Ич не ми текнало на ракчињата мада незнам дали може да му дадам 16+ е момакот Кажи мајка рецептот како ќе го приготвиш па ако не тоа да руча утре мада на план ми беше лосос во релна со зеленчук да му спремам.
прај лосос утре јас да смислам како ќе ги убацам па ќе ти кажам а точно возраст не знам зашо прв пат давам и јас..
Наздравје да му е на лепотанот и да го бакнеш од нас па да споделиш како си ги приготвила и со што па да праам и јас на момаков мој ракчиња да ручка.
https://www.google.com/search?q=рецепт за ракчиња за дете&rlz=1CDGOYI_enMK808MK808&oq=рецепт за ракчиња за дете&aqs=chrome..69i57.10495j0j7&hl=en-US&sourceid=chrome-mobile&ie=UTF-8 Еве најдов занимливи рецепти па утре те чекам со слика и рецепт. Па кога ќе имате зелено светло за дружба ве чекаме на дружба
Вечерва сакам да дадам гриз со какао. Како да го подготвам? До сега само гризот обично го имам подготвувано.
Еве џенцка напрајв и превкусно испадна. Ракчињата ги одмрзнав на рингла и ги запржив на маслиново со морска сол. Тргнав тоа на страна. Направив стандард рижото во вода со коцка супа плус морков и запржив во вог со кромид. На тоа додадов претходно запржена рендана тиквичка со лук и фактички се споив на крај. Превкусно. Иначе и со раче си јадеше само ракчиња.
Мммммммм наздравје да му е на медениот. Фала пуно мајка на сликичката и начинот на приготовка. Ќе му направам деновиве па може и само потпржени ракчиња на маслиново или путерче па нека грицка и така.
Може да се раствори какаото во млекото? Бидејќи при крајот додавам и малку млеко. инаку со вода го варам гризот.
Јас не го варам какаото,кога е готов гризот го додавам и мешам. Ти пробај па ке видиш како е повкусно.
На село родиле модрите сливи на напуштен овоштарник прв пат по десетина години, полно било, ама какви се малечки ко грозјенца. Свекрва ми замрзнала неколку кесички, и направила компот во мали теглички ама ставила шеќер по пола лажиче, демек морало малку. Ќе ги бива да давам од компотот за понатаму кога ќе почнеме со дохрана или да почекам неколку месеци по почеток на дохрана заради шеќерот?
Ако е многу благо,течноста ќе си ја испиеш,а сливите остави ги во малку вода и потоа направи му каша.