Можеш и така да ги смелеш без да ги потопуваш, ако имаш добар сецко. Мене лично овесните не ми се ич вкусни а и син ми ги нејќе па ги мешам со спелт. Инаку јас му давам од тие на Холе и на Хип, сите можни житарки што ги имаат, ги има веќе пробано ( согласно препорачаната возраст) и редовно за доручек и вечера јаде нешто со житарки. Само топлам вода и додавам блендирано или од тегла овошје, зависно од тоа што е свежо и што ми изгледа поприродно.
Мајки Ми треба совет околу подготовка на риба, купив свежа пастрмка па ме интересира колку време треба да ја варам, со што да ја искомбинирам или само риба да дадам, колку пати практикувате да давате риба, секој совет добредојден
Јас печам со малку маслиново, завиткана во хартија. За варена незнам мене не ми е вкусно па не практикувам. Комбинирам со компир, кромид, исто ко ние што јадеме со салата од варен компир и кромид
Има ли некој правено од млечните ноќните каши на Хип? Не тие во теглички спремни што се, туку во кутија што се подготвуваат со вода. Купив за на одмор демек лесно се правеле, и викам чекај да пробам и претечни ми излегоа. Се правев според упатство, 4-5 чажички се мешаат со 140мл вода која е загреана на 50 степени и многу се воднести, со лажичка тешко да се јадат... Има некоја финта или такви си се?
Некој да ја употребувал? Ја донесоа за бебе и незнам дали воопшто можам сега да ја употребувам и како. Може за појадок со овошје да се меша или пошто е млечна исклучиво за вечера е? 6+ е бебе и овие денови воведуваме прв оброк.
Овие млечни каши мислам дека се од кравјо млеко, ај баш види на кутијата. Јас искрено не би ја дала, ни сега, ни подоцна кога ќе воведеме млечни производи. Но изборот е твој, само совет барем ако ја даваш воведи првин млечни..
Лоша мисла сум имала дека се од кравјо, па и уште која кутија не ја пофатив и се ми е каша попара Можеш да ја дадеш наутро со овошје, составот и е таков што да се даде пред спиење и да ги држи повеќе да спијат, ама ако се даде наутро нема штета, лошо е ако од оние со овошје дадеш навечер, па ќе му додадеш енергија на бебе и ќе имате шоу
Ова им е згрешена декларацијата, не може каша од семолина да е Gluten free, плус во составот никаде нема семолина (дурум пченица) или јас не гледам добро. Едит: Да се редактирам, ок е декларацијата, ја најдов оригиналната на нет, семолина се мисли на гриз (овде оризов гриз) и е без глутен. Јас знам дека семолина е дурум пченица, ама имало значење и како гриз. Извинете!
Дадов денес од овој гриз без глутен на хип. Го измешав со банана и круша и испадна оброк од 125гр. Бебе цело го изеде, па по еден час некаде бараше да цица и заспа. Се разбуди по половина час и два пати со ред во огромен млаз поврати. Сега пак заспа но се гледа дека и е тешко кемка како уште да ја мачи меше. Незнам оф што би можело така да исповрати, се мислам да не е од кашава на хип или па комбинацијата што ја направив, а и цицањето после еден час откако ја изеде можеби премногу и беше. Денес втор ден давам оброк, до сега две недели пробувавме вкусови. Сега незнам дали да дадам да цица за брзо или да почекам некое време...