1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чување и одржување на храната

Дискусија во 'Дом' започната од April87, 24 јануари 2013.

  1. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Не сретнав ваква тема, освен таа за садовите за готвење, па мислам дека треба да има.
    - отворена конзерва не се остава;
    - пластичните шишиња не се баш здрави (но пусти бизнис);
    - варен компир (манџа) не се остава од денес за утре.
    Друго не ми текнува во моментов.
    Не знам детали околу овие факти зошто и како но добро би било да се знаат и мислам дека е добро да споделиме косрисни совети околу чување и одржување на храната.
    Честопати користевме од оние пластичните од Агрокрем за нешто да ставиме во фрижидер, но чисто сумљам дека се здрави.

    Ако не сакате производите во фрижидерот да примат миризба од друга храна, ставете малечка чинија со едно лажиче кафе (мелено). :!: Проверено.
     
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.316
    Допаѓања:
    28.905
    Пол:
    Женски
    А јас пак некаде прочитав со весници против миризбата во фрижидерот.. :|
    Исто така и дека доматот сеуште не зреен целосно (ама не зелен :!: ) ако го завиткаш во весник и го оставиш неколку дена ќе созрее многу убаво. :)
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.707
    Допаѓања:
    35.058
    Пол:
    Женски
    Храната ја чувам во фрижидер. Манџите ги чувам во тенџере, сирењето во кутија, а остантиот вид на храна (паштети, салами, кашкавал, и др.) во кеси за храна. Кесите ги купувам од Кам Маркет - 39 денари 120 кеси.
     
  4. SoNreir

    SoNreir Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Пиење од пластични шишиња - опасно по здравје


    Пиењето од пластичните шишиња ја зголемува изложеноста на огранизмот на штетни хемикалии.
    Научниците веќе долго време се загрижени поради можните последици од бисфенолот А (BPA) врз здравјето на луѓето, а таа хемикалија секојдневно се користи во бројните пластични амбалажи на разни прехрамбени производи и на напитоци. Исто така, хемикалијата BPA се користи и во лимената амбалажа, а во некои земји таа и службено е прогласена за токсична
    Испитувањето покажало дека испитаниците кои пиеле една недела од шишиња со поликарбонат имале за 69% поголема концентрација на хемикалијата BPA во примероците на урината, во споредба со оние кои не пиеле од пластични шишиња. Научниците не откриле колку точно течност во текот на денот пиеле испитаниците.
    Испитувањето било спроведено на универзитетот Харвард каде биле испитувани 77 студенти, кои претходно ја поминале фазата на испирање во која сите ладни пијалоци ги пиеле од шишиња од инокс како би ја намалиле изложеноста на BPA. Потоа им биле давани две шишиња од поликарбонат од кои, во текот на следните недела дена, морале да ги пијат сите ладни напитоци.
    Истражувањето покажало дека пиењето на ладни пијалоци од шишиња од поликарбонат во тек на една недела ја зголемува присутноста на хемикалијата BPA во урината за повеќе од две третини. Ако тие шишиња и се загреваат, како што е случај со детските шишенца, тогаш нивото на BPA во урината е значително повисоко. Тоа загрижува, бидејќи кај новороденчињата влијанието на BPA на работата на жлездите е уште поизразено, тврди професорката по епидемиологија на „Harvard Medical School“, Prof.Dr. Karin B. Michels.
    Претходните испитувања покажале дека високите вредности на конзумираната хемикалија - BPA се во тесна врска со вродените мани, проблемите со растот и развјот и со зголемениот ризик за срцеви заболувања и дијабет.
    Канада минатата година го забранила користењето на хемикалијата BPA во поликарбонатот од кој се прават детските шишенца, а некои произведувачи и самите доброволно ја исфрлиле од употреба оваа штетна хемикалија.
    Веројатно пред само некоја деценија не сте ни помисувале дека обичната вода ќе ја пиеме од пластично шише. Моќните корпорации и нивниот маркетинг се погрижија пластиката да биде дел од нашиот живот, во секој облик. Но еве на пример прашајте се зошто тие не ги пласираат производите во сиромашните земји во Африка, туку во развиените друштва каде има голема платежна моќ. Поради хемискиот состав на пластиката и опасноста по нашето здравје, најпрво треба да ги препознаваме ознаките кои ги има на пластичните продукти.
    Еве ги ознаките на пластиките:
    PET (Полиетилен) -Овие шишиња се наменети исклучиво за еднократна употреба. Испуштаат тешки метали како антимон и EPA, кои штетно делуваат на хормоните.
    HDP (густ полиетилен) – Испушта хемикалии.
    PVC (поливинил хлорид)- Испушта две отровни хемикали штетни за хормоните.
    LDPE (негуст полиетилен) –Не е опасна, не се употребува за изработка на шишиња туку за пластични ќеси за храна
    PP (полипропилен)– Ова е „добра“ пластика. Обично е бела или полупроѕирна. Во ваква пластика се пакуваат сирупи или чаши за јогурт.
    PS (полистирен)– Една од најопасните пластики. Испушта канцерогена хемикалија -STIREN. Најчесто оваа пластика се користи за една употреба и во не се пакуваат кафињата за носење.
    PC (или ако нема никаква ознака) – Најлошата пластика која најчесто се користи а испушта BPA. Од неа се прават шишенца за бебиња, спортски шишиња и садови за домаќинство.

    Преземено од LIFE connect - Macedonia
     

    Прикачени фајлови: