Што додаваш во свежото овошје за да се изблендира убаво,водичка? Ние уште не сме почнале со вкусови, а педијатарот ми спомна свежи да давам,а други ми викаат варени :/
Да и ставам превриена вода таа што ја користам за ад. Ама ја ставам да е оладена на собна температура затоа што ако ставиш жешка и кашата ќе е топла ќе треба да чекаш да се олади.
Јас ретко пробувам од купечките еднаш пробав и од слива само ми се допадна а и синко само неа ја сака друга никоја
На самата ќесичка го пишува начинот на подготовка. На 0+месеци на Телма ( јутуб ) , има емисија изгледај ја каде нутриционистот објаснува зашто нее убаво да се кисне неколку сати или да се остава преку ноќ. Се водев по нејзиниот совет и на тивко варам 40мин дур не омекне и стане кашаста. Ја комбинирам со овошје и некогаш со жолчка и кисело млеко.
Не сум ја гледала емисијата, јас сите житарки ги киснам преку ноќ, нели ова беше општо правило за сите поради фитинската киселина, ова пак нешто ново сега, ако не ти е тешко во кратки црти објасни ми што кажа нутриционистот
да,прво се потопуваат преку ноќ па се варат наредниот ден.Истото важи и за гравот.Фитинската киселина за неа ги врзува сите важни минерали како цинк железо магнезиум и не дозволува организамот да ги апсорбира.Така да во самиот организам може да дојде до мањак на минерали .
Па тоа ме интересираше , дали се потопува. Сакам утре да дадам . Од вечер да го ставам во вода или утре од сабајле 3,4 часа ?
од вечер бидејки треба да седи од 6-12 часа сабајле ја фрлаш таа вода ставаш нова и вариш.Просото е готово кога ке ја впие водата во која се варело.
Еве мајка, сепак најкомпетентен за ова е нутриционист. Просо, киноа и амарант не се киснат. Киноата може да се исплакне во неколку води за да го изгуби горчливиот вкус. Останатите житарки е пожелно да се киснат поради фитинската киселина. Во фрижидер може преку ноќ, а на собна тт не повеќе од 5ч. Зашто подолго киснење нее пожелно ради бактерии.Изгледај го многу корисни информации кажува и совети. Многу убаво објаснува и за овесните снегулки. Искрено откако тоа го дознав тоа за овесните снегулки, еве веќе подолг период не ги давам и ги исфрлив од употреба.
Што кажува за овесните снегулки? Јас доста ги користам, а немам време сега да го изгледам видеото. Инаку за просото знам дека не се кисне, оти може да се расипе така.
Кажува дека не ги препорачува и дека од многу големо користење на таков вид преработени праксата пикажала дека имале проблем со гликемија ( јас бар така ја разбрав ). Кажуваше за некој експеримент кај глувци ( потенцираше дека нее релевантен со оглед дека сепак човекот има друг организам ) , но сепак го кажа како еден вид паралела. Напимена дека сепак и не се штетни, но би било пожелно поретко да се употребуваат. Пре е за полни житарки дома подготвени кој се многу поздрави. Е сеа она убаво објасни за овесните и кога имаш време изгледај го, на почетокот од видеото збори за нив. Напоменува дека ни просо, ни киноа нит амарант да не се киснат. @Annath морам да те прашам уште нешто извини Ете и @Lolipop23 би сакала и двете да ве прашам Имам домашен маџун т.е. купен од Берово. Од кога може да го воведам и по колку се става во кашичка? Колку пати неделно? Исто така пред некој ден прашав и за ужинки. Од кога може да се воведат ужинки и што би можело да се дава за ужина за 10+ . Зашто ете некогаш го осеќам неможе да издржи од оброк до оброк. Го дојам кога сака и колку сака, но ни тоа веќе не го држи ни најадува. 10ипол кг има инаку.
Маџун е откако ќе воведеш грозје, 10+. По една лажичка на гладно во сокче или така, а во каша може и лажица. Не сум давала, немам искуство. Мислам дека може секој ден. Ужинки обично после годинка, ама може да воведеш ако гледаш дека подој меѓу оброците не му е доволен. Оти нели распоредот на оброци иде појадок, подој/адмлеко, ручек, подој/ад млеко, вечера, подој/ад млеко. Ужинката треба да биде на местото на подојот/ад млекото. Ама тоа повеќе после година, оти до година сепак млекото е основна храна. Како ужинка - овошје, бисквити, друг тип на кекси, овошен јогурт, пудинг (домашни или купечки изборот е твој), кисело млеко, варен зеленчук како фингер фуд да јаде само и слично.
Madzun nemam dadeno. Jas bi posle godinka, em poradi alergii em poradi sekerot. Uzina vo bukvalna smisla i redovno ne davam seuste. Pomegu dorucek i rucek ima 1 podoj, a pomegu rucek i vecera davam mandarina, ceden sok, kiflicka, lepce, lesnici, bademi mu krsime i davame da gricka...