не стое ич припремај непосредно пред оброк , нема потреба да вариш овошје , свежо се дава само блендирај две мин раб е ..
Педијатарот ми рече овошјето лупено па варено, па затоа го варам, не варам многу малку неколку минути и потоа блиндирам.
само да кажам фала за идеите , вечерва пробаме гриз со вишни - се изеде првпат гриз не ми одби ств е вкусно ..
Пилешко домашно месо за колку време би ми се сварило убаво дека е многу жилаво? Дека обично го варам 4-5 сата и губам време
А вишни од кој месец давате? И колку пати во неделата јадете груз? Јас иам домашни вишни замрзнати ама не сум се консултирала со педијатар од кој месец се практикува
оо јас прв пат дадов вишни подоцна. некаде 12+. мислам дека од 7 беа вишни а од 8 цреши но ај нека потврди некој бидејќи не ги пратев по табела затоа не памтам.
порано кога беше помал можеби и три пати неделно. или за доручек или за вечера со млеко, кокосово масло цимет какао... ако не беше гриз за вечера беше палента или корн флекс. Сега многу ретко. Сега за вечера сака пита или кифла или нешто така по лебасто. голем е сега.
Uuu mnogu be 4 casa. Nisto tolku dolgo nema potreba da se vari. Na pileskoto mu e dovolno 1 cas, isto i na zajacko i misirkino, telesko okolu 1 ipol. Visni od 7 meseci dadov. Griz davam mnogu retko, dali ednas vo dve nedeli. Nekako ne mi go saka mnogu.
Во Веро го купувам, секогаш ги имаат и двата вкуса. Вишни и јас од 7+ дадов и Цреши. Домашни не купечки. Гриз многу ретко правам, некогаш во зеленчукови каши го ставам неколку мин пред крај за да ја згусне.
Абе минатиот пат кога го варев на тивко отприлика 2 сата месото жилаво жилаво не се џвака, го поварив усште некој си 40 мин и го пробав и ми беше таман за јадење, но откако ја изеде малово кашичката абе вечерта се утепа од плачење, виткање и прткање, и баш зборев со браѕучетка ми дека имаме деца 1 месец разлика и поискусна дека со второ и ми рече дека можно е од тоа да го болело мешето од пилешкото демек не било доволно сварено како и дека 4-5 сата се вари бидејќи е доста жилаво како месо, и денес така и напраив се вареше се заборави од варење ја изручка ама еве го спие не плачеше и не се виткаше ко минатиот пат, а телешкото го варам околу 2 сата.
Според мене нешто не е во ред со тоа месо штом толку долго се вари. Може е од некоја стара кокошка, од каде го зеде?
Епа баш ќе пробам сабајлее со вишна, отприлика колку се дава ко за почеток? Домашна е, од село од куманово на свекор ми и свекрва ми мн добри пријатели и они ги чуваат мн чисто, само со домашна грана ги хранат не ги трујат со хормони, абе незнам можно и тоа да е дека коа ми ја донесоа чистена само да ја поделам на помали парчиња беше доста голема
Баш ми е чудно, ама сепак штом е домашно проверено, давај, па макар го варела и 4 часа. Обично ти велам за 1 час е готово пилешкото, и моето е домашно, парчињата се по 50г, го ставам цело и откако малку ќе омекне го сечам на 3-4 дела за да се свари побрзо.
И мене ми беше чудно викам пто месо ќе беше па толкувда бара време за варење, јас го ставам обично на 4ка да се вари далини тоа па има врска стварно незнам што да кажам
Стај 1-2 колку за почеток за првпат не ставај повеќе. Сепак се јаки и некогаш се дешава да повраќаат, но ништо страшно. Мојот кога прв пат му дадов повраќаше некој пола саат отпосле. Е сега дали од вишните или што одма бареше да цица и се прејаде незнам искрено. Ама па и следниот пат кога дадов така се деси како коициденција пак вишни па бараше да цица. Педијатарката кога и се јавив рече дека е од прејаденост, мада јас мислам дека од вишните беше зашто сепак малку се појаки па прават како киселини. Ама незнам искрено. Еве ден денес си јаде и не се десило пак да повраќа. Само тие 2 пати кога за прв пат ги проба вишните. Не те плашам, само сакав да го знаеш моето искуство за да го имаш во предвид и ако се деси да не паничиш нее ништо страшно.