Мајки ми треба совет како најлесно да се организирам со вториот оброк. Обично малата откако ќе се разбуди од дремката до ручекот е скоро час будна. Меѓутоа половина час е супер, а потоа бара само в раце. Пробав да почнам со втор оброк но еве два дена безуспешно неможам да се организирам до времето. Ме интересира дали можи да го припремам на пареа зеленчукот па да отстои така еден час, па после само да го изблендирам пред да и дадам. Или пак да го припремам претходната вечер или утрото и да го замрзнам. Или доколку имате некој др совет кажувајте
Може да ја дадеш кога ќе стане @karibian само не ја притоплувај. Каква што е, таква. А ако поминат повеќе од 6 часа, не давај.
Ќе ве замолам, модератори, не префрлајте постови сред дискусија. Причекајте да заврши, па после, најдобронамерен совет од бивш модератор. А претходниот пост го редактирав за лебот, и тука нема смисла дискусијата, оти во друга тема прашуваа за него. Инаку @kiki_riki јас готвам зеленчук со месо од претходна вечер, освен компир, спанаќ и слични што не трпат загревање, нема потреба од замрзнување, туку може во обичен фрижидер да стојат. Ако блендираш, непосредно пред оброкот направи го тоа. Во спротивно, зеленчукот ќе пушти вода.
ТОкму на тоа мислев јас. Ако е изблендирано дека не чини да стои. Инаку и јас од вечер готвам (печам во превод).
Утре сакам да дадам месо за прв пат. Со што да го комбинирам? Дали да го сварам цело месо и дс го поделам и така да ги замрзнам делчињата или пак прво да ги поделам, замрзнам и пред секој ручек да го варам?
Не практикувај варено да мрзниш. Да не доаѓа 2 пати термичка обработка. Исечи на мали парчиња, мрзни и ваѓај пред оброк. Одма се одмрзнува. Кај нас скоро секој ден едно те исто врти. Месо со кромид, лук, морков обавезно во се ставам. Морковот и месото се основа и после додавам друг зеленчук. Најчесто боранија, грашок, компир, ориз. Се едно исто па исто. И пашканат и целер ставам. Зависи телешко/ пилешко/ мисиркино. Омилена ни е мисиркино со пашканат и лук го варам прво. После додавам морков, компир и тиквичка.Во блендирање ставам маслиново. Најмногу го сака.
Ако е пилешко тогаш ќе го исечеш на парченца отрилика по 50гр парче и ќе замрзнеш. Ќе си го вариш стандард кога правиш зеленчукова каша. Да знаеш само дека домашното пилешко малку подолго се вари. Доколку се работи за телешко...ќе го свариш цело или исто на парченца од по 50гр и ќе го вариш најмалце 2ч на тивко ( зборам за домашно ) дур не омекне како путер да стане. Па ќе ги замрзнеш парчињата и ќе ставаш во веќе готовиот ручек 5мин пред да тргнеш од шпорет. Јас така замрзнати ги ставам некад и во садот кпга готвам на пареа или во самат манџичка пред да ја тргнам од шпорет. Зашто ако свежо го замрзнеш телешкото верувај немаш есап ни време секогаш, секој 2-3 дена по најмалце 2ч да готвиш само телешко 50гр. Пилешкото синко не ми го сака има специфичен вкус ( домашно пилешко купуваме од проверени луѓе ) и дали 5 пати сум дала. Телешкото го јаде највеќе секој два дена има телешко. Ако даваш за прв пат ќе го дадеш со батат ( сладок компир ама со вкус на тиква ) за да му биде за прв пат малку благо ( од бататот ). Е сеа незнаж колкави сте за која плус намирница да ја стаиш или да комбинираш.
Јас теелшко бејби биф не сум варела повеќе од саат и пол и тоа со другите намирници. Ептен мало парченце е, брзо се вари. А ако сакаш побрзо, иситни месо на ептен ситни делчиња. Пресно варено е секогаш подобра опција. Посебно за месо кога се работи. Јас гледам ништо да не мрзнам. Само бобичасти овошја и живо месо имам во фрижидер. Друго купувам.
Јас телешкото го сварив цело и после на парченца го исеков и го замрзнав. А пилешкото така живо го замрзнав. Читам многу по интернетов и многу нејасни работи имам и недоумици. Некогаш се прашуваам дали грешам, да не му направам лошо на малово, се трудам да јаде здраво, ама не знам, како да грешам некаде. Од групиве по фб, комплекси набив и страв некој. Едни викаат може тоа, други никако, човек не знае што да прави. Е сега сакав и за путерот да прашам. Јас му ставам по малку во секоја зеленчукова кашичка. Да не е многу? Користам на President, несолен? Исто сакав да прашам, дали може во ист ден и жолчка и месо, или не? Жолчката ја давам наутро со банана најчесто. И дали сладок компир, батат, може да се комбинира со месо, зошто обичниот како што имам читано не може? Милион прашања имам, а трето дете ми е
Од сите групи излегов и раат сум. Олеј може да читнам по форумов искуства,но незначи дека ќе ги применам. Секогаш се советувам прво со педијататот кој сепак го знае моето дете и знае најдобро. Не секое дете е исто и не секое дете може исто по шаблон да се рани. Еве мојов е 10+ и сеуште путер не сум дала. Само маслиново ладно цедено и кокосово ладно цедено. Незнам зашто ете нит ми текнало на путер зашто ни ние не користиме. За жолчката и месото се поделени мислењата кај педијатрите. Јас имало денови и кога сум давала во ист ден. Нема штета. Па и месо јадеме паховано со јајца нели. Ок бебе/дете ама па секој ден не даваш. Ете 5-7 пати ми се десило сум дала во ист ден. Педијатарката наша на тоа вика дека не е проблем доколку не е секој ден и да е често. А зашто да не се комбинира обичен компир со месо. Па компир манџа со мевце како се јаде. До пред некоја година батат не се знаеше што е и израснаа деца со обичен компир од наше поднебје. Слободно можеш батат ( со вкус на костен или тиква ) да го комбинираш со мевце. Секој втор ден еве 5мес така комбинирам или со обичен компир. Ручкајте убаво и со сласт и за све ќе си се советуваш со педијатарот ваш. Давај она пто сметаш дека треба да даваш соодветно на возраста. На јутуб имаш емисиите за 0+месеци на телма. Изгледај ги.
Е зошто да не може компир со месо? Па ние дома како јадеме Батали ги тие идеални комбинации по интернетов, како мислиш дека е вкусно, така комбинирај. И со батат можеш, мене така најмногу ми поминуваше месото, во секоја друга каша ќе го осетеше и се гадеше. Во врска со путерот и јас почнав од 8 месеци (откако воведовме млечни намирници) да и ставам во ручеците, една мала лажичка, повкусни беа, и повеќе ми ги јадеше. Маслиново поретко. И да, најдобро е е да е несолен, фирма бирај која сакаш, остај ги "Здрава храна, здрави деца" што форсираат одредена марка
И јас не сум по групиве, ама месо со компир не ми оди, ретко јадам така, дека тешко ми е на стомакот после. Па и за деца ретко, за да не го преоптоварам желудничето со мешана храна. Компир само со риба комбинирам, а почесто со жолчка и други видови зеленчуци. До година не давав жолчка и месо во ист ден, сега може да се случи да јаде така, ама не секој ден. Путер ставам во јадења во кои сам се растопува, најчесто палента, гриз, тарана, јајце пржам на путер... а во манџи маслиново масло. Кокосово не толку често, повеќе за палачинки, мафини и слично. Батат не јадеме, немаме ни пробано, што знам, ама дека е сладок не би го комбинирала со месо, оти сакам дете да учам на чисти вкусови, а понатаму ќе си комбинира како сака и како му одговара.