Чоколадна фонтана

Discussion in 'Свадба' started by flower86, Jul 30, 2014.

  1. flower86

    flower86 Активен член

    Joined:
    Jul 30, 2014
    Messages:
    31
    Likes Received:
    70
    Здраво девојки :)

    Ми треба помош во врска со изнајмување чоколадна фонтана за свадба. Може ли да споделите искуства вие кои сте имале фонтана на вашите свадби, од каде ги изнајмите? Добри и лоши искуства? Како им се допадна тоа на вашите гости?

    Поздрав ;)
     
  2. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Joined:
    Jul 20, 2011
    Messages:
    806
    Likes Received:
    1,381
    Сестра ми за нејзината свадба изнајмија чоколадна фонтана. Точно не знам од каде, ако те интересира ќе ја прашам.

    Од пакетот што го нудеа, таа избра само една голема фонтана со црно чоколадо. И’ понудија и слатки плус, крофни и плус овошје, ама таа избра само јагоди, никакви крофни или слатки, затоа што чоколадото секако е благо, уште слатки фалеа.
    Интересно беше, гостите беа задоволни.

    Фонтаната беше поставена во дворот на црквата, и после венчавката, се отвори шампањ и се служеа јадогите со фонтаната.

    Ептен беше отмено. Јас препорачувам фонтана. :up:
     
    Lovely93 likes this.