, луѓето кои сакат животни ме одушевуваат од прва! Добро, во случајов , од втора Кога ги читам нејзините мислења,пронаоѓам многу слични ставови и особини со моите. И да, сега веќе не мислам дека е дрска, туку само многу храбра.
Жапче Кога по неколку месеци, можеби и година од регистрирањето се активирав овде прва ја забележав неа. Многу ми е оригинална и пријатна. Споредбата на Скорпионка со Каспер е многу веродостојна Се сеќавам и на аватарот, девојка со жаба мислам дека беше Не дека прва ја забележав, ама прва ми остави посебен впечаток кој сеуште трае. Ја замислувам ептен мила со мека гушка. Просто и се губев во зборовите, а пак како ги ниже... и најдобрите да и позавидат. Мислењата и се толку шарени и досетливи... и форма и содржина и кога не можам да одгатам некоја нејзина реченица ептен ми е криво.