Уф мислам дека ќе умрам ако не јадам чоколадо! Не ми е важно какво е најважно да е чоколадо... само несакам чоколадо со цели лешници и бело чоколадо
изгледа сум единствена која може да и одолее на чоколадата многу ретко се случува да ми се пријаде благо купувам чоколада јадам 2 коцки и така останува незнам али јас немозам да јадам благо
Ааа неможам да одбијам чоколадо во никој случај Замислете, најного благо ми се јаде кога сум со менструација Има некоја друга како мене?
Случајно додека пребарував на интернет, најдов една статија за чоколадата, па мислам дека овде е соодветно место да ја ставам за да ја споделам со вас. 7 Митови и факти за чоколадата Многу често кога сакате да си каснете нешто чоколадно или можеби колаче, ве гризе совеста, нели? Ова искушение има своја цена. Нели чоколадото е лошо по здравјето, полно со кофеини и заситени масти? За среќа – не е секогаш така-најновите истражувања покажаа дека чоколадата сепак може да биде дел од нашата здрава исхрана. Мит: Чоколадата содржи многу кофеин. Факт: Иако чоколадата ви дава енергија, во неа всушност нема висок % на кофеин. Всушност, 50 гр.чоколада или 250 мл чоколадно млеко содржат 6 мг кофеин, а тоа е иесто колку и 1 филџан кафе без кофеин („нормално“ кафе, во 1 филџан, содржи 65-135 мг кофеин). Мит: Чоколадата е преполна со заситени масти и лошо влијае на холестерoлот. Факт: Стеаричната киселина (ѕtearic acid), главната состојка во млечна чоколада е единствена. Истражувањата покажаа дека млечната чоколада не го покачува холестеролот повеќе од други продукти со заситени масти. Всушност, ако јадете 50 гр.чоколада наместо интегрален десерт од житарки, позитивно ќе влијаете на „добриот“ холестерол (HDL). Мит: Чоколадата нема хранлива вредност. Факт: Чоколадата е добар извор на магнезиум, бакар, железо и цинк. Содржи полифенол (антиоксиданс што го има и во чајот и црното вино) кој нискоризично влијае на евентулани срцеви болести. Обична чоколада има исто толку антиоксиданси како и 150мл црно вино. Според заедничките истражувања на Бостонскиот Универзитет Tufts и Универзитетот L’Aquila од Италија, дневен оброк од темна чоколада, содржи многу повеќе антиоксиданси од млечната и помага за снижување на крвниот притисок и ја подобрува отпорноста на инсулинот. Мит: Чоколадата предизвикува кариес. Факт: Сами по себе, слатките не предизвикуваат кариес. Кариесот се формира кога бактериите во устата го метаболизираат шеќерот од храната (бонбони, газирани сокови, леб, ориз, тестенини), кој создава киселина. Потоа таа киселина предизвикува кариес. Но, калциумот и фосфатите што ги има во млечната чоколада може да ја заштитат забната глеѓ. Всушност, природно настанатата маснотија значи дека чоколдата ја чисти устата побрзо отколку други слатки, намалкувајќи го времето на останување на шеќерот врз забите. Редовната употреба на флуор како и редовна хигиена на забите ги отстрануваат јаглехидратните остатоци. Мит: Чоколадата предизвикува главоболка. Факт: Истражувачите од Универзитетот во Питсбург докажале дека нема директна врска меѓу консумирањето чоколада и главоболката. Се мислело дека хроничната главоболка може да биде предизвикана од амините во храната (хистамин и бета-фенилетиламин), а кои ги има во кедар сирењето, кикирики, чоколада и алкохол, но со оваа студија чоколадата е отфрлена како можен причинител на главоболка. Мит: Чоколадата предизвикува акни. Факт: Независно што велат вашите родители, студиите од изминатите 20 години ја елиминираа чоколадата како можен причинител на акни. Многу дерматолози веруваат дека диетите играат значајна улога во настанувањето на акните. Сега се верува дека акните настануваат со комбинација на високо ниво на бактерии и масло на кожата. Мит: Чоколадата дебелее. Факт: Просечно парче чоколада содржи 220 калории, а тоа е навистина малку за да предизвика дебелеење. Лошата репутација на чоколадата полека се менува –најновите истражувања покажаа дека чоколадата може да биде дел од здравата исхрана, се разбира ако умерено се консумира, како што впрочем важи и за се друго. Ако јадете умерено и тоа претежно темна чоколада, нема зошто да ве гризе совести постојано да гледате на вагата.
Си признавам дека сум зависник од благо, и тоа не само од чоколадо туку од се што е благо. Едноставно обожавам и неможе да ми помине ни еден ден без да јадам нешто благо, чувствувам дека ми фали нешто. А најмногу сакам чоколада со лешници и неможам да и одолеам во било кое време од денот.
обожавааам.најмногу сакам милка со цели лешници или со суво грозје и тоа со меурчињата внатре....а обожавам и киндер буен, црвен кит кет, сникерс и марс и нормално атлантис и мерси а и торти нормално тие од канела чоколадните и мај ферврит касато
Во денот морам да каснам чоколадо, барем една коцка, па и од најгрдото да е, иначе одма ми се врти едно друго xD - зависник на чоколадо <3
Што е финтата со жени и чоколадо? Па мораше ли да биде такво богато, глатко, заразно и вкусно? Ај доста зборам, одам ја грцнам нешто благо.
Ве молам не постирајте слики од чоколада ептен ме ,,стрвите‘‘ (мала шала) јас под благо секогаш си подразбирам чоколадно, никакви торти и колачи, исклучиво чоколадо ммм
милка и киндер се незаменливи, исто ми се допаѓа и галеб со фил од лешници и најљепше жеље исто со фил од лешник
Иако не сум гооолем љубител на благо сепак на добро чоколадо не можам да одолеам! Чоколадо со лешници Сладолд со многуу чоколадо исто така ми е слабост Сакам да јадам и бело чоколадо Уфф,ми се пријаде сега чоколадце! Нјам нјам...
хаха за среќа не сум чокохолик една коцка цоколадо ми е доволно за 6 месеци ама за солено сум тата мата