Lelele cokoladata mi e kako vozduh jas ako ne jadam cokolada denes "umiram'' pocnuvajki od albeni,eurokrem-blokcinja pa krembanancinja pa milka pa nestle........
секогаш, секој ден мора да ставам нешто чоколадно во уста значи толку сум заразена со чоколада, + и сега јадам сникерс
Можам да кажам дека сум чокохоличарка.Ама буквално колку и да јадам, никогаш не ми е доста.Се мислам на чоколадо.Дајте ми колку сакате, се ќе изедам
Ако не јадам барем по едно чоколадо во ден, мене ме фаќа ужасна криза. Можам да изедам било што, што е кафеаво. Ги јадам сите: милка, сникерс, бонити, најлепше жеље, делириум, чоко бисквит, симче... мх мх Сега како што немам ништо благо дома ќе си умрам..
Мене само да ми се спомне зборот чоколадо и толку ми нема спас. Дома мора да има нешто чоколадно, ако се случи да нема можам да одам до продавница и во 3-4 часот. Среќа во близина имаме продавница што работи 24/7 па не ми претставува проблем. Голем зависник сум.
Имам и такви денови кога јадам ненормално.Има и такви кога ништо не јадам...Ама има и денови кога само на чоколадо живеам
Не сум некој многу голем фан на чоколадите. Ако ми верувате во животот дали 10 пати имам купено милка. Значи многу ретко. Од причина што некогаш се случува да ми се пријаде благо и најчесто во школо ама си земам кросана со крем и ми поминува кризата за благо . Или пак си земам нешто солено и еден чокобисквит или 2 белисима, 2 крембананки зависи како кога. А и дома многу ретко купуваме благо. Од причина што мајка ми е со шекерна болест и не смее многу благо само ко ќе и падне шекерот смее да земе едно мало чоколадно бонбонче. И не ми е пријатно така пред неа да се лигавам. А чоколадите знаете како земеш ли една коцка сакаш уште.
Јас сум зависник од чоколади и се што е благо на овој свет ( освен баклава ) Незнам во рок од еден час јадам по две мали чоколатца , а некогаш и повеќе и помалку Дома на се што е благо неможе да му помине рокот и да се расипе тоа не е возможно затоа што веднаш се јаде .
Здраво Феминки ми треба мала помош, дали знаете каде се продаваат малечки чоколатца Дорина (како на сликата).. ми треба цела кутија ??
Не сум опседната со чоколадо, ама кога го има го обожавам.Ќе си изедам цело чоколадо,како никогаш порано да не сум видела.Милка со лешници ми е омилено.