Има долу во подрумот продавница за сирења. Ама за маливе околу годинка моцарела и рикота само, рикота е слична на урдата.
Колкава е малата? Сирење се прави на исти начин, само што урдата ја цедиш во цедилка и ја оставаш преку ноќ да стои да се оформи.
Како го правиш ова? Инаку и мојата сака јајца,само жолчката варена и е сува и не ја сака,ама јас и ја ставам во намаз и така поминува
На малку масло ги запржувам морковот, тиквичката претходно изрендани на ситно. Кога ќе омекнат го додавам јајцето и кашкавалот и мешам. Многу вкусно е, мириса преубаво од тиквичката.
Убаво изгледа и јас ќе си направам Инаку, жолчка 2 пати, ете 3 максимум, ама многу е. Прави му го само со белка, неа може неограничено. Ама дали ќе е исто
Јајце може трипати неделно, т.е може и секој ден по едно да се јаде, ама варено. Кај бебиња жолчка до трипати неделно може, исто кај дечиња цело јајце.
Јас знам жолчка поради холестеролот да не се јаде повеќе од 3 пати. А белката неограничено. Така свекрва ми кажа, така јадиме дома. Не од понизно слушање на истата туку дека е доктор, да не повторувам секаде.
Може да се искомбинира, зошто да не..има доста рецепти со сирење. Нели и според табелите, сирењето е 8+. Во секој случај, не е задолжително..се додека не најдам или направам несолено сирење ќе се покриваме со урда, кисело млеко, јогурт..
Мами ми треба совет ! Малиот мо е 4+месеци и почнавме со дохрана. Јадевме јаболко,од денес сме на круша. Следно на листата од педијатарот ми се морков,тиквичка и спанаќ. Колки време се варат спанаќот и тиквичката (одделно) и дали се блендираат после варењто?
Мој совет е да не му даваш спанаќ уште сега, рано е. Иначе тиквичката и спанаќот се варат 5 минути, ако ги вариш подолго ги губат витамините.
Спанаќот е 7+.Плус така чист нема да го јаде, барем ориз да имаше. За 4 месеци мало е за се. Евентуално јаболче, слива, круша, морков и така до 5 месеци барем. После тиквичка, банана, ориз....
спанаќот посебно се вари и таа вода се фрла.Во секој случај он има мн нитрати што ги оптеретува бубрезите и не се дава толку рано
На 4+ уште неможат убаво да ја сварат храната и се оптеретува желудниче и црева и може да се направи проблем. Од 4+ јас од време на време давав сокче за да проба вкусови, соодветни сокчиња за 4+ ма Хип ги купував и разредував со вода како што е нагласено.. Од 5+ почнав со дохрана. Спанаќот незнам кој педијатар ти е ама од 4+ е апсурдно да се дава. И сама можеш на гугле да читнеш дека е ептен рано за спанаќ. Спанаќ почнав од 6+ да давам. Во врела вода се става не повеќе од 5мин и водата се фрла, се поминува под млаз ладна вода обавезно па се нуди. Или на пареа можеш не повеќе од 8мин. За приготовка на спанаќ ќе читнеш на гугле. Инаку како и погоре што ти пишаа никако пред 6мес спанаќ ќе му го расипеш стомачето на бебе. Посоветувај се со педијатар кој ова го знае. Ете имаш и на јутуб видеата 0+ на телма каде се гости педијатри, алерголози итн па изгледај ги за дохраната што советуваат. Од 5+можеш со одредена исхрана соодветна. Немора да се придржаваш баш до табели зашто се сите различни, но ќе најдеш некоја златна средина. На гугле имаш српски и наши табели па погледни.