Маестрален филм кој вреди да се погледне Секоја минута, секоја секунда од филмот е исполнета со квалитет, неизвесност, тензија, квалитетна режија, косимографија, добра музика, звук, а најважното од се приказната е одлична и вистинита. Актерската екипа е нешто најдобро што може да биде на филм - најдобро се вклопуваат, внесуваат во ликовите кои ги играат - го даваат најдоброто од себе, ова посебно се однесува на Хали Стејнфилд која е звезда во филмот, носечки столб, актерка на која овој филм и е прв поважен проект во кој добива улога и во кој едноставно блеснува, се прикажува во најдоброто можно светло, го потврдува својот талент кој го поседува на најдобар можен начин, немам зборови за оваа прекрасна девојка, толку многу ме воодушеви, по втор пат го гледав филмот и уште повеќе ми се допадна од првиот пат, актерка на која и предстои блескава, успешна кариера во иднина. Џеф Бриџис бриљира во улогата, тој заедно со Хали Стејнфилд му го дааваат на филмот тој квалитет за да истиот би го класифицирале, дефинирале како ремек дело. Филмот е римејк на истоимениот филм од 1969 година во кој главната улога ја толкуваше легендарниот Џојн Вејн кој за улогата во истоимениот филм го доби оскарот за најдобра машка улога. Филмот ја раскажува приказната за Мети Рос чии што татко е убиен од познат, озогласен разбојник, бандит, после тоа таа е цврсто решена по секоја цена да се одмазди, да го пронајде и изведе пред лицето на правдата убиецот на нејзиниот татко, за таа цел таа решава да го ангажира познатиот ловец на криминалци маршалот Рустер Когбурн....... после неколку убедувања тој решава за одреден паричен надомест да ја заврши задачата за која е ангажиран....... почнува потрагата по убиецот....... остатокот од филмот ви го препуштам вам да уживате во истиот. Фасциниран сум од храброста, од карактерот на младото девојче кое покажува таква одлучност, непоколебливост, истрајност, решителност, желба за одмазда и правда, нешто што на најдобар можен начин преку ликот на Мети Рос го долови до совршенство младата, исклучително талентирана актерка Хали Стејнфилд која за оваа улога беше номинирана за оскар за споредна женска улога, можам слободно да кажам дека оскарот доколку го добиеше а и го заслужи со својот силен, впечатлив перформанс достоен за најпрестижната статуетка ќе заминеше во правите, во вистинските раце, оскарот таа година го зеде Мелиса Лео за филмот Fighter, мислам дека Хали заслужи да биде номинирана во категоријата за најдобра актерка а не во категоријата за споредна женска улога, бидејќи и беше доминантен и главен лик во филмот, но тоа е, други ги кројат листите и одлучуваат кој ќе биде номиниран за главна а кој за споредна улога. Филмот имаше 10 номинации за оскар Улогите во филмот ги толкуваат: Џеф Бриџис, Хали Стејнфилд, Мет Дејмон, Џош Бролин Режијата е на маестралните Итан и Џоел Коен Уште еднаш топла препорака за филмот
Човекот Наречен Храбро Срце (True Grit) 2010 Филмов според мене не е ништо посебно, одамна го симнав, изгледав и избришав. Толку. Првата верзија е далеку подобра. Во недостаток на идеи, особено од овој жанр се почесто гледаме преработени стари добри вестерни. Преработки кои воопшто не ми се допаѓаат и се далеку понеквалитетни иако правени со многу вложени пари, модерна техника и ефекти и актери на кои едноставно не им одговараат улогите. Денес единствен кој знае да изрежира и одигра добар вестерн, за мене е Кевин Костнер. Тешко дека некој друг во иднина ќе ги упати вестерн филмовите во насока кон Оскарите. Не дека True Grift 2010, 3:10 to Yuma 2007, The Lone Ranger 2013, The Alamo 2004 и др. се лоши за гледање, ама далеку се од оригинални, веќе се видени и нема причина да се нарекуваат ремек дела.