Чоко-чоко-чоколади,треба-треба да се јади,скрши и на други да ди Чоколадото е за мене живот,ме смирува,ме облагородува со својот вкус.
Чоколадо ? Уф, мојата слаба точка Ден без чоколатче не поминува Дефинитивно - опсесија . Ги јадам сите видови чоколади, било тоа да се со лешници,со карамела, со ориз , со рум , со суво грозје, ма со било што ! Важно да е чоколадо
Јас сум единствена што не јаде чоколадо изгледа... никогаш не сум имала потреба од чоколадо, знам само некад ради реда да пробам ако видам, иначе не Општо, благо не јадам многу, само за десерти со вишни правам исклучок. се што е со вишна можам во било кое време
Само дајте Милка карамела, ледена Дорина или Најлепше Жеље со бел чоколаден крем, и ќе си умрам среќен.
ова се неколку чоколадни задоволства во кои јас немилосрдно би уживала да не е во прашање проклетата диета! ова се новите чоколади на краш, од овие три, оранжот е неприкосновен аххх ја обожавам таа комбинација. и од странските:
Кога ми се јаде нешто благо, ама по јако ја сакам белата чоколада со лешници од Ritter Sport. Нај омилено ми е тоблеронето (последниве години е малку упропастено) Потоа следуваат ледената чоколада, животинско царство, киндер јајце и сникерс.
Леле значи голем зависник сум од благо! Станувам на сабајле и одма се фаќам за чоколада...било каква само нешто благо да е! Иначе обожавам Mersi мммммммм....и денес си купив и цела ја изедовв а за утре ќе си свиркамм!
Чоколадо. Единствена работа поради која не ми успева ниту една диета. Значи не можам нормално да функционирам без чоколадо, како нешто да ми фали ако не пробам барем една коцка во денот... Да си ги кажам моите фаворити: Киндер, Анимејшн, Линдит, Мистер Чок (карамела), Сникерс, Ритер Спорт (бело со цели лешници) и Најлепше жеље со бела крема.
и јас сакам чоколадо(бело највеке) јадам и црно а највеке ги сакам оние што се со овошје комбинација од ВИТАЛИА,Чери, и секао малите чоколадциња а и Ресана секогаш ми е добредојдена како и сите останати чоколадни задоволства
Несум зависник од чоколадо но кога јадам го јадам најквалитетното,најздравото и со доста солидна цена од 45 денари за чоколада.Тоа спаѓа во групата на темни диетални чоколада кое е со инулин и фруктоза и го произведува ВИТАМИНКА.Можете да го најдете само во големите супермаркети и вреди да се проба .Зависници не чекајте веднаш набавете си неколку комада
Јас сум чокохоличар Не можам еден ден да издржам без чоколадо, па и најмало да е. Имам многу омилени- сакам и црно и бело и млечно и со овошје, со лешници буквално секакво сакам. Читав една статија пред некое време дека за решавање на зависноста од чоколадото треба да се земаат таблети со магнезиум.Не знам колку е точно ама јас не би го дала чоколадото за ништо. Од се друго ќе се откажам ама од чоколадо НЕ
Исто и јас неможам да функционирам без благо...посебно чоколадо,а понекогаш дури и ме смирува кога сум напната
Чоколадо, чоколадо ,чоколаценце мама вели престани ќе станеш буренце, штом легнам болна не сакам апчиња сакам само две-три чоколадциа Ви текнува на песничкава, како мала се си ја пеев и пак си јадев чоколадциња и затоа сега сум буренце , без чоколадо, може нема да јадам некоја храна ама чоколадо обавезно, кога одам да купам, најчесто ресана си купувам две едната додека си одам од продавница ја изедувам цела , а другата си ја јадам дома , можете да замислите колку сакам благо и чоколадо, бело не јадам, со овошје не јадам, ама тоа што си го јадам квалитетно си е
чоколадо најмногу сакам , дури и забарот забележа . ништо страшшн си ги поправив сите заби . Од чоколадите сакам ресани , сникерс ама од помалите ( потешки се за јадење) , марс и нестле ми беа убави ама нема веќе такви , барем јас немам сретнато . Милка белите чоколади не ги јадам бидејќи ми се како сапуни и не ми се вкусни -.- ама затоа милка црно белата чоколада е перфектна.Исто така и тие малите чоколатца од милка како лентички се многу погодни за патуцвање , бидејќи јас си имам навика дa земам по 2-3 коа сум во автобус и ми се топат..а вака си немам гајле( и да се стопат не се растекуваат) само немам навика кога сум депресивна да јадам чоколада како повеќето, не ми менува ништо a врувам дека те прави да се чуствуваш заљубено !
хахахаха , јас на работа едната фиока си ја крстив Краш ))) Има Дорина, има Тортица, ма све има!! Само да е чоколадно. А врв на се ми беше кога бев студентка и кога учев во 3 саат сабајле ми се пријаде благо, дома немав чоколадо и сум палела кола да одам да купам !!
шеќерот дава енергија, но и со него треба внимателно. Не сум љубител на житни или интегрални колачиња, и затоа чоколада без шеќер или темна чоколада е најдобра опција – со висок % на какао.
Обожавам чоколади... секакви јадам и никогаш не можам да кажам доста е Најмногу сакам Дорина, Милка, Нестле, Синтагма, Киндер... ама што се мачам да набројувам, сите чоколади ги сакам...