Мајка некогаш вакумира во тегли месо, па пробав и јас за на одмор и успешно беше. Постапката е едноставна, го вариш месото убаво, ставаш во тегличките месо со водичка до горе, но не да ги преполниш, ако сакаш додаваш и зеленчук, но не блендиран, туку парчиња, секако и тој убаво сварен, но не компир, брокула, спанаќ, блитва.. ги затвараш убаво тегличките и ги ставаш во рерна на 100степени, треба да седат околу 3ч или кога ќе почнат убаво да вријат. Ги оставаш или во самата рерна да се изладат некои 3-4ч, рерна не отвараш за тоа време или ги вадиш штом бидат готови и ги ставаш во дебело ќебе, стојат така додека не се изладат. Мајка во ќебе ги реди секогаш, па и јас, оставив да преноќат. Тие што ти течеле не се добро вакумирани и ќе стојат пократко, па ќе ги дадеш први и обавезно во фрижидер нека си седат. Прави ги ден пред одмор најдобро и кога ќе се во рерна реди ги во тепсија, ако ти течат да не направиш лом рерната и плус ќе чури и теглите да не се допираат една со друга.
Јас. Изблендирав месо со зеленчук и само зеленчукова ставив во тегли зовреа со вода над капакот за да вакумира убаво. Пред да ја дадам ја загревав во топла вода и додавав маслиново. Се изедено беше.
Цело пиле, потемното месо е покорисно бидејќи е побогато со хем-железо и повеќе ја подобрува крвната слика.
Со месо или без? Телешко, модар, тиквичка, карфиол, лукче Модар, тиквичка, пиперче, лукче Модар, карфиол, компир, лукче Маслиново или путер по избор. Јас сум додавача и кремсир, а сум комбинирала и со тестенини. Синко денес маф направил Модар, црвен домат, пиперка, тиквичка, жолчка. Ама вие ако добро се сеќавам ни домат ни жолчка не сте вовеле
Печен е повкусен ( на хартија само попрскан со маслиново), ама на жешково почесто на пареа го спремам зошто од рерната станот станува сауна
15 тина минути мислам се доволни, ако не ќе пуштиш уште некоја минута. Ќе видиш тој целосно омекнува и станува како водлест. Не ми текнува точно дека мајка е задолжена преку недела за спремање, па не ми се паднал мене редот
На пареа ама како што вика ано печен е повкусен. Еднаш со макарони му направив место црвен домат и абц јуниор и така беше убаво.
Jас во мисла сум да варам нареден пат во тегли директ, како компот, слатко што се прави. Инаку да такви мали, убаво што се затвараат. Едно време собирав од каши, ама тие не се затвараат.. Јас од gio gio сладолед имам неколку, па во тие замрзнувам