1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Човекова аура и нејзините бои

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од 1209, 30 јуни 2014.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.289
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш ме интересирале вакви тематики од областа на спиритуалноста, јогата и сл. па поради тоа пред некоја година одев на јога и мојата инструкторка ми имаше кажано дека имам многу специфична и пријатна аура, тогаш тоа го сфатив како комплимент и да бидам искрена не му обратив многу внимание, а и да обратев не знаев за што точно зборува.
    Пред некој ден се зачитав во една книга за аурата на секое живо суштество што случајно ја најдов дома и почнав да пребарувам по интернет за темава.
    Ми се најдоа доста интересни теми и приказни па добив желба и овде да отворам тема за да продискутираме за вашите мисли и верување во врска со човековата аура.

    Пред се претпоставувам дека повеќето од вас знаат што е тоа, ама за оние кои не ќе цитирам еден текст.
    „Човечката аура се состои од енергетско поле и рефлексија на суптилни животни енергии во физичкото тело. Овие енергии не прават тоа што сме, но под влијание на нашата околина и стилот на живеење. Аурата го одразува нашето здравје, карактерот, менталната активност и емоционалната состојба. Исто така, укажува на болест - често долго, пред да се појават симптомите.
    Најблиску до кожата е етеричната аура. Блед, тесен појас околу телото, широк приближно 1см. Наликува на белузлав чад прилепен за телото.
    Најголемиот дел на аурата го обвива телото со широки, обоени светлосни прстени околу него. Овие бои ги емитираат енергетските центри (или чакрите). Во основа енергијата се добива од планетата преку стопалата и се предава на чакрите, како што растенијата прават со водата. Секоја чакра претставува трансформатор кој произведува енергија од различен вид и боја. Јачината, активноста и тонот на бојата на секоја чакра зависи од карактерот, личноста, емоционалната состојба и стилот на живеење на човекот. Сите заедно ја формираат доминантната боја/нијанса на аурата...’’


    Се верува дека во светот постојат луѓе кои можат да ја видат аурата на луѓето.Јас лично сметам дека аурата на човекот е она кое го прави привлечен или непривлечен за други луѓе, во смисла не физички привлечен туку емотивно и карактерно.А и сигурно имате читано за индиго децата кои ги поврзуваат со темава.

    За аурата некои луѓе размислуваат како тоа всушност да е душата на човекот, други сметаат дека не постои и дека тоа е чиста измислица.Се поврзува со чакрите во човечкото тело и оние кои се занимаваат со вакви области сметаат дека примарната боја на аурата зависи од тоа која чакра во телото е најразвиена и отворена.


    Во секоја аура постојат повеќе бои, примарната и онаа која најсилно свети е бојата која го одредува карактерот на човекот, секундарната боја или бои(можат да бидат еднакво застапени 2 или повеќе бои) го одредува начинот на кој лицето пристапува при донесување на одлуки и начинот на живот.
    Овие се боите на аурата:ментален окер, виолетова, зелена, лаванда(црвено-виолетова), темноцрвена, пожртвуван окер, сина, индиго, прекрасен окер, кристална, црвена, жолта, физички окер и портокалова.

    Според тестови кои ги правев мене ми излегува дека примарна боја ми е лаванда, а секундрани индиго и прекрасен окер.Читајќи ги толкувањата за овие бои сфатив дека вистина ми одговара се она што е напишано.Не знам дали е некоја случајност, но јас вистина многу ги сакам овие три бои.

    Имате тестови на нет каде што може да проверите која боја е примарна во вашата аура.
    Во врска со темата...
    Дали верувате дека постои аура кај секое живо суштество?
    Дали вие ги знаете боите на вашата аура?
    Дали некогаш сте читале нешто во врска со темата и дали ви било интересно?
    Дали вие можеби ја имате таа способност да ја гледате бојата на аурата на луѓето околу вас?

    Сметате ли дека аурата е всушност душата на луѓето и дека таа има голема улога во тоа дали една личност ќе биде добра, пријатна и привлечна?

    Се надевам дека ќе ви биде интересна темата и ќе се развие дискусија.

    [​IMG]
     
    На Jordanovska-K и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  2. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
  3. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Многу и се радувам на темата :clap: Извесен период многу ме интересираше се во врска со аурата и доста истражував за неа.
    Како може да се види аурата?
    Застанете пред огледало, пред еднобојна површина т.е. бел ѕид. Треба да гледате, поточно зјапате во третото окo. (Таму се наоѓа чакрата Трето Око). Еве слика каде се наоѓа http://www.poklat.com/wp-content/upload ... rd-Eye.jpg
    [​IMG]
    Потоа ќе почнеш да забележуваш околу рамената, главата како светлина, обично на почетокот е мала 1-2 цм. Продолжи да гледаш за да ја видиш бојата. За целосно да се долови бојата, треба да трепкаш (свртена со погледот накај ѕидот) или само да замижеш. Исто така за почетниците, може да го вежбате истото на раката :!:
    http://www.youtube.com/watch?v=aYlb_XtNP7c
    http://www.youtube.com/watch?v=1617z8K7lTo
    Мојата аура е жолта. Барем јас така мислам :D Еве нешто повеќе за боите на аурата
    http://www.youtube.com/watch?v=e1RBQTkHnCI
    http://www.youtube.com/watch?v=c5KtWRtqvn0
    Дали верувате дека постои аура кај секое живо суштество?
    Да
    Дали вие ги знаете боите на вашата аура?
    Да, жолта :)
    Дали некогаш сте читале нешто во врска со темата и дали ви било интересно?
    Да, имам истражувано на оваа тема.
    Дали вие можеби ја имате таа способност да ја гледате бојата на аурата на луѓето околу вас?
    Немам баш пробано, само еднаш на двајца наставници успеав да им ја видам :lol:
    Сметате ли дека аурата е всушност душата на луѓето и дека таа има голема улога во тоа дали една личност ќе биде добра, пријатна и привлечна?
    За душата на луѓето не знам, ама бојата на аурата дефинитивно влијае врз карактерот на човекот и обратно.
    И може линк од страните каде си донала каква боја ти е аурата? :$ Чисто да си проверам и да видам која боја ми е секундарната.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.289
    Пол:
    Женски
    Не е линк, во книгата што ја најдов имаше нешто како тест и карактеристики, ама ете погоре една феминка ставила линк може да видиш таму.
     
  5. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    ^ Го отворив и ги одговорив прашањата само не го сваќам бодувањето :D
     
  6. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Бодувањата одат по групи. Пример за А ги собираш поените од прашањата 1, 15, 29, 43, 57, 71, 85
    Така правиш за сите групи. Од која што ќе имаш најмногу бодови, таква боја е твојата аура, односно твојата примарна аура, а потоа следува и секундарната, со повеќе поени од другите, но помалку од примарната. Се надевам ти помогнав. :)
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Според мене, за да се види аурата кај другиот човек, не може така лесно да се види како што кажа членката со примерот, со огледалото, бидејки треба човек доста добро да има работено со шестата чакра ( наречена трето око или шесто сетило, поставена на челотот, меѓу очите).Вообичаено при јога, медитација, со неа помалку се работи бидејки зависи од активноста на останатите чакри, а зависи од каков тип на техники се применуваат, најчесто оние кои работат со чакри, кај нив шестата чакра се активира на тој начин што доколку негативно некој влијае врз нив, самата чакра пулсира.Затоа велам, за да се види аурата преку чакрата, треба човек добро да владее со чакрите.Автоматски на ова, постои и аурата, односно која е всушност енергијата кои чакрите ја емитираат, врз основа на тоа, во зависност од тоа во каква психичка состојба се наоѓа човекот ( лутина, нервоза и сл.) таква е и аурата на човекот.

    Уште еден интересен податок, барем колку што имам слушнато од луѓе, практиканти на јога, па и инструктор, ореолот кај светците, претставени на иконите е всушност нивната аура.Воопшто, за тој еден одреден период од практикување на јога, работа со медитација, чакри, па и хата јога, не ми се случило да ја видам аурата кај другите луѓе, бидејки почетнички бев навлезена во тоа, но не толку многу, како што има за разлика од мене, уште поголеми практиканти на јога, односно кои животот го посветиле исклучиво на јога, а секако имале нормален живот, само што да речам повеќе ги бива со јогата.


    Се согласувам со тебе, дека аурата е она што ги прави луѓето привлечни, емотивно, само како што реков, многу зависи каква е нивната аура од состојбата во која се наоѓаат.Уште да напоменам, дека вакви тестови преку нет, не се баш верификација за тоа каква е аурата на некој човек, оти претпоставувам тоа е со прашања поставени, на кои се одговара, па врз основа на одговорите дадени, се донесува заклучок каква е аурата.Немам видено никакви тестови на нет, за ова, само претпоставувам, но и кажувам дека ова е повеќе работа со јога за да може да се види аурата, а вака на нет, не.
     
    На Jordanovska-K и 1209 им се допаѓа ова.
  8. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат кога успеав да си ја видам аурата ми беше жолта. Ама знам дека бојата на аурата се менува. Сега имам проблем со тоа да си ја видам аурата. Поточно успевам да го видам само енергетското поле на аурата, но не и нејзината боја (а исто така и кај другите луѓе). Сега вежбам на раката секој ден па ќе видам што ќе испадне.
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Интересна тема.
    Го имам сретнато зборот аура, но никогаш не сум истражувала што е тоа.
    Направив тест и аурата ми е сина.
    Your aura is blue. You are sensitive and intuitive, sometimes sensing big events before they happen. Peaceful situations and settings make you happiest, and you often avoid confrontation just to keep things copacetic. You are a master of taking the high road. People with blue auras tend to be spiritual, calm, and generous.
    Еве и линк, но тестот е на англиски: http://quizsocial.com/what-color-is-your-aura/
    Да, верувам дека секоја човек има своја аура, и досега не сум видела ничија аура.
     
    На Outlook, 1209 и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  10. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Мојата аура е темно - сина. Направив многу тестови и во сите е така.
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.142
    Допаѓања:
    76.546
    Пол:
    Женски
    Јас забележав жолта аура а и на еден тест ми излезе така.
     
  12. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    мојата аура е како црвена со сина
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Не. Според она што го прочитав низ Христовите објави, како на пр. „Причина и настанување на сите болести„ (изд. Универзален живот) Аурата произлегува од зрачењето на душата, но не е самата душа. Додека душата се наоѓа отелотворена (инкарнирана) во физичкото тело, се нарекува човек. Како човекот чувствува, мисли, зборува и постапува така соодветно на тоа се менува интензитетот, боите и нијансите на неговата аура.

    Бидејќи ниту една енергија не се губи, така ниту енергијата на нашите чувства, мисли, зборови и постапки - било позитивни било негативни - не се губат, па ниту по телесната смрт на човекот. Нив душата ги превзема и ги носи понатака во отадестраното (во астралните светови, каде што живеат бестелесните души) како еден вид енергетски багаж. Доколку ниту таму не го трансформира во позитивни енергии, што пак за последица би имало просветлување и напредок на душата кон повисоките и почиситите сфери на постоењето, тој багаж го носи со себе во наредната инкарнација. Тој „багаж„ почнува да се манифестира отпрвин во аурата, а потоа соодветно космичкиот закон на причина и последица т.е. „Што човек посеал, тоа ќе си пожнее!„ почнува да тендира т.е. да настојува да дојде до израз во човековиот живот во вид на болести, проблеми, потешкотии или дури судбински удари.

    Некои видовити луѓе кои можат да гледаат еден или повеќе слоеви на аурата, понекогаш ги забележуваат во аурата тие енергии па оттаму можат да видат или почувствуваат до одреден степен како му е на некого или што им предстои на некои луѓе како можна ситуација во текот на животот.

    Но дали и во колкава мерка ќе се случат тие нешта кои се отсликуваат во аурата, одново зависи како човек ја користи својата слободна волја, како мисли и постапува кон себе, како кон другите луѓе, но исто така и кон природата и животните. Поради тоа Исус Христос го дал златното правило кое по смисла гласи: „Она што не сакате вам да ви се прави, не го правете ниту вие на другите!„ бидејќи: „Што човекот сее, тоа тој и ќе жнее!„.

    Во книгата понатака по смисла се вели: Колку човекот сè повеќе се труди да живее според високите етички начела дадени во Исусовата Беседа на Гората и Десетте заповеди, толку повеќе неговата аура се прочистува и станува посветла бидејќи духовните атоми на душата стануваат попропусливи за божествената светлина. Последицата од тоа е посреќен и поздрав живот.
     
    На 1209 и Outlook им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.799
    Пол:
    Женски
    upload_2016-1-19_16-25-12.png
    upload_2016-1-19_16-29-19.png
    upload_2016-1-19_16-30-44.png
    upload_2016-1-19_16-31-40.png
    upload_2016-1-19_16-33-36.png
    Кога ќе бидам послободна ќе ги прочитам сите. Денес претежно читам за аура па вечер нешто подобро. Интересна тема.
     

    Прикачени фајлови: