Бидејќи подолго време пред да се зачленам, го пратев форумот, па и после откако се зачленив, многумина од членовите ми оставија впечаток и тоа секој на свој посебен начин: Според содржајноста на мислата и изразноста на говорот впечаток ми оставија: Георгина, Дафне, Пирамид, Трендафилка, Лилит, Сесилија, Теодора, Жабче, Љубам, Шелеа. Само што се зачленив, уште не бев добро упатена кое како функционира, од голема помош ми се најде Офспринг, а брзо по тоа Ариел, Рејнбоу и Гордана10. Бев импресионирана од бројот на мислењата на Хипица. Лолита777, се зачлени скоро во исто време со мене, ако не грешам, па неа ја чувствував како своја сестра близначка. Импресионирана бев и од машкиот свет на форумов: Јипман, Елеметал, Најтвокер, Мистери, Иксмен, бидејќи идеално се вклопија во ова наше друштво и без шовинистички испади, делеа навистина корисни совети. Особено симпатични ми беа Тедибер, Штрумфетка, Мерлин Монро, Ливинг. За модата некако ги издвоив: ФБИ, Росоњерка, Сефора ... Потоа јас малку отсуствував од форумот, а кога повторно се активирав, ги забележав: Магнолија, Ана Каренина, Славица999. Хеиди ми беше интересна со нејзините шарени постови, Дузи и Лудото со смислата за хумор...и знам дека некого сигурно сум заборавила ненамерно. Како и да е, од луѓево што ги набројав, не пропуштам ни еден пост, се тркам со времето и обврските, за да можам на раат да седнам и да ги голтам нивните мисли. Едно време настапи еден краток неинспиративен период за форумов, па потоа, повеќето стари членови се вратија, но ме радува и фактот, што се појавија многу нови, кои навистина има што да понудат, а нив ќе ги набројувам во некоја друга тема.
Прв впечаток ми остави Хипица, некако позитивна е, има доста интересни мислења, најголем број на истите сакав да се запознаам со неа но пусти срам Потоа лудото19, Серафима,бестрашна, виножитка, ивана.мкд
ludoto Кога прв пат ја забележав на форумот си помислив леле девојката е навистина луда Но подоцна сватив дека не била луда туку само реална Еве еден поз до неа.
Shelea дефинитивно, ужасно многу си се пронајдов во нејзините постови! Како себеси да се читам! Башка тие нејзини реченички постирани тука зрачат со позитива!
Лилит. Секогаш пишуваше толку убави коментари, кои морам да признаам дека понекогаш ме замислуваа. Мислам дека секогаш беше и е своја и прво нешто што помислив за неа е дека е една многу интелигентна девојка. А да, и нејзините саркастични коментари често знаат да ме насмеат. Штета што ја не е многу активна во последниов период или мене така ми се чини
Tрендафилка и Лилит Ја од поодамна се зачленив ама некако само читав и не се осмелував да пишувам незнам зошто Сега сум поопуштена Многу сакам да ги читам нив две. Посебно кога ќе изнапишат нешто подолго. И кога лилит ќе го “зачини“ постот малце.
Први членови кои ми оставија впечаток се оние лиљаковите Lilit, RainBow, Gordana10, Wild Child, Snow Queen, marama, Yipman и уште многу други на чии никови не ми текнува сега.