Жолчка прв пат дадов со палента и банана. Помала количина за да ја изеде. Можеш да ја дадеш и само со палента. За кисело млеко најдобро е ако можеш домашен да направиш, ако не кој го јадете вие од тој. Јас дадов од битолскиот. Прво 2-3 лажички сабајле дадов за да видам реакција дали ќе даде, а за ручек и дадов повеќе.
И јас се ориентирам според табелите на Ана што ги постира Софи, освен за глутен, него го дадов порано. И јас мислам дека многу се оптеретуваме со исхраната и воведување нови намирници. @stevemila јас дадов к.млеко и леб исто така. Јајца имаме домашни ќе и дадам во скоро, да собере татко ми, пилешко вчера и денес дадов. Треба само здраво да ги храниме, ама не и да ги чуваме во стаклено ѕвоно и се по табели да ги одгледуваме.
Има таков по маркети или месиш? Можеби е глупаво прашањето ама искрено не сум заприметила никогаш не ми требал. Средата или кората ја даваш?
Во еден маркет овде има. Не бев ни јас заприметила, пред 2 недели свекор ми купи и ми беше многу вкусен па таков и дадов денес прв пат Ќе го сликам утре и ќе ти пратам да видеш. Срединката ја давам.
Majki sakam da spremam kasicka so telesko sega zaso posle sum na rab. Do rucek da ja cuvam vo frizider ili na sobna tt?
Мајки имаме стан во Охрид и планираме сега 1 недела да седиме. Дома на бебе ми е спремно телешко месо сварено и замрзнато во чашки, и само вадам пред ручек. Кажете ми како да носам месо еве често ќе бидеме летово релација скопје-охрид? Да купам свежо од тука да носам во фрижидерче или од охрид да барам добра месара, сигурно и таму па има.
Кажете ве молам како спремате блитва, сакам во оризот од Хипп да му ставам малку, ја варам моментално, ама не знам како да ја испасирам, во нутрито да ја ставам сакам, ама дека мала количина е не знма дали ќе се испасира, таква алатка за пасирање немам ниту рачна ниту електрична, оф за никаде сум Едит: па и не знам колку треба ова да се вари, еве го 15 минути а како несварено е уште
Јас ја блендирам во нутрито ама секогаш во комбинација со некој друг зеленчук ,свари ако не плус карфиол (ако имате пробано) или морковче па изблендирај со нив заедно .
Немам ништо, само една кашичка на Хип од јаболкок, си мислев да ја смешам со оризот и блитвата, многу сум тапа за готвење, ич не ме бива, срам ми е дури, ама кај не ме бива па и не ме интересира, мука ми е од кујна, само за кафе правење ја користев до сега
Тогаш направи го оризот и стави ги заедно со блитвата во нутрито ,ама да знаеш ќе ти се направи многу течен ,додади ако не одпосле ориз да ја згуснеш малку од малку кашата .
Ако го има кај вас во Струмица козјото кисело млеко земи и тоа давај го. Многу подобро и поздраво ти е од кравјото. Искрено не е гадно ама ич ( јас која од козјо млеко би повратила ) ова е превкусно. Охридско е ако сакаш ќе ти го сликнам. Жолчка, палента и к.млеко. Јас некогаш и павлака ставав и ден денес ставам. Мали сте ама после 10+ јас и кајмакот на Мегле го зимав/зимам и ставав по малку. Можеш да измешаш жолчка, авокадо и банана. Жолчка, к.млеко и семе од коприва. Жолчка, лебче, јогурт или к.млеко. Жолчка, гриз ( сварен со вода па додаваш АД ) , банана, малку цејлонски цимет и органско 100% какао. Јас негде после 8+ почнав со органското 100% какао зашто за крвна слика е најдобро. Ако не почекај напрај без какао. Можеш пола лажичка маџун да стаиш. Овие комбинации со жолчка ги јаде мојот. Највеќе ја сака последната која на гугле ја најдов како рецепт. А,можеш и жолчката со комбинација со некоја житарка ( цело зрно ) и к.млеко или што мислиш тоа. Исто и со Урда комбинирај ( онаа Осоговската има најмал процент на сол ) без сол нигде ненајдов и оваа ја давав од сам старт. И давај она што мислиш, сепак си го знаеш ТИ најдобро своето дете. Едино на кое ќе пазиш и ќе почекаш е јагоди, белка и мед. Остало полека почни давај. Белка негде 10+ беше ( знам овде пишав мислење ) му имав пита со урда дадено ама отпосле мајка ми ми кажа дека имало и 2 цели јајца. После дадов макарони, кифлички па негде некој ден после 11+ варена белка. Јагоди воведов преку Хип кашичката на шмукање на 11+. После почнав да давам домашни дома замрзнати имавме. Сга купувам оној миксот на Фриком во Веро ( јагоди, цреши и малини ). Мед сега воведов на 12ипол месеци. Буквално све веќе јаде и има пробано освен печурки и за нив ќе почека. И внатрешни органи џигер, срца недавам. Виршли,паштети и гакви ствари и ние не јадеме задњи 20г па ни он нема да јаде. Ако се има во фамилија склоност на алергии, дерматит и понежно стомаче ( се мислам на бебе кое на повеќе намирници има птоблем со болки во меше, пролив, запек , црвенило итн ) тогаш ќе внимаваш. Во спротивно давај дете нека јаде она што ти мислиш. Е вака педијатарката наша ми викаше и на крај додаваше : СЗО мења табели на неколку години и све нешто додава и одзема, кај 10 педијатри иди секој различни табели ќе ти даде. Израснавме ние, вие и они сеа нека растат. Бакни ја Дарија од нас и нека јаде она што ти сметаш дека треба да дадеш ( исклучок на она погоре спомнатото ). И форсирај вода зашто е главен извор на здравје и на здрав организам. Убав ден
Фала Elcezelce Ја смеле нутрито со малку од водичката во која ја варев и како за прв пат, само две лажички мали ставив од блитвата, ставив и од кашичката од јаболко, искрка се, за утре ќе си купам и моркови и свежо јаболко, па ќе ја направам побогата. Едит: а бе тешко си на мене со хранава, допрва учам, освен шпагети и макарони и јајца да сварам за ништо не ме бива