Утре сакам за прв пат да дадам малини. Имам купени замрзнати на цермат, се надевам ок се. Со што да ги комбинирам се мислам?
Со банана и гриз мене убаво ми излегоа, бидејќи имаат киселкаст вкус, бананата неутрализира и мн вкусно дојде.
Мајки: Дали мешате купечка каша со домашно? На пример имам пола кашичка круша и слива, и сакам да сварам свежа круша и да ја изблендирам заедно со купечката. И колку време може да стои веќе направена кашичка? Му направив тиква со јаболко, но беше жешка и морав млеко да му дадам дека гладно. Да на ставам во фрижидер 3 часа и да му ја дадам после? Или се фрла.
Да често се дешава да мешам готов кашичка со домашно приготвена. Неколку сати се дешава да ми стои приготвената кашичка. Псвен ако има јаболко или банана во тој случај не ја оставам да стои зашто пптемнува ( ова се однесува на не купечка каша од овошје ). Зеленчукова слободно може да стои освен ако има спанаќ, блитва и сл. Ако е со АД кашичката несмее да стои повеќе од 1ч ( немам искуство со Ад, но од она што го читам и оскуства на блиски ). Ако е мајчино млеко или тетрапак може слободно да отстои некој саат. Но, јаболкото ( свежо ) и бананата потемнуваат и затоа не се оставаат да отстојат. Печена јаболка и тиква сум оставала некој саат ако несакал одма да јаде и немало проблем. Но, не ги затоплувам повторно ( ако е извадено од фрижидер ) туку на собна тт ги оставам кратко.
Мајки дали имате искуство со готвач на пареа. Гледам во Горење има плус и на попуст е, дали вреди да се купи или варите во тенџере?
Овошна каша не сум дала стоена повеќе од пола час. Овошјето оксидира. Иначе можеш слободно да мешаш домашна со купечка.
Рибата ја варам претходно, а во друго тенџере запржувам зеленчук, што имам дома тоа ставам( овој пат ставив морков, пашканат и тиквица изрендани) Во меѓувреме си дотурам вода да не се запече зеленчукот,може и водата процедена во која се варела рибата, ама мене ми е шубе и ја истурам таа вода. Откако ќе омекне убаво зеленчукот го блендирам( а и не мора) и ја ставам ситно исчистената риба. Оставам да проврие па додавам малку фиде, за густина и зачинувам.
Денес пробав со ослич замрзнат од Кам( тој е најубав проверено) и испадна повеќе вкусно од што очекував. Инаку со пастрмка правам.
Во Горење дуќанот во Тафталиџе, од 4400 на 3700 е намален. Затоа прашав за искуство, зошто најздраво е да се спрема храната ма пареа