Здраво девојки Ми треба помош во врска со изнајмување чоколадна фонтана за свадба. Може ли да споделите искуства вие кои сте имале фонтана на вашите свадби, од каде ги изнајмите? Добри и лоши искуства? Како им се допадна тоа на вашите гости? Поздрав
Сестра ми за нејзината свадба изнајмија чоколадна фонтана. Точно не знам од каде, ако те интересира ќе ја прашам. Од пакетот што го нудеа, таа избра само една голема фонтана со црно чоколадо. И’ понудија и слатки плус, крофни и плус овошје, ама таа избра само јагоди, никакви крофни или слатки, затоа што чоколадото секако е благо, уште слатки фалеа. Интересно беше, гостите беа задоволни. Фонтаната беше поставена во дворот на црквата, и после венчавката, се отвори шампањ и се служеа јадогите со фонтаната. Ептен беше отмено. Јас препорачувам фонтана. :up: