Мајки, ќе правам бујон. Дали е следнава постака во ред: Варам исецкано на парчиња од по 50 гр телешко месо. Очекувам за саат ипол да се свари. Варам со морков, пашканат, целер, кромид, лук. Дали ги пасирам зеленчуците и тие ги додавам, или ги фрлам цели и не ги користам? Откако ќе се свари, топло додека е, го делам по теглички, мевцето да е покриено со водичката. Затворам тегличињата. Чекам да се изладат. Ставам во замрзнувач пткако ќе се оладат? Сакам две да оставам, за оваа недела. Дали би стоело (само водиче) во обичен фрижидер 3-4 дена? Јас планирам во теглите од кашички. Или нема да ги биде, а?
За да биде бујон, треба и коска да има и да вари неколку часа. А зеленчуците цели стави ги и фрли ги после, а водата со месото ќе ја замрзнеш во посебни порции кои ќе ги искористиш за десет дена, максимум две недели.
Битно ги имаме купено . Туку ај и ова да прашам. Дома спремено да се ручка надвор во што ставате? Во Охрид понесов еднаш така во тегличка од готовите, единствена опција ми беше. Ја затворив додека беше топла и ја ставив во такво торбиче што одржува температура. Дома имам тањирчиња со капак, теглички, а имам и таков сад за транспорт што одржува температура од Чико. Што е најбезбедно и колку време може да стои?
Да, во право си. Ова не е бујон. Но, ваков "бујон" ќе правам. Хм, две недели....тоа ќе се само две порции мевце. Но за три, мах четири недели (еден месец) ќе ги истрошам. Ќе се обидам вака, ако не чинат, ќе правиме нови.
Еднаш неделно ќе даваш? Јас првата година во неделата давав 5 пати телешко, еднаш пилешко и еднаш жолчка.
Првата недела два пати само водичка. Втората два пати мевце. Третата три пати мевце. Ова како за воведување. После полесно ќе оди.
Немаш ли мали од мајонез, мармалад, што баш за тие се фати. Мене ич не ми се допаѓа како се затвараат еднаш од кога ќе ја отвориш. Никако убаво не диктува капакот.
@duffi ахахх абе тие ги прибрав за компоти по баби ги дадов. А и некако големки мислам ќе се. Ако не ја бива, на крај во кеси за замрзнување ќе ги ставам. Па ќе видиме што ќе биде. Или ќе јадеме или во канта.
Јас водичка не давав. Одма почнав со мало парче месо. Кога воведував два пати неделно дадов мислам помало парче месо. Сега давам три пати телешко два пати пилешко еднаш жолчка и еден посен ден. Зеленчуците фрли ги. Јас водичката ја исцедив преку цедалка и после ставав по 3 супени лажици во најлончиња за замрзнување. Од вечер си вадам по едно да се одмрзне во обичниот фрижидер за наредниот ден бебе да ручка.
За надвор кога спремам ставам во тие џиџаните теглиња од веро што ги купувавме. Убаво зарвораат е се иста милилитража како готовите на хип (големите)
Како да пастеризирам патлиџани во шишенца? Имам поголема количина домашни, прво мислев да ги замрзнам, лупени мелени во стерилни пластични шишенца од аптека што се земаат, ама си викам ако ги пастеризирам можеби подобар вкусот ќе им е, како тазе ќе се кога ќе отворам. Ама незнам како, не сум правела до сега. Мислев да ги наполнам шишињата (не скроз до горе) да затворам и да ги зовријам едно 15/20мин и да оставам да се оладат во водата. Ок е така, ќе ги биде или поинаква е постапката?
Кој ти ја кажа шемава? Мајка ми ги меле и замрзнува во фрижидер. За да стојат на друг начин ќе треба шеќерче, нешто такво да ставаш, ко конзерванс.
Колку може да стои палента,путер малце и к.млеко? Прашувам ако го направам накај 19:30 за 1ч.дали може да му го дадам? И дали мора да стои во торбиче изолатор со фолија што се?