Денес сакав да правам просо со авокадо, просото го пробав сварено и си беше ок, мангото исто ок, кога ги изблендирав и пробав кашата беше одвратно горчлива, кажете ми каде ли беше грешката ако знаете, од што би можело да загорчи?
Гледам сум згрешила во втората реченица, на авокадо мислев, ама го пробав и не горчеше дури кога го измешав тогаш згорче.
Женски неколку прашања имам: 1. како се спрема компот за бебе? 2. може ли да се направи компот од цреши? 3. како давате краставичка и патлиџан?
Просото ако не го киснам од вечер ми горчи. Веројатно од тоа. Авокадото ако е зелено не е баш горчлив вкус, ама просо и тек како горчи. Киснете од вечер пред варење
1. Го миеш овошјето убаво, ја полниш теглата до колку сакаш со овошје (јас ја полнев полна, ама ако сакаш да има повеќе водичка оставај ја отпразна), потоа полниш со вода до врв, затвораш убаво и ги редиш во тенџере со вода. Ставаш на оган и чекаш да зоврие, на овошјата како цреши, вишни и зрнесто овошје доволно им е 1-2 минути да провријат и тргаш, додека праски, дуњи, круши и сл. - 5 минути. Оставаш да се изладат во водата и после ги складираш на темно и не многу топло место. 2. Може.
Денес ми дадоа зајачко домашно мевце. Како да го спремам? Колку време се вари? Со што најубаво да го искомбинирам? 8+сме
Majki denes malata kr ja ostavam kaj majka mi.Imam termin vo 13 casot na lekar.Okolu 2 taa treba da ruca.Denes telesko.Moze li da go spremam posle taa da go zatopli i da i dade?Eden sat telesko so zelencuk moze li da stoi izblendirano?
Можеш да го спремаш и да стои во водата не блендирано, па после мајка ти само да го изблендира. Или можеш и ти да го изблендираш и стави го во тегла и од топлото ќе се вакумира и во фрижидер, пред јадење малку на собна температура и готово.
Да се надоврзам на @bella12 истото ќе го предложев и јас, но можеш воопшто да не го ставаш во фрижидер откако ќе си се вакумира во тегличката, до 2 саат не е некој голем период. Важно да стои во водата во која се варела, не го блендирај. Ако сепак го ставиш во фрижидер, слободно можеш и да го затоплиш. @stevemila
Ако има некој ориз на хип да ми сликне подготовката. На работа сум па да и кажам на свеки како да го направи со ад млеко
Мајки денес планирам за прв пат да и дадам пиперка.Мало парченце повеќе како зачин.Омам од есента замрзнато во фрижидер,дали можам да и дадам од нив ?
Приготвена храна(пр.Тиквичка) дали може да ја дадам подоцна(ставена во тегличка) некаде за 1ч.подоцна од приготвувањето?
За неполни 20мин е готова, зависи од јачината на ринглата. Ќе пробаш кога ќе е меко зрното и набабрено ( некој испукани ќе се и подотворени ).