дали може да и дадам сируп од урми , домашен е чист скоро 12м е .. и со што ги комбинирате урмите најчесто ? .. Може ли во гризот да и капнам од сирупот само..
Урми смее од 10 месеци по малку, не гледам зошто не би смеела на годинка. Ме заинтересира каков е тој домашен сируп од урми? Звучи како супер засладувач за каши јас ставам урма во овошен јогурт најчесто за да го заблажи Дали редовно ставате две скробни работи во каша? Пример боранија и ориз или компир и боранија... Јас ставам многу често па ми спомнаа демек зошто ставам два вида скроб во една каша
Јас ставам пример повеќе лека и малку компир,или боранија повеке и малку ориз плус месо. Исто како кога готвам за нас.
епа супер .. не ме фаќај за збор , али мислам дека е прелесен да се направе ( урми и вода само) така ни наведиа и мисл се блендира , нез дали претходно ги обработуват некако , од пријатели ни е даден .. Густ е и многу вкусно , супер иде како засладувач директно да се капни , а исто и е доста здрав за конзумирање ..
Мамички денес ќе дадам прв пат цвекло варено со месо. На кој начин да го спремам,колку време му треба за да се свари?
Јас цвекло само на пареа готвам претежно за да ги задржи витамините. Ретко во тенџерче. Кога ќе омекне и че можеш со виљушка да го прободиш лесно, тогаш е готово. Го измиваш убаво, со нож го оголуваш и вариш. Јас често и убаво го одмивам неколку пати, ќе го оставам во вода малку да отстои,пак одмивам и не го лупам го ставам така на пареа ( ама домашно цвекло ).
Сварени житарки (цело зрно) колку време може да се чуваат во фрижидер? И дали процедени или со водата од варењето?
Јас сум чувала 24 часа (обично на почетокот кога утнував со мерките и ми излегуваше повеќе) процедени, покриени со фолија за да не се суши.
Се потопува одвечер, потоа се вари во вода во однос 1:2, додека да распука, т.е. додека да изврие целата вода. Јас ставам 2 големи лажици за еден оброк. Многу слична е со просото и на вкус и за варење.
Јас цвеклото го давав во комбинација со морков и јаболко. Така ми го јадеше. Еднаш пробав со палента ама не го сакаше.
Што да дадам ручек на дете од 19 месеци за време на подолг пат? Планираме после доручек да тргнеме а има околу 4 до 5 часа пат со автомобил, можно е да стигнеме и таман за ручек ама секако ќе немам време да спремам таму. Јадеме пасирано, а кога има месо мора да е блендирано. И како да го чувам јадењето да остане топло а да не се расипе?
Макарончиња свари, тие и ладни се јадат. Јас од галериа купив едно како термос, но многу широко, па собираше теглиња или мали садчиња, и задржуваше топлина.