Еден совет. Сакам да замрзнам од сезонскиве овошја - цреши, кајсии.. Како ги замрзнувате? Дали само добро измиени и исчистени од семка или првин ги обработувате дополнително па мрзнете?
не обарувам ништо . исчистено само. патем најубава опција според мене е компот од кајсии праски и сл. .
Па и јас помислив на тоа, ама појма немам како да направам компот. Ако споделите некој рецепт сепак така би складирала. И онака немам многу простор во замрзнувачот.
Цреши, вишни и слично замрзни ги така, со семки поубаво отколку без нив, секако лесно се вадат. Кајсии, праски и слично исечени на половинки и без семка, нареди ги на послужавник и така замрзни ги, после собери ги во ќесиња.
Јас лани замрзнав домашни круши, ги измив и исечев на четвртинки и ги ставив во кеса. Зимово кога извадив кога почнаа да се одмрзнуват, потемнеа и станаа меки. Ич не беа убави. Оваа година решив само компот да правам
Да,домашни беа и ги оставив преку ноќ во вода случајно да не има црви. Утредента ги оставив да вријат неколку минути и да се изладат во истата вода. Не ги полнев многу за побргу да се изедат.
Ги вриев теглите,обичен компот само без шеќер. Исто и кајсии и праски,убаво ги мијам,семките ги вадам и ги вријам теглите. Немора да стојат во фрижидер потоа само треба да се нови капаците да не пропуштат воздух.
Во мали теглички ги правеше? Прашувам дали пример ако ја отворам денес ќе може и утре да дадам од таа тегла? Или мора нова да отворам?
Во големи тегли,планирам во течноста да сварам гриз или растворам житарки,таман за два пати ќе има. Отворена во фрижидер и нема да се расипе.
Да, во фрижидер и неблендирана, а ако ја спремиш со бленддер вакумирај ја во тегла додека е врела. Наполни теглата, затвори цврсто и преврти ја со капакот надолу. Може после тоа да ја употребиш кога сакаш.