Јас сум чувала еден час сигурно, спремно за јадење надвор. И онака топло се спрема па не сум го ставал во ништо, ама зборувам за попладневни часови (не сум го шетала во најтоплото). Само имај предвид дека ќе ти згусне како се лади, па направи го поретко. На здравје ручкање.
За бебе не сум спремала. За нас кога спремам ставам малку вода и ја попрскувам со масло и со фолија покривам.
Не ставам вода, ама ја попрскувам со маслиново и ја виткам цела во хартија за печење за да ги задржи соковите. Во загреана рерна 20-25 минути и готова е.
Ќе ја исчистиш од кората и на коцки ќе си ја расечеш. Во ќесите за замрзнување ќе ставиш колку за едно јадење.