Мајки моево дете без проблем јаде само кисело млеко. Зеленчукот и месото за ручек ќе ги касне само ако ги камуфлирам со кисело млеко, ама тоа па во се не оди. Дајте предлог за комбинации, шизнав.
Јадеше кога јадеше се. Сега не знам искрено не сум дала. Евентуално за вечера утре да пробам. Проблемот ми е што за ручек зеленчуковите и месни каши ги јаде само со додадена павлака или кисело млеко. Јас еве ден денес се со јогурт јадам, ама батали ме мене, сакам да не грешам во комбинациите за неа, па затоа се мислев предлози за зеленчукови каши во кои може да се додаде кисело млеко или павлака или јогурт..
брокула со кисело млеко многу убаво оди. можеш и да потпечеш зеленчук со павлака. прашав за палента за да пробаш мевце да увалиш..
Брокула како да направам со кисело? И палентата со мевце ме заинтересира Само уште ручекот да се среди, со доручекот и вечерата се снаоѓаме, ама мора зеленчук и месо да подвалам
ќе ја обариш и ке сервираш со кисело млеко. месото ќе го испечеш ќе иситниш на парченца и ќе ставиш во палента. печено е повкусно.
Пред печење да го подварам месото или не? Едно точкиче месо ли да печам? Ќе печам тоа е, само да јаде.. .Само месо и палента да се измеша? Нешто друго додаваш ли во оваа комбинација?
па ако е одмрзнато не го варам. ако е замрзнато го варам колку да пушти. јас месо спремам по 100 гр зошто еден оброк му е 300 гр на мојов. во палента додавам и путер, но со месо не би ставила зашто тоа веќе е со маслиново приготвено освен ако сакаш додатно да го замаскираш тогаш стави. во принцип се што дете не сака да јаде се комбинира ко ти што кажа-со нешто што јаде. а најчесто палента сакаат децата..
Кај повеќето деца к.млеко за маскирање пали, но јас со месо не практувам поради железото. Наместо тоа, кај нас пали печена тиква, сосем малку да помешам јаде без проблем. А во оброк со месо почнав да цедам малку лимон или портокал, ем железото да се врзе ем гледам тоа киселкото го привлекува Експериментирај..
Женски купив органски овесни снегулки и ги изблендирав. Е сега, како да направам каша? Само да "попарам" со топло адаптирано млеко? Јас по препорака на членка земав метално такво од икеа. ефтино е и одлично е
Ovesnite mnogu brzo omeknuvaat, ne mora da e toplo mleko, samo ke gi nakisnes 5-10 minuti, mozes so AD mleko, so kiselo mleko, mozes so sok/kompot.
Искрено не се сомневам во квалитетот на лотусот од карес затоа што обично им се food grade квалитен силикон ама мене не ми се даваа толку пари и имав по кој да нарачам од солун од икеа. Во секој случај е далеку попрактично од апарати и тенџериња за готвење на пареа