Мајки дали може во ваква чинија да се вакумира храната, т.е да се направи и да стои саат време па да се даде за јадење?
Истите чинии само не на томи типи ги имаш во џамбо за 69 денари. За чашите од веро зедов вакви теглички јас 109 денари се и во нив ја ставам кашата доколку и давам надвор да јаде.
Абе каков џамбо за пакување храна за бебе. Пластиката очај е. И јас купувам по некоја играчка свесна дека во однос на други фирми е катастрофа ама да купам сад каде ќе складирам храна за бебе не ми доаѓа на памет. Стаклена тегла е друго ама пластичен контејнер ни во сон од џамбо. Не е исто џамбо и томи типи ми е муабетот
Јас не ги користам за складирање, го користам како чинија за да и ја ставам каша и е ок како и другите пластични чинии во кои и ставам да јади. За складирање користам стаклените. Нормално дека не е исто ама томи типи претеруваат со цените за одредени работи.
Како ги затоплувате готовите зеленчукови кашички и зеленчукови кашички кои вие сте ги правеле а стоеле во фрижидер 1 саат ?
Znam deka jajceto bese posle godina pa jas lekata sekogas go davam so jajce veke pogolem vaka na malo 10+ leka, morkov lukce kromidce svareno ako blendiras izblendiraj. Za sok jas pravam odsekogas kako malo bebe mi piel po 500 ml domasen sok na power juser imas kombinacii jabolce morkovce kruska sliva veke pogolemi e polesno portokal cveklo mandarins limon
Ќе ја извадиш пред време и ќе ја оставиш на собна температура или можеш да пробаш да ја ставиш теглата во сад со топла вода.
Гледам дека некои од вас го печат компирот за во кашички. Јас досега и давам се варено па да ми кажете како го спремате. Кои домашно направени зеленчукови кашички стојат подолго пример 2 3 саати? Дали да стојат на собна тт или во фрижидер?
Јас имам печено компир. Во тепсија ставам хартија за печење, компирот и тиквицата ги премачкувам со маслиново масло со четка сосем малку и ги ставам во загреана релна. Треба да внимаваш да не изгорат. Мене на краевите ако ми изгорат го тргам изгореното. Многу е повкусна кашата со печен компир и тиквица пробај. Еве еден рецепт. 1 помал компир, пола или цела тиквица (зависи колку гр ти јаде бебушка) малку кромид и 50 гр телешко. Тел месо го варам а компирот, тиквицата и кромидот го печам. Доколку не се блендирани може да стојат повеќе часа. Јас секогаш ги оставам час два да изладат убаво па пред јадење блендирам.
Јас ги имам истиве на томи типи на првата слика што се. Капакот убаво затвара, па можеш надвор да носиш храна, зависи што носиш секако.