Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чување, комбинирање и начин на подготовка на храна за бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од BirMelek, 18 јуни 2017.

  1. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Јас на собна најчесто, но можеш и во гезве со топла вода и ќе се стопли :)
     
    На stevemila и eli.karameli им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.472
    јас не ја затоплувам. не ја ставам во фрижидер ја оставам во кујна на прозор малку посвежо е таму. пред да проба во дневна потопло е и балансирам :D
     
    На stevemila и eli.karameli им се допаѓа ова.
  3. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    На самата декларација на секоја кашичка без разлика на фирмата е пишано под напомена : еднаш загреаната кашичк веќе неможе да се враќа во фрижидер и се фрла ако не се изеде. И исто така секоја кашичка има временски период колку може да стои откако ќе се отвори прв пат. Некој се само 24ч, 48ч и некој се 3дена.
    Ако ми останело од кашичката ја оставам во фрижидер и после не ја грејам само ја оставам на собна тт или над парното пред да му ја дадам. Ретко во микро загревам. Само неможеш да ја загрееш цела па дел да дадеш а дел во фрижидер, вака одма фрлаш си пишува на деклерација. Онолку колку ќе изеде вадиш од тегла и затоплуваш, а остатокот со тегличката во фрижидер го ставаш.
     
    На Autumn_, stevemila, forumce и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.019
    Допаѓања:
    40.348
    Пол:
    Женски
    На кашичките убаво пишува. Може да стои одредено време во фрижидер но не и загревана каша. Плус напомнато е да се извади од теглата колку што треба, а остатокот во фрижидер. На овој начин загреваш ако има потреба само колку што ти треба, а онаа што стои во фрижидер не е контаминирана со лигушки.
     
    На stevemila, eli.karameli и sofi2107 им се допаѓа ова.
  5. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Сутлијаш за бебе правите само со ориз или мешате со некое овошје?
     
  6. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Вчера правев со ориз и банана,без овошје нема да е благо.
     
    На kiki_riki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Две Принцези

    Две Принцези Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Мамички
    За месец ипол почнувам со работа,па сакам да се консултирам со вас..

    Планирам од вечер да и спремам за доручек,и ручек во тегличе е сега дали да ги ставам во фрижидер и другиот ден да се стават во топла вода за да се стоплат малце или...

    Зошто ќе ја носиме на село таму свеќи ќе ја гледа,па немам многу поверение во неа зошто таа ако има многу работа може и леб да и даде да јаде:D па така спремено нејзина работа ќе биде само да и даде ..
     
  8. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Dorucek neznam zosto ako vi e so ovosje tesko,ovojsleto treba najmnogu za pola saat da se izede zosto oksidira. A rucek bi mozelo ako e dobro zatvorena teglickata dur e uste zesko jadenjeto da se vakumira.
     
    На sofi2107 и stevemila им се допаѓа ова.
  9. Две Принцези

    Две Принцези Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Да за овошјето и јас затоа најмногу се мислам бидејќи оксидира,а ручек топло со добро капаче и се вакумира
     
  10. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    41.537
    Пол:
    Женски
    Ne e ubavo da davas tolku vreme stoeno.Plus i ovosje.Ne odzema voopsto vreme da i spremi nesto.Dali na parea ili podvareno.Zavisi sto.Ili ako veke stvarno nemas poveeenie kupi i na Hipp.Neznam dali voveduvas tek vkusovi ili veke lapka malata.Mojava ete nejke domasno.So ne probav.Se so sila so plukanje.Abe inat.Pa kupuvam od malitena Hipp.Kolku tolku kasnuva.Nekogas pola kasicka nekogqs pomalku.Zavisi.Eve vcera i pravev avokado i banana doma.Kasna malku.Ke probuvam pak domasno,ne se otkazuvam
    sakam doma da i spremam
     
  11. Две Принцези

    Две Принцези Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Лапкаме веќе,дома и спремам на пареа не ни е проблем за готови ама работата е што сакам домашно да си лапка
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  12. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Мајки купив пилешко филе и за денес сакам да спремам за бебушка првпат. Колку време да го варам и со што прво да го искомбинирам?
     
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    Како да направам гриз со адаптирано млеко Хип Комбиотик?
     
  14. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Kupecko pilesko ne bi davala nikako. Eve uste nema probano pilesko zosto nemozam domasno da najdam. Jade misirkino
     
    На karibian му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    18.437
    Пол:
    Женски
    Ми пратила свекрва ми телешко месо во коцки големина таман за бебе. Свежо ама веднаш го замрзнав. Имам и коска за да направам бујон.
    Не знам ни како да го спремам месото и колку време да го варам, ниту како да го направам бујонот . Може упатство од некој што знае?
     
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.553
    Пол:
    Женски
    Месото се комбинира со било кој зеленчук. Значи во ручекот она што до сега биле зеленчукови кашички ќе станат месни кашички, смао не секој ден. Ќе има бебуш денови без месо. Месо се дава од 30 до 50 грама на почеток па мери си ги коцките да бидат таман толку. Инаку месото кога е на мали коцки се вари околу 45 минути. Барем јас го варам толку и меко е.
    Бујон не сум спремала за бебе, ама мислам дека е како обична супа.
     
    На Igle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Со години го правиме буљонот ( темељац ) , сега веќе поактивно за децава правиме. Еве ти како се прави. Само што јас секогаш чист го правам не додавам никаков зелечук нит зачини, за после чист да си го ставиш во било која каша за ручек. Откако ќе се направи чекаме малку да се подолади и сипаме во оние ќесите за замрзнување ( најлонски со коцки ) и со инка сипам темељацот и во замрзнивач. После по една коцка додавам во кашичките.

    Телешкото секогаш го варам во експрес лонец, ако немаш тогаш 2-3ч во обично тенџере, пената ќе ја исфрлаш. Ќе стане мекано кано путер ( се делат како влакненца ) . Вадам и сечам ( мерам парчиња по 50гр. Кога ќе се оласат скроз ги ставам во ќесе и во длабоко. И после само ги додавам при крај на ручекот кој му го правам. Многу полесно и поедноставно зашто некој ручеци ти се и за 20мин готови, а вака ќе треба некок 1-1ипол час на тивко да го вариш 50гр парче. Подолго се вари ако е домашно и станува баш меко како путер и само со виљушка можеш да го згмечиш без да блендираш. Исто како и домашното пилешко што подолго го вариш за разлика од купечко.
    Темељацот/буљонот ќе читнеш и ти препорачувам да го даваш слободно и почесто ( по една коцка) многу е здрав за имуниот систем, коски, организам, цревна флира итн.
     
    На stevemila и Igle им се допаѓа ова.
  18. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    18.437
    Пол:
    Женски
    Фала ти. А бива веќе замрзнатите коцки да ги извадам и варам сега па пак да ги замрзнам или не?
    Убаво си правиш ти ама ете нр знаев....
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Mnogu podobro e svezo zamrznato, ne bi ti preporacala sega da go vadis pa da go varis pa pak da go zamrznuvas.
     
    На TheSecret, manako1 и Igle им се допаѓа ова.
  20. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.884
    Пол:
    Женски
    Не. Сега веќе си ги замрзнала и ќе вадиш поединечно и вариш со ручек. Следен пат свари па замрзни. Сестра ми за внукми еве 2ипол години откако ќе го свари телешкото го сече на коцки и во теглички става парче мевце и од водата во која се варело месото става во тегличките и ги затвара и чува во фјока во длабоко. После под топла вода ги одмрзнува и малку загрева и додава во оброкот. Јаз без вода замрзнувам.
    Но, доколку сакаш можеш и свежо да замрзнуваш па да вариш по одмрзнување со самиот ручек. Како сакаш можеш.
    Јас лично вака правам откако на фб во групата за здрава храна здрави деца читав искуства и совети. Па така терам од почеток кога воведов телешко.
     
    На Igle му/ѝ се допаѓа ова.